Контакт

Култура

Романот „Столб што пее“ од Томислав Османли објавен во Србија

Објавено пред

Деновиве во Србија од печат излезе антивоениот роман „Столб што пее“ на македонскиот писател Томислав Османли. Во превод на српски, реализиран од Сашо Огненовски, овој македонски роман го објави реномираното книгоиздателство „Агора“ од Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

Оригиналното, македонско издание на „Столб што пее“, пред три години го понуди книгоиздателтвото „ВиГ Зеница“ од Скопје, по што следеа неговите објави во Грција во издание на „Literatus“ од Солун во превод од македонски на Ставрула Маврогени и сега, српската објава на „Агора“. „Столб што пее“ е претпоследниот, четврти роман на Османли и едновремено негова шеста книга што се објавува во соседна Србија.

„Столб што пее“ е роман со сложено време и место на дејство. Дејството му е транс-историско и се одвива паралелно, во антиката, во првата половина на Дваесеттото, како и во нашево, трагично обеспокоено столетие. Почнува во првиот век на нашата ера кога еден умирачки антички мелограф и филозофски поет ќе нѝ ја остави најстарата преживеана песна од древните времиња, што се гласи со лирски тон и со оптимистичка порака, тече преку Малоазиската војна 1919-1922 која е еден меѓунационален и меѓуверски судир проследен со бројни, масовни цивилни масакри, инаку изведен како еден вид продолжение на Првата светска војна, но на несмиреното малоазиско тло…. Наративот на „Столб што пее“ тече сѐ до нашево совремие, до почеткот на травматична руско-украинска војна од 2022 година и го подразбира нашево ново, опасно завојувано столетие. Романот дава жестока панорамска слика на вековите и посебно на оваа епоха со глобално распалувани војни.

Просторот на неговите паралелно водени фабули ги опфаќа древна и современа Мала Азија (Јонија со Анадолија, Сирија, Турција), суровите, води на бегалскиот Медитеран по кој со години допловуваат, но и потресно ги завршуваат животите, безбројни бегалци од завојуваните и унесреќени земји на Третиот свет, во негостољубивите, гибелни води и граници на државите од Европа, во незгасната надеж дека некако ќе допрат до една од северните, главно недостижни европски земји како простори на надежта за конечно пројадена благосостојба и каков-таков спокој…

Сложениот сказ на романот го сочинуваат девет меѓусебно поврзани текови соединети во возбудливата матица на романот. Во нив, романсирани, се појавуваат автентични ликови: античкиот мелопоет Сејкилос инаку автор на најстариот столбец „што се пее“, со епиграфија од музички и текстуален запис, но и ранохристијански апостоли, британски археолози и библисти, инженери-градители на малоазискиот дел од отоманската железница, грчки офицери, турски зејбеци, една од најпознатите рембетски стихотворки Елефтерија Папајанопулу, цивилни страдалници од сите етницитети и религии на страдните градови Измир и Ајдин и еден несреќно разделен пар сириски бегалци што со години се обидуваат конечно да се спојат на новото тло…

Во комплексниот романескен зафат на Османли, покрај овие текови и ликови, „Столбот што пее“ го следат и го засилуваат впечатливи документарни елементи: автентични фотографии, агенциски вести, прецизно приведени tweet-ови кои се сѐ уште „живи“ зашто емитуваат најнови актуелности за прекуморските бегства со среќни и несреќни исходи, на брановите бегалци што ги напуштаат своите спепелени огништа од онаа страна на Средоземното море. Романот содржи и два природно вметнати расказни цитата од “Делата апостолски” на Новиот завет со апостолите Павле и Лука, но и интернет адреси и – посебно – четири музички QR-кодови во органска врска со насловот и со метафората на „Столбот што пее“. На тој начин претпоследниот роман на Османли се јавува и како фикционален, документарен и мултимедијален, делумно и интерактивен наратив од нов вид. Таа постапка нашиот автор ќе ја примени и во својот најнов роман насловен „Заборав“. И двата наслова беа финалисти за највисоките македонски прозни награди.

Свои бележити мултимедиски осврти за оваа книга објавија Проф. Д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, Проф. Д-р Весна Мојсова-Чепишевска, Д-р Сашо Огненовски, Александар Маџаровски-Читачот, а содржајни предговори и книжевниците Глигор Стојковски кон македонското и Вангелис Тасиопулос кон грчкото издание на „Столбот што пее“.

Инаку, преводот на романот „Столб што пее“ на српски јазик новосадска „Агора“ и нејзиниот главен уредник, книжевникот Ненад Шапоња, го објавуваат со поддршка на Министерството за култура и туризам од средствата на фондот за поддршка на објави на значајни македонски книги во странство.

Култура

Љутков од министерскиот форум во Рим: Културното наследство да стане двигател на одржлив туризам

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, учествува на првиот министерски форум „Поврзување на дестинациите: Италија – Балкан туристички форум“ (Bridging Destinations: Italy – The Balkans Tourism Forum), што денеска се одржува во Рим, Италија.

dobivaj vesti na viber

На форумот, на кој учествуваат министри за туризам од Албанија, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Црна Гора и од Македонија, како и претставници на бизнис-секторот од Италија, се одржаа неколку панел-дискусии посветени на создавање нови заеднички туристички програми, производи и иницијативи за подобро интегрирање на балканскиот и на медитеранскиот туристички простор.

Во своето обраќање министерот Љутков пред присутните ја нагласи потребата од регионална интеграција во туризмот потенцирајќи дека Балканот треба да се гледа како единствена туристичка целина, а не како изолиран пазар.

„Туризмот е многу повеќе од економија, тоа е мост што ги поврзува луѓето, културите и историјата. Балканот има шанса да стане обединета дестинација, која ќе нуди уникатно, автентично и мултинационално искуство“, истакна Љутков.

Тој предложи Балканот да се вклучи како образовна рута во италијанскиот едукативен систем преку организирање екскурзии за ученици и студенти, кои би се запознале со културното наследство на регионот и би ја продлабочиле врската меѓу Италија и земјите од Југоисточна Европа.

Министерот ја промовира и идејата за создавање нови заеднички програми, продукти, проекти, кои би ги обединиле земјите од регионот и Италија како една дестинација. Во тој контекст, како конкретна иницијатива, тој предложи соработка во рамките на проектот „По стапките на славните Римјани“, кој ќе ги поврзе историските и археолошките локалитети од Македонија, од Балканот и од Италија, а со цел да се привлечат туристи од глобалниот пазар, особено од Азија, Америка и од Блискиот Исток.

Министерот Љутков потенцира дека Македонија нуди препознатливо, автентично и културно богато туристичко искуство, што е во тесна врска со интересите на италијанските патници, особено оние што бараат историја, авантура и култура. Тој ги посочи локалитетите Стоби, Таор и Охрид како силни туристички адути на Македонија, особено привлечни за љубителите на античката историја и на културен туризам, а Вевчани и Крушево ги издвои како успешни примери за одржлив и зелен туризам.

„Со визија, почит и креативност можеме да го претвориме културното наследство во вистински двигател на одржлив туризам и европска поврзаност. Заедно со Италија можеме да изградиме не само мостови меѓу дестинациите, културите, туку и меѓу народите“, порача Љутков.

Инаку, форумот, кој е во организација на Министерството за туризам на Италија, има цел да поттикне соработка и стратешко позиционирање на Италија и на земјите од Балканот како единствена туристичка дестинација. Учеството на Македонија, пак, претставува значаен чекор кон нејзино поинтензивно интегрирање во регионалните и во европските туристички текови, поголема видливост на македонската туристичка понуда, зајакнување на институционалната соработка, пристап до добра практика, како и позиционирање на земјата како дел од една поширока европска туристичка приказна.

Прикажи повеќе...

Култура

В недела почнува манифестацијата „На зајдисонце“ во Трпејца

Објавено пред

Од 20 до 28 јули, годинава по 14 пат во Трпејца ќе се одржи културно – забавната манифестација „На зајдисонце“. Организаторот Здржението „За Трпејца со љубов“, ветува интересна програма за туристите и домаќините.

dobivaj vesti na viber

На денот на отворањето во недела од 20.30 часот по поздравниот говор на претставник на општина Охрид под чие покровителство се одржува манифестацијата, Фото клубот „Охрид“ ќе ја претстави најновата продукција на фотографии насловена „Убавината на дофат“. Вечерта со својот настап музички ќе ја „обои“ познатиот саксофонист Горан Папаз.

Во понеделник на 21 јули во истиот термин ќе биде промовиран првиот роман на младата трпејчанка Анастасија Ристеска „Париска сложувалка“ напишан на англиски јазик. Промотор ќе биде д-р Габриела Неделкоска. Претходно деца од Трпејца пред публиката ќе ги покажат своите таленти.

Филмот како уметност годинава има посебно место на Зајдисонцето во Трпејца. Под ведро небо како што впрочем сите овие години се одвива манифестацијата во вторник на 22 јули ќе гостува Антонио Вељаноски, млад режисер, сценарист и фотограф кој живее на реалцијата Охрид – Прага. Присутните ќе можат да го погледаат неговиот филм „И(с)згубени“.

Во среда од 19 и 30 часот ќе се одржи популарната Трка со куфери по скалинадата во Трпејца која има натпреварувачки карактер а потоа ќе настапат Мила, Македонка и Билјана. Трите девојки недоамна дипломираа на ФМУ во Скопје.

Ден потоа гостува Драмското студио „Цвет“ под раководство на Драгана Боцеска со претставата „Приказни“ а пред тоа ќе бидат прикажани и наградени најдобрите три фотографии од Трпејца направени со мобилен од страна на туристите.

Петокот е резервиран за промоцијата на монографијата „Златните години на КК „Рибар“ од Трпејца од авторот м-р Милчо Јованоски. Промотор ќе биде новинарот и публицист Горан Момироски. Претпладнето ќе се одржи традиционалната регата „Номче Митрески“.

Во сабота на 26 јули ќе гостува Театарскиот проект на ОСУ „Св. Климент Охридски“од Охрид со „Виолината што одекнува низ вековите“од авторот и ментор м-р Михаил Патчев а ќе биде прикажан и документарецот „Охридските трубадури“.

Прикажи повеќе...

Култура

Маестрална театарска игра на Охридско лето: „12“ – претстава за предрасудите, стереотипите и стравовите на денешното општество

Објавено пред

Маестрална театарска игра на „Охридско лето“ донесоа вчеравечер извонредните актери на Македонскиот народен театар играјќи ја претставата „12“ работена по мотивите на теледрамата „12 гневни луѓе“ од Реџиналд Роуз, совршено адаптирана на денешницата од режисерот Синиша Ефтимов.

dobivaj vesti na viber

Претставата што ја обедини елитата на македонското глумиште е всушност е декларација за човечката неспособност и некомпетентност.

Во затворена просторија, дванаесетмина од различни општествени слоеви, со различни погледи и ставови, се соочија меѓусебе обидувајќи се да донесат правична пресуда.

Дванаесетчлената порота, по презентирањето на доказите од страна на обвинителството и одбраната, имаше задача да одлучи дали да осуди или да ослободи момче кое е обвинето за убиството на неговиот татко.

На почетокот сите се убедени во вината на обвинетиот, но еден поротник со своите сомнежи кон докажаното ја започнува интензивната и жолчна дебата во поротничката соба во која почнаа да излегуваат на виделина предрасудите, стереотипите и стравовите на секој од поротниците.

Публиката уживаше во феноменалната игра на актерите Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов/Нино Леви Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Тие преку своите ставови, мислења, емоции го отсликаа денешното општество со сите негови вредности, но и недостатоци и маани.

Сценографијата за театарската претстава „12“ за која имаше огромен интерес на „Охридско лето“ е на Мартин Манев, музиката на ПМГ Колектив, а костимографијата на Александар Ношпал.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје, само му излезе во пресрет на Филипче, граѓаните знаат дека од СДС нема фајде

СДС и Венко Филипче со секоја нова тура на кандидати за градоначалници докажуваат дека само верно ги спроведуваат желбите на...

Свет1 час

(Фото+видео) Тајфунот Вифа го парализира Хонг Конг – издадено највисоко предупредување, откажани над 200 летови

Хонг Конг издаде највисоко предупредување за бура – сигнал број 10 – додека тајфунот Вифа ги погоди јужните делови на...

Македонија20 часа

(Видео) Шукова: Имам решенија за чисто, уредено и безбедно Скопје кое дише

Скопје може и мора да биде град за луѓето — чист, уреден, сообраќајно среден, зелен и безбеден. Град со кој...

Uncategorized20 часа

(Видео) Попов: Јавните повици за младите сега се достапни за сите, нема веќе „прв дојден прв услужен“

Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието беше дел од денешната трибина „Како политиките на ВМРО-ДПМНЕ...

Македонија21 час

(Видео) Кузеска: Тошковски го претвора МВР во партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ

Во собраниска процедура е ставен невиден и скандалозен предлог-закон, кој претставува еден од низата опасни и антидржавни потези на министерот...

Македонија21 час

(Видео) Лефков: СДС повторно нанесува штета на Македонија вклучувајќи се во деструктивните операции спроведувани од бугарските служби

Имаме основано сомнение, поткрепено со точни информации и факти, дека во моментов се води координирана и насочена операција на дискредитација...

Македонија21 час

(Видео) Манасиевски: Филипче со ова СДС кое е слика на Заев, се доказ дека дното може да е се подлабоко

СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното...

Македонија23 часа

СДСМ: Колапс во ЕСМ, ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра

Неспособното раководство на ЕСМ, за само три месеци во 2025 година, направило загуба од 45 милиони евра, или дополнителни 11...

Македонија24 часа

ЦУК: 35 пожари низ државата во изминатото деноноќие – четири сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 35 пожари на отворен простор низ државата....

Македонија2 дена

(Видео) Шукова е кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје, објави Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која...

Македонија2 дена

МЗ: Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано. Од...

Топ2 дена

Возел со 3,15 промили алкохол во крвта, во полусвесна состојба: уапсен пијан скопјанец на патот Охрид-Кичево

Денеска (18.07.2025) околу 14 часот на патот Охрид-Кичево полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.К.(48) од Скопје,...

Македонија2 дена

Предметот за пожарот во “Пулс” префрлен во надлежност на ОЈО Скопје

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе Решение со кое го определи Основното јавно обвинителство Скопје за стварно и месно...

Македонија2 дена

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во периодот...

Македонија2 дена

Обвинето едно лице за насилство врз градоначалничката на Скопје

По целосно испитување на настанот, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело насилство од...

Македонија2 дена

Мицкоски понудил заедничка резолуција со Бугарија за потврда на самобитноста на македонскиот јазик и идентитетот

Со оглед на тоа што Бугарија тврди дека проблемот за почнувањето на преговорите со ЕУ се само Бугарите во Уставот,...

Македонија2 дена

Болницата „Козле“ сѐ уште без вода – пациентите привремено згрижени на други клиники

Поради прекинот во водоснабдувањето на Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата  „Козле“, пациентите што имаат потреба од хоспитализација привремено...

Топ2 дена

Сообраќајна несреќа на влезот во Скопје, сообраќајот се пренасочува

Денеска во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на хотелот Белви,...

Македонија2 дена

33 пожари низ Македонија – еден сѐ уште активен, a четири ставени под контрола

Според последните податоци на Центарот за управување со кризи, до утрово во земјата регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен...

Топ2 дена

Со украдена пушка пукал кон деца и се обидел да застрела полицајци – во Василево уапсен 29-годишник

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.П. од селото Ангелци, општина Василево, кој се сомничи за две кривични дела...