Контакт

Култура

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“

Објавено пред

Со вокален раскош, пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена.

-Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за нас, затоа што го славиме она што е суштината на фестивалот – уметноста, врвните уметници и публиката. Годинава овој значаен ден го одбележавме со два исклучителни уметници, Мајан Лихт и Пшемек Виницки, кои приредија концерт исполнет со виртуозност и емоција. Особено ми е драго што и оваа година роденденската вечер беше пред полна „Света Софија“ и што публиката заедно со нас го сподели овој убав момент. Тоа е најголемата потврда дека традицијата на „Охридско лето“ продолжува да живее, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Лихт, еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата, со својот специфичен глас и впечатлива сценска интерпретација донесе несекојдневна музичка енергија. Неговата вокална виртуозност дојде до израз во внимателно одбраната програма, која ги обедини барокот, романтизмот и познатите оперски нумери.

-Се радуваме што настапуваме на 66. Роденден на „Охридско лето“. Станува збор за култен фестивал што постои толку многу години и на кој секоја година доаѓаат врвни уметници, а тука сме и ние, изјави талентираниот Лихт по завршувањето на концертот.

Во акустичниот амбиент под сводовите на црквата одекнаа дела од Хендл, Броши, Глинка, Шимановски, Персл и Бизе, меѓу кои „Ombra mai fu“, „Venti, turbini“, „Lascia ch’io pianga“, „The Cold Song“ и „Хабанера“ од „Кармен“.

Посебен дел од вечерта беше посветен на пијанистичката виртуозност. Пшемек Виницки се претстави со дела од Менделсон и Бетовен, меѓу кои и прочуената „Патетична“ соната, внесувајќи дополнителна динамика и раскош во роденденската концертна програма.

Роденденската вечер во „Света Софија“ заврши со долг аплауз од публиката, која со воодушевување ги поздрави уметниците и нивната извонредна изведба.

Најново

Македонија6 минути

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија

На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Како што...

Македонија18 минути

Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата

Фондот за здравствено осигурување презема конкретни чекори со кои на пациентите со трансплантирани органи ќе им се овозможи лекот Myfortic...

Македонија29 минути

Утре без струја дел од општината Илинден

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за утре се планирани исклучувања на елекетричната енергија поради технички интервенции. Во периодот од...

Македонија52 минути

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар – кој потпишал и кој гарантира дека е безбедна?

Владата треба веднаш јавно да го објави целосниот извештај и анализите за водата во Гостивар. Несериозно и неодговорно е, по...

Свет59 минути

Во Франција блокирана забраната за социјални мрежи за деца под 15 години

Францускиот Уставен совет ја блокира забраната за пристап до социјалните мрежи за лица помлади од 15 години, оценувајќи дека законот...

Црна хроника60 минути

Жена физички нападнала 15-годишно девојче пред пешачки премин во Центар

Полицијата постапува по пријава за физички напад врз 15-годишно девојче во скопската општина Центар. Од МВР информираат дека на 13...

Црна хроника1 час

МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење...

Регион2 часа

(Видео) Пустош по големиот пожар кај Омиш, пронајдено и тело на починато лице

Полицијата денеска околу 13:30 часот, при преглед на опожареното подрачје кај Омиш, пронашла мртво тело на лице. Големиот пожар што...

Култура2 часа

Три големи културни настани викендов во Битола

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава...