Контакт

Култура

Зошто новиот роман за Гоце Делчев е опасен?

Објавено пред

Во време кога историските личности се делат на херои и предавници, новиот роман „Љубов и Смрт“ прави нешто многу поризично: ги претставува револуционерите како луѓе.

Наместо мит, авторот го прикажува Гоце Делчев како човек што се сомнева, се плаши, сака, страда и се бори со сопствената совест. Ова не е удобна верзија на историјата. Ова е приказна за товарот на изборите.

Опасноста на романот не е во тоа што поставува нови факти, туку во тоа што поставува нови прашања.

Дали лидерот има право да жртвува животи? Дали револуцијата може да почне со љубов, а не со омраза? Дали слободата без морал станува нова тиранија?

Во книгата нема сигурни одговори. И токму тоа е најголемата провокација. Затоа читателот не може да се сокрие зад пароли. Тој мора да одлучи.

Ова дело веќе предизвика силни реакции, бидејќи ги руши црно-белите приказни што многу генерации ги наследуваат како вистини.

Но можеби токму тоа ѝ е потребно на современата култура: не нов мит, туку нова искреност.

„Љубов и Смрт“ не е опасен роман затоа што ја менува историјата. Опасен е затоа што го менува читателот. И затоа што поставува прашања на кои никој не се осмелува да одговори.

Едно е сигурно – ова е книга за Гоце каков што не го знаеме.

Повеќе информации за романот може да најдете на следниот линк:
https://spasov.mk/gocedelcev-ljubovismrt/

Романот може да се купи онлајн и во сите книжарници на literatura.mk

(ПР)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

„Физика на радоста“: Изложба на Театар Пи и лица од „Порака“ во Мала Станица

Објавено пред

Од денеска, 19 мај, па сè до 26 мај, во објектот Мала Станица при Националната галерија на Македонија, јавноста ќе може да ја погледне уникатната фотографска изложба насловена „Физика на радоста“, во организација на „Театар Пи“.

Изложбата го портретира човекот како суштество составено од туѓи сеќавања, недоизговорени приказни, тишини, стравови и нежности – елементи кои секој од нас ги носи низ животот како свој личен лавиринт.

Проектот „Физика на радоста“ е директно инспириран од книжевниот свет на познатиот роман „Физика на тагата“ нa Георги Господинов. Изложбата тргнува од идејата дека секој од нас во себе носи едно дете, едно чудовиште и една напуштена соба која долго време никој не ја отворил.

Во овој визуелен концепт, митскиот Минотаур не е претставен како чудовиште, туку како длабок симбол на невидливото, отфрленото и несфатеното во општеството, додека самиот лавиринт не е само физички простор, туку внатрешна состојба на човекот.

Она што ја прави оваа изложба исклучително значајна е нејзиниот инклузивен карактер. Креативниот процес и самите дела се создадени од лица со типичен и атипичен развој од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост (ЦПЛИП) „Порака“ – Скопје, заедно со членовите на „Театар Пи“. Изложбата функционира како заеднички простор изграден врз доверба, различност и емпатија.

Фотографиите се изработени во рамките на едукативен процес под менторство и раководство на фотографoт Ладислав Кинг.

„Кога тагата конечно ќе се измери, на другата страна од кантарот останува радоста. Повелете да ја измерите со свои очи“, порачуваат организаторите, поканувајќи ја скопската публика да го посети овој настан.

Прикажи повеќе...

Култура

Вивалдијада 2026 – фестивал за млади музички таленти во Националната опера и балет

Објавено пред

Петтото издание на фестивалот за млади таленти „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ ќе се одржи на 7 јуни 2026 година во Националната опера и балет во Скопје, со почеток во 20:00 часот, во организација на уметничкиот центар „ПОЛИФОНИЈА“.

„ВИВАЛДИЈАДА“ е уникатен проект-фестивал чија главна цел е промоција на македонската култура и уметност, во синергија со европското музичко наследство. Фокусот е насочен кон младите инструменталисти кои преку работилници и концертен настап ќе добијат можност за сценско искуство, соработка со професионални музички уметници и стекнување нови знаења и контакти.

Од самиот почеток во 2022 година, „Вивалдијада“ — со оркестарот на „ПОЛИФОНИЈА“ и концертмајсторот, како и уметнички директор Сања Шуплевска-Боирал — бележи големи успеси во своите примарни цели и презентација пред домашната сцена. Тоа го потврдуваат концертите пред преполни сали со публика од сите генерации, како и сè поголемиот интерес како кај солистите, така и кај љубителите на класичната музика.

Оваа година „ВИВАЛДИЈАДА 2026“ за првпат се реализира со меѓународен предзнак, во соработка со гости од европски држави. Како специјален гостин доаѓа едно од најзначајните имиња на сцената за класична музика во Малта, диригентот Кристофер Мускат — раководител на Академијата за сакрална музика „Francesco Azopardi“, визитинг-предавач на „University of Malta“ и актуелен директор на „Pjazza Teatru Rjal“. Тој е еден од најистакнатите современи малтешки композитори и диригенти, роден во 1977 година во Малта, а неговиот уметнички опус го карактеризира длабока посветеност на духовната и современата класична музика.

Учесници на ова издание се десетина млади солисти од Македонија: Илина Ристова, Теона Павлова, Михаела Васковска, Илија Богоев, Теодор Трајковски, Уна Трајковска, Сиена Ангеловска Витли, Бисера Кировска и Јована Јанкуловска, а на концертот ќе се претстават и гости студенти од Малта, Србија и Русија.

Музиката на славниот Вивалди е секогаш посакувана, истовремено и за свирење и за слушање. Антонио Вивалди постојано пишувал нова солистичка музика со што им давал смисла и надеж во животот на своите ученици, од кои повеќето биле сираци. По неговиот пример, фестивалот „ВИВАЛДИЈАДА“ е создаден за младите музички инструменталисти како поддршка и можност за настап со современици, како и со професионални музички уметници и педагози. Оваа пракса воедно е и најбрзиот интерактивен начин за стекнување сценски вештини и искуство.

Зад проектот стојат: Наташа Стојановска и Даниела Неделковска – проект-координатори од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Кристофер Мускат – диригент, и тимот на „Полифонија“: Јанинка Невчева, Орце Ицковски – раководител на проект, продуцент-организатор, и Сања Шуплевска – концертмајстор и уметнички директор.

Прикажи повеќе...

Култура

Збирка од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза изложени во Археолошкиот музеј

Објавено пред

Од

По повод Меѓународниот ден на музеите, вчера во Националниот археолошки музеј се одржa свечено отворање на Нумизматичката збирка, како и инклузивниот моден настан „Модата низ минатото“.

Нумизматичката збирка опфаќа повеќе од 31.000 примероци на монети ковани од злато, сребро и бронза, пронајдени како поединечни наоди или во остави, откриени на различни локалитети низ целата држава.

Во постојаната нумизматичка поставка изложени се околу 2.500 монети, кои датираат од почетоците на монетоковањето на овие простори, од VI век пр.н.е., па сè до XIX век.

Во поставката се претставени монети откриени преку археолошки истражувања од целата територија на државата. Меѓу позначајните наоди се издвојуваат: оставата со тетрадрахми од Прилепец, Прилеп од III век пр.н.е.; оставата со тетрадрахми од Првата македонска област од Богданци, датирана околу 120–100 г. пр.н.е.; оставите со римски републикански денари од Глишиќ, Кавадарци и Пирава, Валандово од I век; како и оставата со антонинијани од Римскиот форум во Стоби од III век.

Од средновековниот период особено значајни се: депото со византиски солиди и тремизи од Секулица, Кратово од VI век; оставата со солиди и хистаменони од Виничко Кале, Виница од X век; депото со никејски хиперпирони и венецијански грошеви од Скопско Кале од XIII век; депото со српски денари од Кривогаштани, Прилеп од XIV век; како и оставата со османлиски монети од Орта Џамија, Струмица од XVII век.

Проектот „Модата низ минатото“ се реализираше во организација на Националниот археолошки музеј, во соработка со Модниот институт „Изет Цури“, професорот Никола Ефтимов и млади студенти кои активно учествуваа во процесот на изработка на моделите.

Во рамки на проектот беа изработени 12 костими, преку кои посетителите симболично патуваат низ различни историски периоди согледани низ призмата на модата. Костимите беа поделени во четири временски целини: праисторија, антика, византиски и отомански период.

Целта на проектот е преку реконструкции на историски костими да се доближи модниот стил и начинот на облекување на луѓето во минатото.

На настанот беа вклучени и здруженија за поддршка на лица со попреченост, со што симболично се заокружи овогодишната тема на Меѓународниот ден на музеите – „Музеите обединуваат поделен свет“.

Прикажи повеќе...

Најново

Култура6 минути

„Физика на радоста“: Изложба на Театар Пи и лица од „Порака“ во Мала Станица

Од денеска, 19 мај, па сè до 26 мај, во објектот Мала Станица при Националната галерија на Македонија, јавноста ќе...

Свет16 минути

(Видео) Рим: Турист скокна во Фонтана ди Треви, Италијанците бесни

Славната римска Фонтана ди Треви повторно стана место на инцидент кој ја збесна италијанската јавност. И покрај постојаните полициски патроли...

Македонија23 минути

(Видео) Д-р Трифуновски: Органодарителството како најтешка одлука, остава најсилна светлина позади себе

Д-р Александар Трифуновски, хирург-уролог и член на тимот за трансплантација, во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото...

Македонија49 минути

Андоновски: Градењето отпорност во сајбер просторот е прашање на соработка и координација

Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, Република Литванија, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, оствари билатерална...

Македонија1 час

(Видео) Конески: Бројот на стипендии не се намалува, ниту партиципацијата во студентските домови се зголемува, студентите ќе добијат реновирани домови и мотивирачки стипендии

СДС продолжува со своите лаги и манипулации. Откако седум години власт не направија ништо за студенти и не исполнија ниту...

Македонија1 час

Управниот одбор на ЗЕЛС на седница за предизвиците со кои се соочуваат општините

На денешната редовна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС беа разгледани актуелните предизвици со кои се соочуваат општините, при што...

Спорт1 час

Диого Жота на списокот на Португалија: Трогателен гест на селекторот Мартинез

Да не беше трагедијата во Кернадиља минатото лето, името на Диого Жота сигурно ќе беше на списокот на португалскиот селектор,...

Македонија2 часа

Комисијата за прашања на изборите и именувањата одржа јавна расправа за кандидатите за член на Судскиот совет

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница со единствена точка на дневниот ред – Јавна расправа за...

Македонија2 часа

Љутков: Со 25 милиони денари, целосно реконструиран Спомен-домот на Разловечкото востание и поставена нова музејска поставка

„Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран...