Контакт

Македонија

Адеми предлага децата да одат на училиште, се разгледуваат три модели за настава

Објавено пред

Комисијата за заразни болести размислува, а Министерството за образование и наука се противи наставата во новата учебна година да се спроведува онлајн.

Министерот Арбер Адеми вели дека онлајн-настава ќе има само доколку Министерството биде принудено да се определи за ваков начин на спроведување на образовниот процес.

Тој посочи дека засега се разгледуваат три модели за настава, од кои, во текот на наредните денови ќе треба да се одреди кој ќе се спроведе.

„На состанокот на Комисијата за заразни болести е дискутирано за одвивањето на наставата во новата учебна година. Разгледани се моделите за организирање на наставата и аргументите за секој модел, заедно со предностите и ризиците од секој модел. Конечна одлука, односно заклучок, нема ниту во Комисијата за заразни болести. Ќе продолжат консултациите. За ова прашање, разговаравме и на седница на Владата. Имавме широка работна група, првиот модел е организирање и реализирање на наставата со физичко присуство, вториот е далечинско учење и третиот модел е комбиниран. Во МОН преовладува мислењето дека треба да се организира настава со физичко присуство, но секогаш имајќи ги предвид епидемиолошката состојба и условите во училиштата. Тоа значи дека секаде каде што ни дозволува епидемиолошката состојба со физичко присуство и каде што има услови да се организира наставата со физичко присуство, а имајќи ги предвид протоколите што сме ги подготвиле, тогаш треба да се организира наставата на таков начин“, рече Адеми.

Сепак, според него, одлуката ќе се донесе според епидемиолошката состојба во земјата.

„Нашиот став е јасен, нема замена за наставата организирана со физичко присуство, но сепак треба да водиме сметка за здравјето на учениците и да водиме сметка за епидемиолошката состојба. Наставата со физичко присуство би се одржала со конкретни мерки и упатства за безбедна настава. Во училиштата каде што се пребукирани, таму треба да има дел онлајн-настава, а дел со физичко присуство. Тоа значи дека ќе се поделат училниците со помал број ученици, една група би следела настава со физичко присуство, а во исто време другата група преку средства за електронска комуникација би ја следеле наставата во реален час, а доколку не може, лекциите би се поделиле од националната платформа, каде што се обработени темите и содржините. Исто така, ако би се одлучиле наставата да се одржи со физичко присуство, а имаме деца што имаат хронични болести или респираторни болести, тие би можеле преку средствата за електронската настава да ја следат наставата. Сè зависи од епидемиолошката слика, ние сакаме да се обезбеди најбезбедниот модел водејќи сметка за образовниот процес и здравјето на учениците. Најлесно е да се определиме за онлајн-настава, но пак ќе повторам, само ако бидеме принудени и нема друг начин, би се определиле за ваквиот модел, за вакво организирање на наставата“, додаде министерот.

Македонија

Османи: Продолжуваме со заложбите за промоција на безбедноста и стабилноста

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на виртуелниот министерски состанок на алијансата за мултилатерализмот во организација на министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан, и федералниот министер за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас, на маргините на 75. Генерално собрание на Обединетите нации.

„Како 30-та земја членка на НАТО и земја во пресрет на формално почнување на преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината, Северна Македонија со нова посветеност и решителност ќе продолжи со своите заложби за промоција на безбедноста, стабилноста и одржливиот развој, глобално и регионално, заедно со своите сојузници и партнери“, истакна министерот Османи реафирмирајќи ја посветеноста на земјата кон мултилатералната соработка како еден од клучните приоритети на надворешната политика на Северна Македонија.

На министерскиот состанок, посветен на зајакнувањето на мултилатерализмот, беше изразена силна поддршка на меѓународната соработка, меѓународниот правен поредок и меѓународните институции во функција на заедничко и координирано надминување на глобалните предизвици, со посебен фокус на пандемијата.

Исто така, беа разгледани повеќе иницијативи во однос на меѓународната соработка во сегментот на здравството, климатските промени, сајбер-безбедноста и родовите аспекти.

Прикажи повеќе...

Македонија

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Објавено пред

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија, Борут Пахор, кој престојува во дводневна посета на земјата.

Тој денеска оствари повеќе средби со државниот врв.

На состанокот што се одржа попладнево со премиерот Зоран Заев, Пахор ги поздрави остварените договори за добрососедство и пријателство со Бугарија и преспанскиот договор со Грција.

Премиерот Заев, изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Словенија, истакна дека средбата ги реафирмира одличните билатерални односи меѓу двете земји, нивното сојузништво во НАТО и поддршката во процесот на пристапувањето во Европската Унија.

Претходно, Пахор и македонскиот претседател, Стево Пендаровски, положија венци на гробот на Гоце Делчев. Ова се случува во време кога револуционерот е тема во односите меѓу Македонија и Бугарија. Пахор истакна дека првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и ЕУ треба да се одржи што е можно побргу, а одложувањето ќе го отежни наоѓањето компромис меѓу Скопје и Софија.

„Мојата денешна посета тука во Скопје не е случајна, времето на оваа посета не е случајно. Го избрав затоа што сакам како претседател на една од 27-те држави особено да нагласам дека сега е вистинска можност да не се одложува почнувањето на меѓувладината конференција“, рече Пахор додавајќи дека сега време за солидарност меѓу членките.

На средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери, Пахор порача дека патот до ЕУ не треба да го кочат неправедни условувања.

Словенечкиот претседател утре ќе ја продолжи својата официјална посета во Охрид.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арбер Исаку е новиот заменик-претседател на Советот на јавните обвинители

Објавено пред

Обвинителот Арбер Исаку е избран за заменик-претседател на Советот на јавните обвинители во следните две години. Одлуката е објавена на веб-страницата на Советот.

Тој доаѓа на местото на досегашниот заменик-претседател Меџит Јусуфи, а оваа функција ја извршуваше и во периодот од 2016 до 2018 година.

Има работено како судски преведувач во Основниот суд Тетово, бил советник во владата во 2009 година, а потоа и советник во Собранието. На 1.5. 2016 година е избран член на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија. На 22.9.2016 година е избран за заменик-претседател на Советот на jавните oбвинители на Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија8 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа10 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија11 час

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија14 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија15 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа16 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија18 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија18 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет18 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија19 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија19 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион20 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет20 часа

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет21 час

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет21 час

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Македонија21 час

Заев: Бруталноста од полициски службеници врз граѓани Роми е за најсилна осуда

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент, во кој полицајци брутално тепаат Роми. Според него, таквото однесување е срамно за...

Регион21 час

Албански претседател: Косово гарант за безбедноста на Балканот

Претседателот на Албанија, Илир Мета, на 75. заседание на ООН изјави дека членството на Косово во ООН би било корисно...

Свет1 ден

Гутереш: Вирусот се шири во сите правци, потфрли заедничката соработка

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска изјави дека светот не успеал да соработува во борбата против пандемијата на Ковид-19....

Топ2 дена

(Видео) Во Визбегово пронајдена мини лабораторија за масло од канабис, уапсени три лица

Попладнево, околу 15 часот, Единицата за недозволена трговија со дрога извршила претреси во скопско Визбегово, при што пронајдена била мини...

Досие