Македонија
Адеми: Образовниот систем е најважен ресурс за напредок на Македонија

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, денeска оствари средба со Хери Патринос, раководител на секторот за образование за регионот на Европа и централана Азија на Светската Банка.
Како што информираат од ресорното Министерство, Адеми на средбата истакнал дека Светската банка е еден од најголемите поддржувачи и партнер во образованите реформи во Македонија.
„Навистина ги цениме извештаите што се подготвуваат и се поддржани од Светската банка, а се однесуваат на состојбите со образованието во нашата земја“, потенцирал министерот.
Тој посочил и дека македонската Влада има јасно поставена цел за градење квалитетен образовен систем.
„Свесни сме дека нашата земја нема друг и поважен ресурс за напредок. Нема енормни природни богатства. На глобалниот свет ние можеме да му конкурираме со понудено знаење, со идеи, со иновативност. Затоа мораме да вложуваме во образованието, во знаењето на секој поединец“, рекол министерот.
Од Министерството за образование и наука потеницраат дека во овој контекст една од успешните приказни е проектот за развој на вештини и иновации (СКИЛС-проектот).
„Целта на проектот е да се подобри транспарентноста во финансирањето и да се промовира отчетноста во високото образование, да се зголеми соодветноста на средното четиригодишно стручно образование со потребите на пазарот на труд и да се поддржи капацитетот за иновации на Република Македонија. Во текот на периодот на имплементација на проектот беа постигнати значајни резултати во спроведувањето на сеопфатната реформа на средното техничко образование и обука, програмата за доделување грантови на средни стручни училишта, што ја поддржува практичната обука на учениците, како и пласманот на финансиските инструменти за поддршка на иновации“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува приспоосбена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.
Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со мала локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, наутро посвежо, а преку денот топло.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северозападен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Македонија
Прекин со водоснабдување во скопската населба Пржино

Поради изведување одредени зафати, денеска во дел од денот прекин со водоснабдувањето ќе има во делови од скопската населба Пржино.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради поврзување од стара на нова мрежа на улицата Церска раскрсница со Христо Узунов во населба Пржино, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Церска и дел од Христо Узунов, и тоа од 8.30 часот до санирање на дефектот.