Контакт

Македонија

Адвокатот побара ослободување на Љупчо Палевски поради недостиг на докази

Објавено пред

Адвокатот на првообвинетиот Љупчо Палевски, Јовица Страшевски, побара неговиот клиент да биде ослободен од обвиненијата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Страшевски во завршните зборови истакна дека не е јасно наведено какви дејства презел Палевски, обвинителниот акт е контрадикторен и непрецизен и ја извртува вистината со намера јавноста и судот да добијат искривена слика. Рече дека Обвинителството не би можело да ги докаже своите тези ни во следните 10 години бидејќи Палевски не ги сторил убиствата.

„Нема докази и наместо Јавното обвинителство да ја сопре постапката, поднесе обвинителен акт со низа законски пропусти. Пресудата беше однапред најавена, дури и пред да почне постапката, а медиумите тоа го презентираа, без почитување на уставното право на пресумпција на невиност“, рече Страшевски во завршните зборови.

Адвокатот рече и дека судијата на претходна постапка одлучувал без доставени докази, само врз основа на обвинението, што е прекршување на Законот за кривичната постапка. Вели дека во обвинителниот акт, според листата на докази, не се наведени цврсти факти со кои надвор од разумен сомнеж се докажува дека Палевски ги организирал и извршил злосторствата.

Страшевки рече дека Обвинителството не го докажало ниту времето на убиството на Панче, а за убиството на Вања мотивот останал непознат. Од истрагата, истакна адвокатот на Палевски, останаа многу неодговорени прашања.

Најново

Забава25 минути

(Видео) Сопругата на Роналдо се почести со нов автомобил од 200.000 евра

Џорџина Родригез преку социјалните мрежи му откри на светот дека се почестила со скап автомобил – иако, за неа, цената...

Забава58 минути

Ќерката на Анџелина Џоли (18) откри низ што поминала поради нарушување во исхраната

Вивиен Маршелин Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, откри дека на почетокот на годината завршила во болница...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија2 часа

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура2 часа

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника2 часа

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника2 часа

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...

Македонија2 часа

Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во...

Регион2 часа

Додик присуствуваше на собир на движењето „MAGA“. „Не можев да поминам, сите постојано ме запираа“

Милорад Додик, лидерот на владејачката партија во Република Српска, денеска изјави дека е уверен оти сегашниот став на американската администрација...