Контакт

Крвав четврток

Алексиќ: Обвинителството поставува наведувачки прашања за Зеќири

Објавено пред

Адвокатката Сања Алексиќ и уште неколку адвокати на денешното рочиште за 27 април упати приговор за начинот на кој обвинителката Вилма Русковска ги поставува прашањата упатени кон сведокот Мухамед Зеќири.

„Секое прашање од типот ‘дали ова или она’ е наведувачко“, рекоа адвокатите на обвинетите.

На денешното судење за насилниот упад во Собранието на 27 април минатата година пред судот сведочат пратеникот Мухамед Зеќири и актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

Виктор Јованов

Крвав четврток

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Објавено пред

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во Собранието, воедно и сведок во процесот за случувањата од 27 април минатата година.

Во еден од разговорите што ги презентира обвинителката Ивана Трајчева помеѓу Весна Герговска и Коцевски, Герговска на 27 април во 14.10 часот му пишува порака: „Ве молам, лицата за интервентни ситуации и сите други што можете, известете ги, да бидат на готовс во секој момент, ќе дадеме насоки, ве молам за сериозност“.

Претходно, истиот ден во 13.14 часот Герговска го известува сведокот членовите да се соберат пред Музејот на ВМРО во 16.40. Оваа порака за собирање на членството во 16.40 часот пред Музејот на ВМРО, Герговска речиси секој ден му ја испраќа на Сашко Коцевски уште од 13 март 2017 година, при што повикува за се поголем одѕив и повик на членството од месните комитети и администрацијата.

Од пораките може да се забележи дека секојдневно било повикувано членството на ВМРО-ДПМНЕ масовно да излезе на протестите „За заедничка Македонија“, иако во тој период организаторите на протестите велеа дека тие не се партиски и дека немаат врска со ВМРО-ДПМНЕ, туку дека се работи за револтирани граѓани од тиранската платформа.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Објавено пред

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во Собранието, лицето потпишано како „колешка Чаир“ во мобилниот телефон на пратеникот Крсто Мукоски, во 18.14 часот на 27 април 2017 година пишува: „Дај боже, да влеземе, да ги затепаме, ихаааа. Од 13.30 чекаме, хахахахахахах…“

Во 18.49 часот истиот контакт во групата пишува: „Влезе народот. Влеговмееее, ајде пратеници“.

Во 18.53 часот лицето „колешка Чаир“ вели: „Отворете ги предните вратииии“.

Една минута подоцна истиот контакт во групата пишува: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте дечки вратите“.

Во 19.15 контактот потпишан како „колешка Чаир“ во групата каде што членуваат пратениците вели: „Пуштајте клима, изгинаа луѓево“.

Рочиштето за крвавиот четврток продолжува со читање СМС и вибер-комуникации од телефонот на Крсто Мукоски со разговорот помеѓу пратеникот и поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, каде што пратеникот се распрашува за снимките од безбедносните камери од Собранието.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Објавено пред

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата помеѓу поранешниот министер Миле Јанакиески и пратеникот Крсто Мукоски, во 18.19 часот ексминистерот му вели на пратеникот: „Алал вера за денес, брат“, на што Мукоски одговара: „Фала ти, мора малку да е тензично надвор за да се префрли фокусот таму оти тука се сите камери, тензично е. Цело време го прашуваат Заев неговите што да прават“.

Во 18.38 часот Мукоски му пишува на Јанакиески: „Ќе направиме проблем, нека почнат тие први“.

Во 19.10 часот Јанакиески му вели на Мукоски: „Качете се дел во прес-салата, каде што е Заев“.

Претходно на 27 април на почетокот на седницата, Крсто Мукоски, го информира Миле Јанакиески дека Заев се јавил за процедурално, на што ексминистерот му одговара: „Одете по нив кај и да се движат“.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт5 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа8 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести9 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија9 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет11 час

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија12 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски14 часа

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет14 часа

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион15 часа

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет16 часа

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Свет1 ден

(Видео) Девојка се разнесе пред полициски пункт во Чеченија

Девојка се разнесе со експлозив пред полициски пункт во главниот град на Чеченија, Грозни. Никој друг не е убиен, ниту...

Бегството на Груевски1 ден

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија1 ден

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 дена

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 дена

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија2 дена

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate2 дена

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести2 дена

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Досие