Контакт

Крвав четврток

Адвокатот на обвинетиот Горанчо Ангеловски го напушти судењето за крвавиот четврток

Објавено пред

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok

Судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот за насилството во Собранието на 27 април 2017 година, даде еден час пауза за да му се обезбеди адвокат по службена должност на обвинетиот Горанчо Ангеловски, откако претходно адвокатот Тони Менкиновски, кој го застапуваше обвинетиот, рече дека немал доволно време за да ја подготви одбраната на неговиот клиент и поради тоа го повлече полномошното и ја напушти судницата. Менкиновски на судијката ѝ рече дека за ова ќе го информира комесарот за човекови права при Советот на Европа бидејќи немал време за подготовка на ефективна одбрана за неговиот клиент.

Судијката Кацарска, откако адвокатот го напушти судењето, рече дека не може со закани до судот да се влијае на неговата работа. Таа образложи дека обвинетиот имал ангажиран бранител, адвокатот Александар Огненовски, но на 20 јули годинава адвокатот го известил судот дека му го откажува полномошното на Ангеловски. Кацарска веднаш го известила обвинетиот дека има можност да избере нов бранител, но откако не добила повратен одговор, му назначила бранител по службена должност.

Судијката рече дека еден ден пред да почне судењето, адвокатот кој го напушти судењето, Тони Менкиновски, ја известил дека ќе го застапува Горанчо Ангелов. Судијката рече дека адвокатот не смеел да ја напушти судницата и да го остави обвинетиот без адвокат, за што ќе следи дополнителна реакција од судот.

Крвав четврток

(Видео) Заев за „крвавиот четврток“: На денешен ден си ја спасивме земјата од алчноста за власт

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев денеска даде изјава по повод насилниот упад во Собранието, којшто се случи на денешен ден пред две години.

„Денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси. На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата“, рече Заев.

Тој истакна дека 27 април потсетува и на обврската, да не се дозволи никогаш да се повтори газењето врз човековите права и слободи.

„27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред. Ова се времиња кога заедништвото и прогресот се единствената опција која и носи добро на нашата земја. Тоа треба да го потврдиме, со изразена силна граѓанска волја и свест дека нашиот единствен пат е напред“, рече Заев.

Првиот човек на Владата додаде дека народот секогаш носел исправни одлуки, а гласот на граѓаните е слушнат и е разбран.

„Сега е потребно секој да ја извади решителноста од себе и да постапи совесно, за доброто на своите деца и за добрата иднина на родната земја“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Еве ви доказ дали Чавков има вила, гулабарник или трло на Халкидики, рече неговиот адвокат

Објавено пред

Адвокатот на осудениот поранешен директор на БЈБ, Митко Чавко, Сашко Дуковски, на јавна седница во скопскиот Апелациски суд за мерката притвор, му достави извод од катастарот на Халкидики со која, како што рече, се потврдува дека Чавков таму не поседува вила, што беше една од основите за определување на оваа мерка.

„Полицијата се користи со небулози“, рече Дуковски и објасни дека првиот пат одлуката за притворот, наместо суедчкиот совет, ја донел кривинчниот совет на скопска единица.

„Семејството беше трудољубиво. Извадивме од катастарот на Халкидики документ, тоа е извод, јавна исправа од која се гледа дека Чавков дали има или нема вила на Халкидики, гулабарник, трло…”, рече Дуковски.

Адвокатот кажа дека за неговиот клиент постојат две мерки за обезбедување, одземен пасош и обврска за јавување во судот. Дуковски пред судот појасни дека за Чавков е понудена висока активна правосилна гаранција од 600 илјади евра во недвижен имот.

Адвокатот рече дека е сигурен оти судот ќе ја одбие жалбата на Чавков, но дека предметот ќе заврши во меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

„Македонија е казнета во Стразбур за предметот „Змиско око“ за формално донесени решенија за притвор“, рече Дуковски.

Адвокатката на осудениот Горан Ѓошевски Леви, Ружица Николовска, рече дека има двојна судска пракса, бидејќи во предметот „Труст“, каде што беше осуден Сеад Кочан, за него имала активна гаранција, поради која, за него не бил побаран притвор.

Вишата јавна обвинителка, Наталија Тасевска, рече дека останува на тоа за обвинетите да останат определените мерки за обезбедување присуство до правосилноста на пресудата.

Во скопскиот Апелацискиот суд, се одржа јавна седница за притворот што им го определи Кривичниот суд на осудените за собраниските насилства од 27 април 2017 година до правосилноста на пресудата. Судија известител на петчлениот совет е Енвер Беџети.

На 15 март, првостепениот суд осуди 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на вкупна затворска казна од 211 години. Жалби поднесоа Митко Чавков, Горан Ѓошевски Леви, Никола Митревски Кољо, Абдулфета Аљими, Душко Лазаров и др.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Јанакиески повикан на распит во обвинителство за крвавиот четврток

Објавено пред

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година. Тој е осомничен дека го организирал упадот во законодавниот дом.

Во февруари на Јанкиески му беше определен куќен притвор поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Обвинителството на почетокот на годинава отвори истрага против пет лица кои се сомничат дека се организатори на упадот.

Освен Јанакиески, како организатори се осомничени и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовки и Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК кој е во бегство.

Неделава на распит во Обвинителството беше и Вељаноски, кој по излегувањето од зградата кусо рече дека се одѕвал на поканата на и дека не направил увид во доказите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

На Табановце голема колона возила, нема струја на преминот

На граничниот премин Табановце, направена е долга колона на возила, бидејќи нема струја. Не е позната причината зошто нема струја,...

Политика2 часа

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален...

Регион3 часа

Автобус остана без покрив откако помина под мост во Пловдив

Немил инцидент ги вознемири утрово бугарските жители на градот Пловдив, кога автобус остана без својот покрив откако помина под еден...

Свет4 часа

Трамп: Му верувам на Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека и натаму му верува на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, наспроти пекинот...

Свет4 часа

(Видео) Торнадо срамни со земја хотел во Оклахома, има и мртви

Торнадо синоќа во доцните часови го погоди Ел Рено во Оклахома, пренесе „Фокс Њуз“. I’m in El Reno. I was...

Европа5 часа

Последен ден од европските избори, гласаат поголем дел од државите

Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа...

Свет19 часа

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет23 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија24 часа

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија1 ден

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија1 ден

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести1 ден

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа1 ден

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт1 ден

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа2 дена

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет2 дена

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет2 дена

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија2 дена

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Топ2 дена

Го погодило струја при обид за кражба на железничката станица во Трубарево

Момче на возраст од 20 до 25 години се здобило со висок степен на изгореници по телото при обид за...

Досие