Контакт

Македонија

(Видео) Адвокатите на Јанева: Не ни беше дозволено да ја видиме изјавата на Кичеец, увидот ќе продолжи утре

Објавено пред

Адвокатите на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев, по четиричасовниот увид во доказите за случајот „Рекет“, изјавија дека не им било дозволено да го видат исказот на Зоран Милески-Кичеец, кој засега е осомничен во случајот, но му беше укинат притворот минатата недела.

„Не ни беше даден на увид исказот на Милески. Има повеќе искази, но ниту еден не видовме. Ние сметаме дека имаме право на тоа исто како што имавме право да ги видиме исказите од сведоците“, рече Кадиев.

Како што информираа двајцата адвокати, увидот во доказите не е завршен и ќе продолжи утре и наредната недела. Тие исто така истакнаа дека сè уште ги немаат видено ПИ-мерките под кои била Јанева во текот на предистражната постапка.

Обвинителката Јанева денеска порано го напушти увидот поради дневниот ред и правилата во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари давајќи им овластување на адвокатите сами да ги разгледаат доказите.

Обвинителката Вилма Русковска неделава ја извести јавноста дека официјално истрагата за случајот е завршена.

Вчера, во Обвинителството исто така вторпат дојде и осомничениот Бојан Јовановски, кој бараше увид во доказите пред да го даде исказот пред обвинителката Русковска.

Според истрагата, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец во два наврата зеле 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра со ветување дека преку ексшефицата Катица Јанева ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството беа повикани бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов. Минатиот месец на распит кај Русковска беше и второосомничениот Зоран Милески-Кичеец.

Македонија

Поради снимање на филм, денеска и утре посебен сообраќаен режим кај хотел „Парк“

Објавено пред

Денеска и утре, во периодот од 18 до 06 часот на ул.„1732“, во непосредна близина на хотел „Парк“ во Скопје, поради снимање на филм, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на горенаведената сообраќајница, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

За таа цел, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива најавеното снимање.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казнети 172 возачи во Куманово

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово.

Притоа изречени се вкупно 172 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 28 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

Казнети 890 лица за неносење маска

Објавено пред

Полицијата вчера казнила 890 лица за неносење маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 890 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Маските се задолжителни во затворен простор и на отворено каде што не е можно да се одржи дистанца.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 минута

Едно лице загина во сообраќајка меѓу мотор и машина за сечење дрва во Ченто

Едно лице загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во скопската населба Ченто. Според информациите на МВР, во...

Свет1 час

Навални: Тврдам дека зад труењето стои Путин

Рускиот опозициски лидер, Алексеј Навални, за германски „Шпигел“ изјави дека не се сомнева дека рускиот претседател, Владимир Путин, стои зад...

Македонија2 часа

МОН: На првиот училишен час, нема посериозни пречки за одржување на онлајн наставата

Министерството за образование и наука е во постојана комуникација со тимот од ФИНКИ и Бирото за развој на образование којшто...

Македонија2 часа

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до...

Македонија15 часа

Објавен распоредот на телевизиските часови за учениците кои немаат компјутери

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да...

Регион21 час

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија22 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија22 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион23 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ24 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет24 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија1 ден

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија1 ден

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет1 ден

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет1 ден

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет2 дена

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија2 дена

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија2 дена

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија2 дена

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија2 дена

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Досие