Контакт

Култура

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Објавено пред

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација на Тамара Стојаноска.

Претставата е во копродукција помеѓу Театар „Златен Елец“ и Центарот за култура во Битола, но покрај матичната сцена за претставата, планот е да патува насекаде низ државата како дел од редовната практика на овој независен театар.

Во претставата играат актерките Илина Чоревска и Викторија Степановска Јанкуловска, музиката е на Лука Тоше,а извршен продуцент на претставата е Бобан Алексоски. „Свињи“ е една мошне уникатна и иронична драма која преку комбинација на апсурд, црн хумор и гротеска, го отвора прашањето за моќта, смислата, одговорноста, самотијата и бегството од реалноста. Ликовите, иако затворени во својот свет, ја рефлектираат нашата општествена потреба за контролирање на другите, за проектирање на неуспеси и за создавање паралелни реалности во кои насилството се перцепира како нужност, а не како зло. Делото се смета за една од најизведуваните драми на Томислав Зајец и важен дел од современиот хрватски драмски канон.

Претставата не само што ќе ни раскажува една навидум комична приказна за две сестри туку и ќе бара одговори на многу суштински прашања поврзани со човековото постоење. Оваа приказна не е обид да се осудува, туку да се разбере, се обидува да се покаже како се раѓа насилство во свет што со генерации оди по истиот насилен пат без длабоки и суштински промени и практикување на емпатија, отварајќи го прашањето – Што значи да се биде човек во еден систем што се однесува како фарма?. „Свињи“ не е само драма или обичен комичен текст со апсурдни елементи – тоа е еден вид егзистенцијална состојба. – вели режисерката Тамара Стојаноска во својата експликација за претставата. Премиерата на претставата ќе биде на почетокот од месец јули во Битола, а потоа следуваат изведби низ државата и учества на фестивали. Проектот е поддржан во рамките на годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Наредната недела пак во Скопје, овој независен театар продолжува со пробите за претставата „Теорема“ од Пјер Паоло Пазолини во режија и адаптација на Мирко Радоњиќ.

Во претстставата играат актерите: Златко Митрески, Бобан Алексоски, Бранко Михајлоски, Ана Јовановска, Леонида Гулевска и Стефан Вујисиќ, драматург е Ева Камчевска а костимите се на Лина Лековиќ. Премиерата на „Теорема“ е на 2ри јули во Младинскиот културен центар Скопје, а на 3ти премиера на отворено во Сули Ан во рамките на Скопско лето. Претставата е финансирана од Хартефакт во рамките на проектот Култура за развој, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за култура и туризам.

– Пјер Паоло Пазолини и неговата „Теорема“ за првпат се работат во Македонскиот театар воопшто. Пазолини бил еден од највлијателните интелектуалци во повоена Италија – иако многумина надвор од Италија го познавале само како одличен кинематограф, тој е еден од најголемите италијански поети на својата генерација. Но тој бил и романсиер, драматург, литературен критичар, политички колумнист и сликар . Во 1968 година Пјер Паоло Пазолини го снимил филмот „Теорема“, пишувајќи роман во исто време и со исто име. И двете дела, пресликувајќи се едно со друго, се потпираат на наративот на мистериозното. Мистериозниот посетител се појавува во животите на едно типично буржоаско италијанско семејство. Енигматичниот странец ги заведува сите членови на семејството: слугинката, синот, мајката, ќерката и таткото. Инаку, еднакво необјасниво како влегол во нивните животи – како што и заминал, секого од нив го остава поединечно да се соочува со неговото отсуство: пеколот на сопственото постоење или можноста за избавување. Според самиот Пазолини, ова дело е парабола, а според теоријата – рефлексија на напорите на авторот да се соочи (и помири) со своите христијански, марксистички и фројдовски размислувања. – вели координаторот на проектот Бобан Алексоски. Претставата започна да се работи во декември минатата година.

Освен премиерите на претставите, театар „Златен Елец“ ќе учествува на фестивалите МТФ Војдан Чернодрински, Скопско лето, Нишвил – Меѓународен театарски фестивал во Ниш Р. Србија со претставата „Сина сенка“ од Брајан Рејнолдс во режија на Тамара Стојаноска, а ќе има гостувања и учества на фестивали и со другите нови или постари претстави.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Со церемонија на „Скендербег“ заврши Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026

Објавено пред

Со завршната церемонија одржана на плоштадот „Скендербег“, денес заврши првото издание на Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026, настан што четири дена по ред го претвори Скопје во центар на книгата, културата и албанскиот јазик.

Саемот обедини десетици издавачки куќи, автори, истражувачи и љубители на книгата од Северна Македонија, Косово и Албанија, носејќи илјадници наслови, книжевни промоции, дискусии и културни содржини кои го збогатија културниот живот на градот.

„Четири дена по ред, Скопје живееше со книгата, културата и албанскиот јазик. Овој саем покажа дека постои голем интерес за книгата и дека културата останува една од најсилните врски што нѐ обединува како општество. Горди сме што ги поставивме темелите на една нова културна традиција, која ќе продолжи да расте и во годините што следуваат“, истакна градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити.

Албанскиот саем на книгата – Скопје 2026 беше организиран во рамките на манифестацијата „Културно лето на Чаир 2026“.

Прикажи повеќе...

Култура

Народниот Театар Битола стана дел од основачите на Балканската асоцијација на театри и фестивали

Објавено пред

НУ Народен Театар Битола учествуваше на официјалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија. На прес-конференцијата, покрај директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, присуствуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на Бабел Фаст фестивалот Мек Ранин, како и уметничкиот директор на фестивалот Бабел Фаст, Ливиу Келоју. Во своето обраќање, директорот на Битолскиот театар го претстави НУ Народен Театар Битола и ја истакна честа и задоволството што оваа институција за првпат е дел од еден од најзначајните и најреномирани меѓународни театарски фестивали во регионот и пошироко.

Посебен момент на денешната средба беше официјалната најава за формирање на Балканска асоцијација на театри и фестивали – значајна иницијатива која има за цел продлабочување на културната соработка, размена на искуства и заеднички развој на театарската уметност во регионот.

НУ Народен Театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на оваа асоцијација и со тоа продолжува да ги гради своите меѓународни партнерства и да биде активен промотор на македонската театарска уметност пред светската публика.

Во рамките на фестивалот НТБ учествува со претставата „Ричард трети“ од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски со што уште еднаш го потврдува високото уметничко ниво на македонскиот театар и достојно претставување на Битола и Република Македонија на меѓународната сцена.

Прикажи повеќе...

Култура

Танцовата претстава „Ајде!“ на Македонскиот културно-информативен центар го преполни Загрепскиот танцов центар

Објавено пред

Преполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „Ајде!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска.

Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми.

Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „Ајде!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници.

Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска.

„Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска.

Претставата „Ајде!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата.

Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Забава2 минути

Проблеми за некои, големи промени за други: За хороскопските знаци, ова ќе бидат најпредизвикувачките датуми во јуни

Јуни 2026 година ќе донесе многу можности за напредок, нови познанства и прекрасни летни моменти, но според астролошките толкувања, неколку...

Забава6 минути

(Видео) Се ожени Саша Ковачевиќ: Крунисување на децениска љубов на интимна церемонија

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ ѝ предложи брак на својата долгогодишна девојка Зорана Тасовац минатата година, а потоа дојде прекрасната вест...

Свет21 минута

Израел ги затвора граничните премини кон Газа: „Имаат доволно храна“

Израелската владина агенција COGAT објави дека ги затвора премините Рафа и Керем Шалом кон Газа до понатамошно известување. Агенцијата додаде...

Свет23 минути

Амбасадор: Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети и инфраструктура

Израелската војска ги погоди иранските места за лансирање ракети земја-земја и инфраструктурата што не се поврзани со енергетскиот сектор, изјави...

Европа27 минути

Зеленски во Лондон: На ​​Украина ѝ е потребна дополнителна воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера му рече на британскиот премиер Кир Стармер дека на Украина ѝ е потребно дополнително ракетно...

Свет33 минути

(Видео) Разорен земјотрес ги погоди Филипините: Прв со јачина од 7,8 степени, проследен со серија застрашувачки потреси

Разорниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што го погоди јужниот дел на Филипините во понеделник, околу 1:30 часот по...

Македонија45 минути

Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за појава на нестабилност

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност...

Забава7 часа

Британска лекарка издвои пет замрзнати намирници за подолг и поздрав живот

Британската лекарка по општа пракса, д-р Асија Маула, вели дека многу намирници што придонесуваат за долговечност се идеални за замрзнување...

Спорт8 часа

Дефибрилатор му го спаси животот на Ериксен

Драмата на натпреварот помеѓу Данска и Украина за среќа имаше позитивен исход. Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен (34) се струполи во...