Контакт

Македонија

Адвокатите на Клeментина: Судот да ја ослободи од обвинение, таа е жртва на Денис Тот

Објавено пред

Ослободителна пресуда побараа адвокатите на Клементина Лефковска. Пред судот тие кажаа дека не се докажало дека таа му ги задала ударите кои предизвикале смрт кај Денис Тот. Бојан Василески, адвокат на Клементина, кажа дека неговата клиентка била жртва на Тот бидејќи ја малтретирал. Според него, Клементина се бранела од навредливи зборови кои ги упатил Тот.

dobivaj vesti na viber

„Со дејствијата на Клементина не се исполнети битијата за кривичното дело убиство, а судот треба да ја ослободи обвинетата од обвинение“, кажа Василески пред судот.

Според него, од доказите не се докажува дека ударите на Клементина се клучни за Денис Тот да почине по претепувањето.

„Не произлезе дека Клементина имала намера да го убие Тот, не постоела причина или мотив да го убие. Во нејзината свест немало волја да ја посакува смртта на сега починатиот туку сакала да се одбрани по неговото повеќечасовно малтретирање. Дејствијата кои ги презела Клементина биле во состојба на силна раздразнетост, предизвикани од Тот по повеќечасовно навредување и допирање по целото тело. Доказ дека Клементина не ја сакала смртта е фактот што по настанот ја следела состојбата на сега починатиот, му го мерела пулсот и се надевала дека ќе биде добро. Таа не правела масажа на срце бидејќи немало место, другите присутни го правеле тоа“, додаде адвокатот Василески.

Според него, нејасно е како настанала повредата без која Денис Тот немало да почине.

„Треба силен и убедлив доказ кој го сторил кривичното дело и на кој начин. Кога постои смрт не значи дека по автоматизам е сторено кривично дело убиство. За да се докаже ова кривично дело, потребно е да се знае со каква примена на сила, во кој дел од телото, како е нанесена, а сторителот да има умисла да го стори тоа. Во конкретниот случај, утврдија дека причина за смртта е нагмечување на големиот и ‘рбетниот мозок. Но остана нејасно како е нанесена таа повреда. Вештите лица не кажаа дека е од удар нанесен од обвинетата Клементина. Непостоењето на силен доказ дека Клементина ја нанела смртоносната повредата ја ослободува од кривична одговорност која ѝ се става на товар“, посочи адвокатот на Клементина.

За него, повеќе од јасно е дека Клементина не нанела удар со кој го убила Тот.

„Неспорно е дека презела дејствија против сега починатиот. Според нејзиниот физички капацитет јасно е дека таа не била способна да го убие Денис Тот дури и да го посакувала тоа. Клементина е слаба, ниска, со 40 килограми. Таа не може да нанесе повреда што ќе предизвика таква повреда. Овде сакам да потенцирам, дека Тот е несоодветно транспортиран во возилото на Брза помош, без задолжителна мобилизација на врат. Сите овие аспекти упатуваат на тоа дека не стои сигурен доказ дека Клементина ја предизвикала смртта кај починатиот за да се товари за убиство. Кривичното дело убиство е умислено кривично дело, односно за да се исполни битието, сторителот треба да го сака извршувањето или да биде свесен дека од неговото сторување може да настане штетната последица и да се согласи со постапувањето. Не произлезе дека обвинетата се согласила со смртната последица или сакала да го убие Тот“, кажа адвокатот.

Василески образложи дека Клементина се бранела.

„Пред донесување на одлуката, му предлагам на судот да има предвид што претходело на кривично-правниот настан, односно што го предизвикало истиот. Имено, од распитот на сведоците може да се заклучи дека токму оштетениот го предизвикал кривично-правниот настан и тоа со грубо малтретирање на обвинетата Клементина, која била буквално жртва на сега починатиот. Тој правел проблеми во дискотеката, имал агресивни испади, викал на повисок тон“, додаде адвокатот.

Македонија

Ковачевски: Политичари како Костадинов не се пожелни во Македонија

Објавено пред

Македонскиот премиерот Димитар Ковачевски денеска во Штип изјави дека политичари како бугарскиот пратеник Костадин Костадинов не се пожелни во земјава.

dobivaj vesti na viber

Ова доаѓа откако Костадинов вчера при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје изјави дека Бугарија и Македонија се две држави со еден народ, со заедничко минато.

„Како што министерството за надворешни работи, но и министерката за култура го осудија, така и јас го осудувам непримерното однесување на Костадинов. Непримерно е човек кој што е дојден како гостин во оваа држава да се однесува на таков начин. Вчера беше чин на отворање на Бугарски културен центар во Скопје, така како што личи, на ист начин како што кажав дека ќе отвориме македонски културен центар во Благоевград, каков што имаме и во Софија. Такви политичари како тој вчера и уште еден што мене ми правеше видеа воопшто не се пожелни во нашата држава бидејќи нивната политичка агенда е ширење на немир и нетрпение помеѓу двете држави и народи само поради свој политички интерес. Тие воопшто не мора да доаѓаат тука” – одговори Ковачевски на новинарско прашање.

Инаку, бугарскиот пратеник и лидер на партијата „Преродба“ вчера меѓудругото рече дека „Секој Бугарин во Бугарија ја сака Македонија, ние сме еден народ, зборуваме еден јазик и имаме заедничка култура. Јас ништо не ве убедувам, имате глава на рамењата“.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура

Објавено пред

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми извршија увид на делницата Крупиште-Кочани, што претставува втора фаза од изградбата на новиот експресен пат Штип-Кочани. Оваа делница е во должина од 13,75 км и согласно динамиката на работа истата треба да биде наскоро готова и ставена во функција.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Ковачевски истакна дека градежните работи се одвиваат со задоволителна динамика за овој период од годината, и до овој момент имаме 96% реализација.

„Со изградбата на експресниот пат се овозможува брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани, со што ќе се забрза и олесни патувањето за граѓаните од овој крај, ќе се намалат километрите пат и времетраењето на патувањето, но најважно од сѐ ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Изградбата на современа патна инфраструктура во земјата е еден од приоритетите на оваа Влада. Како и во изминатите години. И во време на пандемија и сега во услови на најголемата светска економско – енергетска криза интензивно се работеше на изградбата и реконструкцијата на главните патни делници во земјата. Темпото и динамиката продолжуваат и понатаму. Во источниот дел на државата резултатите од работата се особено видливи. Речиси и да нема патна врска која не е рехабилитирана во овој регион. Модерната патна инфраструктура е важна и за граѓаните и за компаниите но и за новите инвеститори. Новите инвестиции значат и нови, подобро платени работни места, а за тоа да се случи, квалитетните патишта се еден од предусловите. Затоа и изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени. Изминативе пет години, Владата изгради патишта во должина од околу 1.300 километри, значи двојно повеќе од претходниот десет годишен период, кога биле направени само околу 650 километри“, рече Ковачевски.

Министерот Бочварски рече дека со изградбата на експресниот пат до Кочани го подигнуваме животниот стандард на преку 170 илјади жители од Источниот регион, создаваме поволни услови за развој и регионално поврзување.

„Изградбата на патиштата е стратешки приоритет на кој остануваме целосно посветени заради забрзан економски развој на целата држава, во услови кога светот е во огромна економска криза. Но и во такви услови успеавме силно да ги движиме капиталните проекти и да обезбедиме континуитет”, рече Бочварски.

Директорот на ЈПДП, Рустеми рече дека експресниот пат е со висок квалитет на градба.

„Ширина на патот е 11,4 метри, ќе има четири ленти, и тоа по две коловозни од по 3,5 метри и две ленти за застанување од по 2 метри, како и две рабни ленти од по 0,20 метри. Максималната брзина на движење на експресниот пат меѓу Штип и Кочани ќе биде 110 километри на час. Изведувач на градежните работи е „Синохидро“ од Република Кина, а надзор е „Патинвест инженеринг“ АД Софија Република Бугарија. Во моментот се поставува сигнализација, осветлување на клучките, еластична одбојна ограда и се асфалтираат последните 700 метри“, рече Рустеми.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино

Објавено пред

„Нема крај на криминалите и сомнителните зделки во електро енергетскиот систем воден од СДС. Ова е договор тежок 632.000 евра со којшто РЕК Битола набавува од семејна фирма на директорот на ТЕЦ Неготино! Тој е единствен понудувач, а според РЕК Битола, „оваа набавка е неопходна за превенција за заштита од емисии на прашина на отворено, особено при високи температури, суво и ветровито време“, така е наведено во одговорот од РЕК Битола за медиумите“ соопшти денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

Тој посочи дека „на 20 октомври АД ЕСМ за потребите на РЕК Битола склучува договор за јавна набавка на стоки со семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино и висок функционер во СДС, Небојша Стојановиќ од Неготино, „Хем алијанс“ со седиште во Пепелиште. Сопственик на фирмата е неговиот татко, а управител неговата сопруга Милица Стојановиќ. „Хем алијанс“ се обврза во наредните 12 месеци за потребите на РЕК Битола да набавува „чисто органско биоразградливо соединение за спречување на појава на прашина од одложена пепел (РЕК Битола)“. Вредноста на овој договор со ДДВ е 39.117.000 денари. Потписник во име на РЕК Битола е директорот Пеце Матевски“.

„Зошто во услови на тешка криза енергетска и финансиска сега се прави набавка за суви, топли денови? Дали причината е токму присоединувањето на ТЕЦ Неготино, управувано од кадар и функционер на СДС со АД ЕСМ, односно да се фати последниот воз за набавка? Дали сега кога имало само еден понудувач не можело да се прекине постапката? Дали не било потребно да се запре постапката ако се има предвид дека единствен понудувач е семејната фирма на директорот на ТЕЦ Неготино?“ праша Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

Ковачевски: Вложуваме во современа патна инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавно претпријатие за државни патишта,...

Европа1 час

Одрон во Италија затрупа згради и автомобили, 13 луѓе се исчезнати

Неколку лица се водат за исчезнати на италијанскиот остров Искија, по лизгање на земјиштето предизвикано од силен дожд. Затрупани се...

Европа1 час

Лавров: Украинскиот народ ќе биде ослободен од неонацистичките владетели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во документарен филм емитуван денеска, рече дека Украинците заслужуваат пријателски однос со своите...

Топ2 часа

Царина: Запленети 12 килограми екстази вредни 200.000 евра

Инспектори од мобилните тимови на Царинската управа запленија 26 илјади таблети екстази со вкупна тежина од околу 12 килограми, 84...

Македонија3 часа

(Видео) Митева: Катастар пред банкрот, зголемување на давачките до 500 отсто

„Во услови на длабока сиромаштија, кризи и инфлација, СДСМ им воведе нови поскапи цени на услугите на Агенција за катастар...

Европа4 часа

САД распоредија осум беспилотни летала во Грција

САД распоредија осум беспилотни летала MQ-9 Reaper во Грција, објави Пентагон. Беспилотните летала се распоредени во воздухопловната база Лариса, дознава...

Свет5 часа

Канје Вест: Го поканив Трамп да биде мој потпретседател, тој врескаше по мене

Американскиот рапер Канје Вест објави дека му рекол на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ќе биде одличен кандидат за негов...

Економија6 часа

СДСМ: 2023та ќе биде година за економска пресвртница, на нова надеж

„Економскиот пресврт наредната година е реална, остварлива цел, што ја потврдуваат сите економски показатели. Проекцијата на ЕБОР е дека македонската...

Свет6 часа

Џинпинг до Џонг-ун: Подготвени сме да соработуваме за мирот, стабилноста, развојот и напредокот на регионот и светот

Кинескиот претседател Си Џинпинг му рекол на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун дека Пекинг е подготвен да соработува со Пјонгјанг за...

Македонија6 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија во топ 10 земји по инфлација на храната, народот ќе трпи за леб

„Поради владата на СДС и ДУИ, Македонија се соочува со економска катастрофа и драстично осиромашување на народот. Тоа го покажува...

Европа6 часа

Зеленски првпат од почетокот на војната јавно го критикува Кличко

Во ретко јавно несогласување меѓу украинските лидери, претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко дека не ја...

Европа6 часа

Столтенберг: Берлин сам да одлучи дали ќе го испрати ракетниот систем „Патриот“ во Украина

Откако Полска неодамна предложи противракетните системи „Патриот“ што ги нуди Германија да и бидат предадени на Украина, генералниот секретар на...

Македонија19 часа

Нема договор помеѓу историчарите од Македонија и Бугарија за Охридската архиепископија

Дводневниот состанок на мешовитата Комисија за историски прашања во Скопје заврши вечерва без договор. Единствената тема на која членовите на...

Свет20 часа

Велика Британија: Путин е очаен поради својата војска, затоа ја уништува инфраструктурата на Украина

Руските воздушни напади врз критичната инфраструктура на Украина се знак на очај на рускиот претседател Владимир Путин, изјави британскиот министер...

Економија21 час

„Скопје Север“ исклучено од системот за гас по забраната од Град Скопје да користи мазут

Друштвото „Скопје Север“ АД информира дека денес е исклучено од системот за пренос на природен гас. „Во согласност со договорот со...

Македонија21 час

МНР ја осуди изјавата на Костадинов, кој рече дека Македонија е втора бугарска држава

Министерството за надворешни работи соопшти дека ги осудува иредентистичките изјави, кои содржат и територијални претензии кон Република Северна Македонија, искажани...

Свет22 часа

Германија планира да ја олесни процедурата за добивање државјанство

Германската министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер, презентира делови од предлог-законот што треба да го олесни стекнувањето германско државјанство и...

Македонија22 часа

Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Македонија е втора бугарска држава

Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов на отворањето на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје го повтори радикалниот став дека Македонија е...

Македонија24 часа

Мијалков доби ослободување за случајот „Трезор“, Апелација го врати предметот на повторно судење

Сашо Мијалков по година и пол од изречената осум годишна казна затвор, доби ослободување за случајот „Трезор“. скопска апелација, го...

Регион1 ден

Ученик во Србија му се заканувал на професорот, го гаѓал со тестот во лице

Инцидент се случил во техничко-сообраќајното училиште во Владичин Хан во четвртокот за време на полагањето за возачи од Б категорија....