Македонија
(Видео) Активистите до Сугаревски: Барате да ве коригираме кога грешите, а не нè слушате

Дебатата за гасоводот што треба да поминува низ Водно почна со обраќање на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски, кој повтори дека ќе ги запазат сите законски процедури, на што активистите му рекоа дека тој проектот го наследил и поради тоа треба да се направи ревизија, за која никој до сега не слушнал.
„Со новиот предлог се намалува трасата од 25 на 10 метри, а за сечата ќе се изврши петпати повеќе пошумување. Треба да се има предивд дека за секоја промена на трасата измени треба да трпи и документацијата. Овој проект е финансиран од кредити и може да има последици“, рече Сугаревски.
Активистката Татјана Стојановска вели дека има низа недоследности и правни недостатоци, а работите се веќе почнати.
„Вие не сте обезбедиле основни начини за контрола. Не е в ред да имате вакви грешки. Барате од нас контрола и да ви укажуваме на грешките. Како кога ние ви укажуваме и сè останува исто“, рече Стојановска, која побара од Сугаревски ресорното министерство да презентира зошто трасата преку Водно е единствена и не може да се промени.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, и министерот Горан Сугаревски повторија дека со гасоводот и со воведувањето на природниот гас ќе се намали загадувањето, ќе се придонесе за заштита на животната средина, а бенефит ќе имаат и компаниите.
„Гасификацијата е од огромно значење за сите граѓани, а ќе придонесе за заштита на животната средина. Поздрава животна средина и бенефит за компаниите. Проектот го наследивме и рековме дека ќе го реализираме за граѓаните на Македонија, но не по секоја цена. Важно е да најдеме конкретни решенија. Нашите компании ќе бидат пококурентни ако им овозможиме поевтини реагенси“, рече Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека осудениците од Диво Насеље од затворот му слугуваат на премиерот Зоран Заев со цел да бидат пуштени на слобода или да добијат помала казна.
„Ова е уште еден обид јавноста да се дефокусира од сите овие недела кои ги први оваа криминална непотистичка и насилничка власт. Луѓето се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев надевајќи се дека тој може со неколку потези да измени закон доколку тоа му е неопходно на него и тие околу него. Претпоставувам бараат милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму“, вели Мицкоски.
Лидерот на најголемата опозициска партија додаде дека ваквата изјава од луѓе кои се соочуваат со затворска казна која е резултат на она што го сторија во Диво насеље е грозоморна и монструозна.
„Обично кукавиците преку Фејсбук се закануваат по луѓе и политичари, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат помала казна. Сте сториле нешто, има да одговорате за тоа“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател, професорката Гордана Силјановска Давкова во просториите на ДИК во општина Карпош.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Поддршката за Силјановска е поддршка за правната држава

Доколку владејачкото мнозинство и Зоран Заев веруваат во правна држава нека исполнат барем едно нивно ветување од предизборната кампања, а тоа е да го сменат актуелниот јавен обвинител и да поддржат нов по предлог на опозицијата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека секојдневно се крши правото во Македонија и има неправилности во правосудниот систем.
Правната држава моментално функционира на начинот ‘дајте ми човек ќе креирам обвинение’, вели Мицкоски.
Според него постои само еден начин тоа да се промени, а тоа е поддршка за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска.
„Прв чекор за враќање на правната држава е граѓаните масовно да се придружат и да ја поддржат Гордана Силјановска Давкова. Со тоа ќе ги исчистиме деспотизмот, ќе ја вратиме правната држава. По победата на претседателските избори на 21 април, почнува падот на оваа влада“, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска дојде во просториите на ДИК во општина Карпош каде се потпиша и даде поддршка за кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова. Тој од групата граѓани кои исто така беа дојдени да ја поддржат Силјановска беше пречекан со аплауз. Во просториите на ДИК поддршка за Силјановска даде и поранешниот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.
Претендентите за претседателски кандидат имаат рок од 15 дена да соберат 10 илјади потписи.
Македонија
Град Скопје: По десет години се чистат каналите и езерцата во градскиот парк

Екипите на Град Скопје и на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“ спроведуваат акција за комплетно чистење на каналите и на езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк. Од Град Скопје велат дека езерцата не биле исчистени десет години.
Деновиве се чисти каналот што носи вода до езерото во првиот дел од Градскиот парк. Во акцијата се отстрануваат насобраните лисја, милта, наносите од земја и отпадоците, за да може езерцето да се наполни со вода. Се чисти и каналот што носи вода до целиот езерски систем во паркот. Како дел од овие активности се отстрануваат и исушените и искршени гранки на околните дрвја кои претставуваат опасност за посетителите на паркот.
Град Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал
- Македонија2 месеци
(Видео) Кога општеството потфрла, кучето Бен му помага на момчето со церебрална парализа