Контакт

Култура

„Во Акрата нема мостови“ – нов роман на Миле Бошњаковски

Објавено пред

Романот „Во Акрата нема мостови“ е книжевно дело што ја отвора темата на патувањето како егзистенцијална потрага, љубовта и релациите меѓу луѓето кои ги обликуваат човечките судбини.

„Оваа книга ја напишав затоа што имав потреба да си одговорам на неколку кратки, но за мене тешки прашања. Што значи да сакаш без гаранција дека некој ќе остане, што значи да бидеш родител и да преземеш одговорност за живот што не ти припаѓа, и како се живее со празнини кои не се пополнуваат, туку се носат“, вели авторот Миле Бошњаковски.

Книгата ја истражува блискоста меѓу луѓе со различни потекла, јазици и искуства, покажувајќи дека најсилните врски се раѓаат токму во прифаќањето на разликите. Во нејзиното јадро се љубовта, семејството и невидливите мостови што ги поврзуваат луѓето низ времето.

Книжевни осврти

Новинарот и публицист Зоран Бојаровски во својот осврт го прогласува делото за прв „on the road“ роман во македонската литература:

„Романот на Миле Бошњаковски ги содржи клучните елементи на овој жанр – поетиката на патувањето, егзистенцијалната потрага и бегството како форма на самоспознавање. Јостед, јунакот во движење, ја следи својата потрага по домот, додека љубовната приказна меѓу него и Елени го носи читателот низ една од најсилните романтични наративи во современата македонска литература.“

Новинарката Катарина Синадиновска истакнува дека романот е силна приказна за припадноста и неизговорените вистини:

„Со суптилна и прецизна нарација, Миле Бошњаковски создава роман во кој личните судбини се преплетуваат со историјата. ‘Во Акрата нема мостови’ отвора прашања за семејството, љубовта и цената на тишините што ги наследуваме. Некои мостови ги разбираме дури кога веќе е предоцна да ги преминеме.“

За книгата

„Во Акрата нема мостови“ е роман за патувањето и за љубовта што ги поврзува луѓето преку граници. Лектор на изданието е Јордана Шемко Георгиевска, уредник Ана Мартиноска, а дизајнот е на Бојан Ивановиќ и уредник за верификација на информации Јанис Јеруланос.

Ова е втор роман на Бошњаковски, по веќе објавениот „Погром – записите на Рафаел Дорон“, а минатата година тој ја напиша и монодрамата „Ја, Ѓорѓија Пулески, роден су од камен“, која премиерно се изведе во месец јули.

„Во Акрата нема мостови“ од денеска е во продажба и може да се купи во книжарниците „Или – Или“, и „Полица“ спроти средното училиштето „Јосип Броз Тито“, како и во продавниците на „Литература“.

Најново

Регион12 минути

Директорот на „Рајанер“: Ќе го оспориме тврдењето дека патникот од Србија бил делумно надвор од прозорецот

„Рајанер“ ќе ги „оспори“ тврдењата дека дел од телото на патник за време на лет завршило надвор од авионот откако...

Забава25 минути

(Видео) Бред Пит се појави на проекција, неговиот стајлинг веднаш привлече внимание

Бред Пит (62) се појави во вторникот во Лос Анџелес на проекцијата на својот нов филм „Heart of the Beast“....

Свет1 час

Тимот на Меланија реагира на гласините за наводната афера на Трамп со асистентката

Кабинетот на првата дама, Меланија Трамп, реагира на медиумските шпекулации за односот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговата асистентка...

Свет2 часа

Трамп објасни зошто САД не смеат да дозволат Иран да дојде до нуклеарнo оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД немаше да го бомбардира Иран доколку Техеран веќе поседуваше нуклеарно оружје, туку тој...

Свет2 часа

Кремљ: Киев ја отвори Пандорината кутија

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Украина, како што тврди, продолжува со „провокации“ со цел подлабоко да ги...

Македонија2 часа

Шасивари – Соријано Ортиз: Продлабочување на соработката со Шпанија во реформите на правосудството

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Соријано Ортиз. Министерот Шасивари го...

Свет2 часа

(Видео) Странски товарен брод се запали во Кина: загинаа најмалку 20 лица; се огласи и претседателот

Тешка несреќа се случи утринава во кинеското пристаниште Кингдао, каде што најмалку 20 лица загинаа во пожар на странски товарен...

Забава2 часа

Шерон Стоун откри зошто живее во целибат: „Веќе не барам некого само за секс“

Шерон Стоун отворено зборуваше за својот љубовен живот, признавајќи дека подолго време практикува целибат бидејќи повеќе не се задоволува со...

Спорт2 часа

Душан Тадиќ повторно ќе игра за Србија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ го убедлил Душан Тадиќ да се врати во националниот тим, тврди Спорт...