Контакт

Македонија

ААВМУ: Јавната пропаганда за референдумот да се одвои од другите содржини на медиумите

Објавено пред

Во последните неколку дена, на повеќе телевизии и радија се емитуваат реклами од кампањата „Замисли иднина заедно“ на Делегацијата на Европската Унија во пресрет на референдумот од 30 септември, а рекламните спотови не се јасно одвоени од другите содржини на медиумите, не се означени како платена јавна пропаганда и во нив учествуваат и малолетници, реагира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

„Потсетуваме дека платената јавна пропаганда согласно Упатството за медиумско претставување за време на референдум од 17 август 2018 година, треба да се емитува во дополнителните 9 минути на реален час кои се исклучиво наменети за платена јавна пропаганда за референдумот, а не во редовното време за емитување реклами од 12 минути, јасно да се одвои од програмите и од другите рекламни пораки на радиодифузерите и видливо да се означи како платена јавна пропаганда и да се емитува со јасно означен нарачател за целото времетраење“, соопштија од Агенцијата за медиуми.

Од ААВМУ потсетуваат и дека во платената јавна пропаганда не смеат да учествуваат малолетници и таа не смее да се емитува во текот, непосредно пред и по емисиите чија примарна целна група се деца и/или младинци. Исто така, не смее да се емитува во вести, посебни информативни емисии, како и за време на директни преноси од верски, спортски, културни, забавни и други настани.

Агенцијата очекува сите радиодифузери во најкус рок да го усогласат емитувањето на рекламите од оваа кампања со регулативата.

Македонија

Османи: Папата е секогаш добредјден во родниот град на Мајка Тереза

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со скопскиот бискуп и предводник на Римокатоличката црква во земјава, Киро Стојанов, а во пресрет на посетата на земјава на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

„Вистинска чест е што папата Франциск ќе ја посети земјава, како симбол на нашата општествена и цивилизациска ориентација кон Европа и западните вредности. Особено задоволство е што Папата ќе го посети Скопје, родниот град на Мајка Тереза, како признание за нашиот придонес во светската хуманоста, солидарноста и добрината“, истакна Османи на средбата, посочувајќи на традиционално добрите релации меѓу различните религиски заедници, вклучувајќи ја тука и римокатоличката религиска заедница.

На средбата беа разменети информации за начинот на кој ќе се организира средбата, при што вицепремиерот Османи изрази уверување дека Владата ќе обезбеди соодветен третман и сета логистичка поддршка за успешно организирање на посетата. „Оваа посета, покрај значењето за претставниците на римокатоличката заедница, е од особено значење и за целата држава и Владата со своите активности ќе одговори соодветно на нивото потребно за организирање на оваа посета“, истакна Османи.

На средбата беа отворени и прашањата за соработката на религиските заедници во земјава и претставниците на државата, како и односите меѓу самите религиски заедници и нивната меѓусебна соработка, при што соговорниците упатија на дијалог меѓу заедниците и државата со цел изградба на функционално мултиконфесионално општество.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео)Со колички ќе излеземе на протест, ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Објавено пред

Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп на прес-конференција од пред Министерството за труд и социјална политика, порача дека лицата со попреченост, ќе протестираат ако треба секој ден со колички, доколку не се земат предвид нивните барања, пред се подигање на висината на помошта која се издвојува од буџетот.

„Има пари за сите само за лицата со хендикеп нема. Со 7 000 денари месечно колку што предвидел предлагачот на законот, не може ниту половина од месечните трошоци да се покријат. Од друга страна има спорен член во предлог законот за социјална заштита, кој вели дека лице кое користи надоместок за попреченост, истовремено не може да користи надоместок за помош и нега од друго лице. Сметаме дека овој закон е дискриминирачки, иако Македонија  е потписничка на конвенцијата на ОН, за еднаков пристап на овие лица, бидејќи не прави ништо за подобрување на условите за живот“, рече Димитровска.

Димитровска, кажа дека власта нема слух за овие лица и дека инклузијата што ја предлага министерката Царовска е само на хартија.

„Во законот се предвидува инклузија, но при тоа нема конкретни мерки со кои ќе спроведе таа и според нас овој закон ни млаку нема да ја подобри нашата ситуација. За каква инклузија зборуваме кога, нема пристапност до институциите, односно инфраструктурата не е прилагодена, па инвалидизираните лица за да стигнат од една до друга релација мора да одат со такси и со придружник. Не се ослободени од партиципација за здравствени услуги, не се ослободени од ДДВ, не се ослободени од ниту една комунална давачка. Затоа бараме и апелираме да се слушне нашиот глас и да порачаме дека хендикепот не е треба да се гледа кај поединецот туку во општеството“, изјави Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп.

Според податоците на Здружението Хендикеп, има околу 2000 лица со попреченост кои користат колички.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Донев:Инфраструктурната стагнација и масовните дивоградби се лоша слика за Охрид

Објавено пред

Инфраструктурна стагнација и масовно појавување на дивоградби е лошата слика за Охрид со СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески.Објектот кружна раскрсница пред медицински центар Охрид кој е веќе постоечки 12 години не е нова градба, па дали градежните активности се извршуваат согласно одобрение за реконструкција?, запраша Сашо Донев, претседател на ОК Охрид.

Тој прашува дали постои одобрение за реконструкција потпишано од Општината со претходно прибавени согласности од МВР? Дали новата автобуска постојка кај пекара ,,Мартина” има одобрение, односно тоа место е предвидено во годишната програма за урбана опрема?
Со која техничка документација е извршена реконструкција на кружната раскрсница на улица ,,Бистрица”? Постои ли заверен и одобрен проект со согласност од МВР изготвен од проектант согласно аналитика на МВР? Дали претставува кружна раскрсница од ризичен тип односно со незгоди од повисоко ниво, па е потребна нејзина реконструкција или желба на поединци?
Изведбата на лице место дали е согласно одобрениот проект за реконструкција или ако не е, тогаш зошто е тоа така?

,,Во иднина ако се случат сообраќајни незгоди со одредени штети на оваа кружна раскрсница, а вие како изведувач на градба и реконструкција немате соодветна документација кој ќе ја сноси одговорноста во однос на штетата на поединци?Дали реконструираните сообраќајни острови се согласно проектот и дали островото пред Маркет „Випс“ нема да е црна точка на тој дел?На крај, дали имате ревизија на проект и кој е тој, и дали имате надзор на изведба и која фирма и овластен надзор е тоа?Оваа власт на СДСМ мора да си замине, за Охрид и охриѓани да продолжат со светла иднина”, додаде тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

(Видео)Со колички ќе излеземе на протест, ако нема пари за достоен живот, порачаа лицата со попреченост

Бранкица Димитровска од Здружението Хендикеп на прес-конференција од пред Министерството за труд и социјална политика, порача дека лицата со попреченост,...

Свет1 час

Израел за ракетниот напад го обвини „Хамас”: започнува мобилизација, Нетанјаху веднаш се враќа од САД

Израелската армија го обвини Исламскoто движење на отпорот „Хамас” за ракетниот напад врз Израел изведен во утринските часови од појасот...

Свет2 часа

На врвот на највисоката зграда во светот поставена фотографија на премиерката на Нов Зеланд

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, го одушеви светот со своето снаодливо и вешто справување со ситуацијата по терористичкиот напад...

Европа2 часа

Опасен затвореник во бегство, во цела Европа го бараат Даниел Војновиќ

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција, која ја прошири потрагата по него во цела Европа. Како што...

Свет3 часа

Франција: Поради немирите на протестите на „Жолтите елеци“, осудени се 2.000 лица

Во Франција од почетокот на протестите на граѓанското движење „Жолти елеци“ во ноември минатата година, па досега, осудени се приближно...

Свет3 часа

Палестинска ракета погоди куќа во Тел Авив, седуммина повредени

Седум лица се повредени во понеделникот наутро кога е погодена куќа во близина на Тел Авив со ракета лансирана од...

Свет3 часа

Трамп за извештајот на специјалниот обвинител: Пропадна обидот да ми се наштети

„Целосно ослободување“, напиша американскиот претседател Доналд Трамп на „Твитер“ по објавувањето на главните наоди од истрагата на специјалниот обвинител Роберт...

Аја Софија, Истанбул Аја Софија, Истанбул
Свет4 часа

Ердоган: „Аја Софија“ може повторно да стане џамија

Тускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека светски познатата „Аја Софија“, која денеска е музеј, повторно би можела да стане...

Свет15 часа

Објавени резултатите од големата истрага – Трамп не соработувал со Русија

Кампањата на Доналд Трамп за претседателските избори во 2016 година не заговарала со Русија, покажува извештајот на специјалниот советник Роберт...

Свет15 часа

Руски воени авиони со војници слетале во Венецуела, никој не знае зошто

Два руски воени авиони слетале вчера на аеродромот во Каракас со високи офицери и стотина војници, објавил локален новинар. Една...

Регион17 часа

Шешељ повторно ги запали знамињата на ЕУ и НАТО

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ, на денешното одбележување на 20-годишнината од бомбардирањето на поранешната Сојузна Република Југославија, ги запали...

Македонија20 часа

(Видео) Рудник нема да има, ако треба со жив ѕид ќе ги браниме Иловица и Штука, порачаа младите

Не сакаме рудници, сакаме здрава котлина и здрав живот, очекуваме конечно властите да се залагаат за активности што ќе бидат...

Топ21 час

Ахмети: Апелирам опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО

Опозицијата да не се повлекува од преговорите за СЈО, порача денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Според него треба да...

Македонија1 ден

Повторно гореа трски на брегот на Охридското Езеро

Вчера покрај брегот на Охридското Езеро, помеѓу Струга и селото Калишта, настанал пожар при што опожарена била трска, соопшти Министерстото...

Топ1 ден

Мотоциклист прегазил жена и побегнал

(Фото: Илустрација) Вчера на улицата Пере Тошев,  мотоцикл со скопски регистерски таблици управуван од непознато лице удрил во 44-годишнен пешак...

Македонија1 ден

Уставен в среда ќе одлучува дали обвинетите на СЈО кои го оштетиле буџетот може да добијат пониски казни

Уставниот суд на седница закажана за среда 27 март ќе одлучува дали да поведе иницијатива за оценка на уставноста на...

Свет1 ден

(Видео) Драматична спасувачка акција: Извлечени сите патници од крузерот во Норвешка

Сите 1.300 лица кои се наоѓале на крузерот, чијшто мотор откажа вчера недалеку од западниот брег на Норвешка, биле спасени,...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Заевизмот донесе 2 века казна за луѓе кои не направиле ништо лошо

Недолжни граѓани станаа жртви на политички прогон само затоа што не се согласуваат со политиките на Зоран Заев, вели ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Сончево време со температури до 23 степени

Времето днеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен претежно северен ветер. Максималната температура ќе...

Македонија2 дена

Домашни и грчки експерти договорија учебниците да се усогласат во духот на Преспанскиот договор

На вториот состанок на Заедничкиот интердициплинарен комитет оформен согласно Преспанскиот договор, македонската и грчката делегација на експерти за историски, археолошки...

Досие