Македонија
Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Во периодот од 24 до 28 јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното собрание на Совет на Европа во хибриден формат поради состојбата со корона-пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската народна партија во Парламентарното собрание на Совет на Европа.
Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски, на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка.
Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на Македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото.
ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија, пред сè претседателката на Европската комисја, Урсула фон дер Лајн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани се 266 нови позитивни ковид случаи – нема починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 953 тестови, а регистрирани се нови 266 случаи на КОВИД-19: Скопје – 168, Куманово – 17, Битола – 14, Тетово – 12, Прилеп и Штип – по 9, Гостивар – 7, Кочани и Пробиштип – по 5, Кавадарци и Кичево – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Струга и Радовиш – по 2, Неготино и Ресен – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (266), регистрирани се 64 реинфекции.
Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од: Скопје – 73, Битола – 7, Прилеп и Кочани – по 6, Струмица и Велес – по 5, Куманово и Кавадарци – по 4, Тетово – 3, Гостивар и Виница – по 2, Пробиштип и Делчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин нема регистрирано починато лице.
Досега во земјата бројот на починати е 9.327, а бројот на активни случаи изнесува 1.273.
Македонија
(Видео) Партиска средба за разгледување на францускиот предлог

Во Клубот на пратениците во тек е средбата на работните групи на политичките партии за разгледување на францускиот предлог чие евентуално прифаќање би значело тргање на бугарското вето за почеток на преговори на земјата со Европската унија.
Партиските претставници се очекува да ги изнесат своите ставови и забелешки за предлогот.
Оваа група ја сочинуваат вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, пратениците Антонио Милошоски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми, Елми Азири од Алијанса на Албанците и пратеникот Павле Трајанов, како претставник на ЛДП, ДОМ и ДС.
Македонија
СДСМ: Ковачки е дезертер од Армијата, избра да им служи на деструкциите на Мицкоски

„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица со насилството на протестите изминатите два дена, со дивеење на насилници со качулки, повредени полицајци, со каменување, фрлање запаливи течности, уништување го покажува своето вистинско лице и вистинска цел да создаде тензии, поделби и раздор, да се закочи целата држава“ се вели во реакцијата од СДСМ на денешната прес-конференција на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Ковачки е дезертер од Армијата кој избра да им служи на деструциите на Христијан Мицкоски.
Наместо да шири лажни вести Ковачки да одговори дали токму тој е координатор на поранешни припадници на единицата Волци кои синоќа ги предводеа насилствата, во обид да предизвикаат реприза на 27 април?“ велат од владечајката партија.