Македонија
Адвокати за условната казна на струшкиот гинеколог: Доктор Менгеле од Струга пак ќе си тера како лекар, нема забрана да врши дејност
Адвокатите Јанаки Мировски и Александар Димитријевиќ, јавно ја искоментираа пресудата која ја донесе струшкиот суд за гинекологот Мухамед Асани во случајот за нелегалната ординација во која прегледувал. Димитријевиќ повикува на правда за Јалдиз Ваеповска, родилката која остана без органи. Митровски реагира зошто не му е изречена забрана да извршува дејност на докторот, кој и натаму работи во струшката болница.
„Докторот од Струга доби условна за работа на црно, а тек сега ќе се води процесот за лекарска грешка. Мора да се упати апел на одговорноста кон медицината како најтешка професија. Со санкционирање на непрофесионалноста се дава предност на сите квалитетни доктори кои оваа професија ја работат од хумани причини“, напиша адвокатот Димитријевиќ.
Митровски, медицинарот Aсани го нарекува „доктор Менгеле“, кој пак е германски лекар кого го именувале како „ангел на смртта“ поради неговите дејства во Аушвиц и другите концентрациони логори.
„Доктор Менгеле од Струга што и извади пола органи на родилката од Дебар, и покрај тоа што не призна вина и си тераше постапка, денес лабаво си доби условна. А да, и Лекарска комора не му ја зема лиценцата, не гледаат луѓето ништо спорно. Пак ќе си тера лекар бидејки не видов со пресудава да му се забранува да врши дејност“, пишува Митровски.
„Макфакс“ објави дека условна казна добил гинекологот Мухамед Асани, затоа што во нелегална ординација во неговата куќа, давал здравствени услуги, а меѓу клиентите беше и родилката Јалдз Веапоска, која подоцна остана без органи. Ова е исходот од првата кривична пријава која ја поднесе Државниот санитарен и здравствен инспекторат, а Веапоска во изјава за „Макфакс“ вели дека е задоволна од пресудата. Сега, гинекологот не смее да направи ново кривично дело во наредните четири години, во спротивно, ќе треба да лежи затвор од две години. Пресудата е изречена во струшкиот Основен суд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре протест поради загадениот воздух
Утре во Скопје протести поради загадениот воздух. Маршот започнува во 16 часот пред Министерството за животна средина, продолжува кон Собранието и завршува пред Владата на Република Македонија.
Од „Зелен хуман град“ предлагаат неколку итни мерки, но и повеќе среднорочни, за поефикасно справување со штетните честички во воздухот.
„Протестираме бидејќи секоја година од 3.828 до 5000+ луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7% од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух.
Бараме од надлежните институции итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на овие ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето“ велат од „Зелен хуман град“.
Македонија
Ловечко куче извадено од провалија од екипа на Планинската спасителна служба во Охрид
Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид спасила ловечко куче паднато во провалија од околу 50 метри.
Вчера добиле повик од група ловци, чие ловечко куче се изгубило. Поради сериозната експонираност на теренот, ловците побарал помош од ПСС, по што еден тим од двајца спасувачи веднаш излегол на терен.
„Со помош на околувратникот со вграден ГПС локатор, го лоцирале кучето на едно хоризонтално зарамнување од ископот на каменоломот во селото Речица, 100-тина метри од подножјето и околу 50 метри од горниот раб на ископот. Дополнителен проблем претставуваше тоа што кучето единствено соработува со неговиот сопственик, поради што бевме принудени во операцијата покрај припадникот на ПСС, да го обезбедиме и спуштиме до кучето и сопственикот. По неколку часа, кучето и сопственикот беа извлечени на сигурно и спуштени во подножјето на каменоломот“, соопшти ПСС Охрид.
„Вештините на планинските спасувачи, се единствени кои можат да спречат влошување на состојбите и предизвикување емотивен шок за луѓето, во случајов сопствениците на кучето, кои беа видно загрижени за неговата безбедност“, посочува Планинската спасителна служба.
Македонија
Црвениот крст од Кочани однесе помош за човекот кој на 112 пријави дека три дена е оставен без храна
Службите на Црвен крст од Кочани утрово однесоа помош до Ванчо Димитров, неподвижен човек во селото Видовиште откако тој вчера самиот се пријавил на бројот за итни случаи 112 дека е во многу лоша здравствена состојба и три дена е без храна. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) го пријавија случајот, но неколку институции се прогласиле за ненадлежни да му помогнат.
Црвениот крст кај Димитров дома однесе два хуманитарни пакети со конзервирана храна.