Контакт

Македонија

Адвокатите на Јанева бараат одлагање на „Рекет“ поради нејзината здравствена состојба

Објавено пред

Адвокатите на Катица Јанева поднеле барање за одлагање на денешното рочиште за „Рекет“. Како причина е наведено дека обвинетата користи мерки од Владата за спречување на ширење на коронавирусот, со оглед дека според нејзината здравствена состојба, таа е во ризичната група граѓани.

Во поднесокот е наведено дека станува збор за хронична здравствена состојба. Но, освен поради здравјето на Јанева, одлагање се бара и поради друга причина, односно здравствената состојба на еден од нејзините адвокати.

Одлука на ваквиот предлог треба да донесе судијката Васка Николовска-Масевска, која го води процесот по овој предмет. Таа треба да го отповика барањето за спроведување на Јанева од куќен притвор, доколку одлучи да го прифати барањето.

На денешното рочиште е планирано да сведочат дел од обвинителите од СЈО. Таа предложи 13 од нив, меѓу кои Ленче Ристоска, Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Трајче Пеливанов.

Македонија

Целосно реновирани двете операциони сали во гинеколошко-акушерската болница во Чаир

Објавено пред

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир првпат по четири децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали. Станува збор за реконструкција на простор на површина од 420 м2, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување, во вредност од 86.061.823 денари.

Паралелно со активностите за реконструкција и обезбедувањето нова медицинска опрема, во континуитет се врши и надополнување на кадарот и унапредување на експертизата на вработените. Во последните три години во болницата се примени вкупно 46 здравствени работници, од кои 11 доктори, 13 медицински сестри, пет акушерки и останат медицински и немедицински кадар. Исто така, се одобрени пет специјализации, две од областа на анестезиологија и по една за медицинска биохемија, болничка педијатрија и гинекологија и акушерство

Значајна новина е и почнатата гасификација на котелот за парно греење во оваа јавна здравствена установа. Со години наназад, стариот котел беше загадувач во градот Скопје. И во услови на пандемија со Ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи и подобра здравствена грижа за сите граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен e возачот

Објавено пред

Синоќа во атарот на селото Стојаково полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи и миграција- Југ при Бирото за јавна безбедност забележале товарно возило со скопски регистарски ознаки, кое се движело по земјен пат од селото Стојаково кон регионалниот пат Гевгелија – Богданци.

Кога се вклучило на патот и се упатило кон Гевгелија, полициските службеници дале знак за запирање на возилото. При контрола, во возилото биле пронајдени 211 мигранти од Бангладеш и Пакистан. Од нив 144 се од Бангладеш, а 67 од Пакистан. Од вкупниот број на пронајдени мигранти 63 се малолетни лица.

Мигрантите биле пренесени во Прифатниот транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а возачот Е.П.(27) од Скопје биле приведен во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Митрески од Струга: Инвестициите во младите, се инвестиции во нашата иднина

Објавено пред

Ко-носителот на листа во Изборната единица 5, Јован Митрески оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентираше мерките за поддршка на млади кои владата предводена од СДСМ ги презема во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и разввојот на претприемаштвото.

„Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество. Од сега треба секој од Вас да го даде својот влог и младите да бидат тие кои ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво. Младите се приоритет на оваа влади и ќе останат да бидат.

Секој од Вас е важен во развојот на нашата земја затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат.На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука“, рече Митрески.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Секој десетти заболен од ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции со ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни, биле меѓу здравствени или...

Регион2 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија2 часа

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство, Венко Филипче, информира дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на Ковид-19 наесен во однос...

Македонија3 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет3 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет3 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија14 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија14 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет15 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион17 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија19 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија21 час

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија21 час

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија22 часа

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион22 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија22 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион1 ден

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ1 ден

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура1 ден

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Досие