Македонија
Автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса транс“

Опожарениот автобус, кој учествуваше во сообраќајната несреќа во Република Бугарија, не е пријавен од сопственикот во електронската база на податоци на Министерството, а со тоа не побарал извод од лиценца за ова возило.
Од Министерството за транспорт и врски информираат дека автобусот што изгоре користел лиценца од друго возило на „Беса транс“.
„Бројот 22679, со кој шпекулираат одредени медиуми, а кој бил користен од опожарениот автобус при излез од земјата, е број на извод од лиценца на друго возило, со други регистарски таблички, исто така сопственост на превозникот ‘Беса транс’. Тоа подразбира дека превозникот вршел злоупотреба на извод од лиценца од друго возило и лиценца од фирмата и со тоа свесно ги прекршувал одредбите од Законот за превоз во патниот сообраќај“, велат од Министерството за транспорт и врски преку соопштение.
Од тука повторија дека за опожарениот автобус превозникот немал извадено извод од лиценца за вршење меѓународен слободен превоз на патници и овој автобус не е евидентиран во електронската база на Министерството за транспорт и врски.
Министерството за транспорт и врски претходно му ја одзеде лиценцата на вршење дејност на превозникот „Беса транс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи- Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции

Министерот за надворешни работи Бујар Османи се сретна со министерот за надворешни работи на Словачка, Мирослав Влаховски во рамки на ГлобСек во Братислава.
Честитајќи му на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи, Османи изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави ќе се залагаат за забрзана динамика при процесот на проширување на ЕУ, особено во сегашниот временски контекст кога безбедносната архитектура во Европа е доведена пред огромен предизвик.
„Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите европски интеграции. Воедно, веруваме дека Словачка ќе даде поддршка за концептот на забрзана интеграција и ќе го поддржи процесот со цел истиот да биде покредибилен,а нашите граѓани порано да ги почувствуваат краткорочните привремени чекори”, истакна Османи.
Во својство на претседавач со ОБСЕ, Османи се осврна и на актуелностите во однос на претседавањето со ОБСЕ низ призмата на утврдените приоритети, во кои Украина останува наш главен приоритет и клучно безбедносно прашање во рамки на ОБСЕ 2023.
Македонија
Георгиев си го штити претседателското столче, критики прима само за судиите кои застаруваат предмети

За новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев непријатни се укажувањата од страна на холандскиот амбасадор, кој го нарече советот нелигитмно тело. Георгиев вели дека советот работи според законот и уверува дека со ништо не е прекршен. Тој ги повика надлежните инстиуции доколку имаат сомнежи за нивната работа веднаш да ги истражат.
„Ќе потенцирам дека во целата оваа состојба работиме според закон, ве уверувам дека нема прекршување на законот, нека надлежните инстиуции ако имаат сомнеж, спомнуваа во јавноста некакви коруптивни елементи ве молам за тоа има надлежни инстуции нека испитуваат“ вели Георгиев.
Тој се согласува дека во нивната работа има и бројни забелшеки, особено немањето на разрешница за голем број од предмиетите на поранешното СЈО.
„Ги повикувам судовите и судиите, апсолутно мора да посветат внимание особено на тие сензитивни предмети, да имаат конечна завршница. Ствараме недоверба кај граѓаните, каде што некои предмети застаруваат тоа е реален проблем и тука се согласувам и со амбасадорот и тука мора да се понесе одговрност, а ние како судски совет ако мораме да ги следиме тоа ни е надлежност да ги следиме“ нагласи Георгиев.
Тој додаде дека досега немал средба со холандскиот амбасадор но дека ќе иницира во најскоро време, за да разговараат за замрзнувањето на холандскиот проект и продолжување на соработката. Не се согласува со изјавите на амбасадорот дека претседателот на Судски совет е избран на колегиум и смета дека и разрешувањето на неговата претходничка Весна Дамева и неговото назначување за претседател на Советот биле спроведени законски.
Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, а амбасадорот во земјава Дирк Јан Коп упати остри критики покрај за судството и за борбата против корупцијата.
Скопје
(Видео) Невреме во дел од Скопје, низ Бутел едвај се возеше

Силно невреме направи хаос низ скопските улици. Во Бутел, возачите сведочат дека едвај се вози поради поројниот дожд. Поплавени се и дел од улиците. Невремето и дождовна бура имаше и во други делови на градот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи објавија временска прогноза за следните денови. Во неа стои дека следниве денови во претпладневните часови ќе се задржи сончево време со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.
На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.