Контакт

Македонија

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката

Објавено пред

Применаата на вештачка интелигенција има голем потенцијал да ја подобри дијагностиката, персонализираната медицина, откривањето нови лекови и молекули кои ќе овозможат одредени болести многу подобро да се лекуваат со помалку нус појави. Исто така, таа ќе помага во намалувањето на времето коешто лекарите и медицинскиот персонал го трошат на административно работење. Ова се дел од заклучоците од овогодишното издание на „HEALTH INNOVATION EXPO 2025“ – најсовремениот Саем за медицина, стоматологија и фармација, кој денеска и утре се одржува во Скопје.

dobivaj vesti na viber

На Саемот беше посочено дека вештачката интелигенција треба да биде интегрирана заедно со медицинскиот персонал со лекарите и таа ќе даде дополнителна вредност, односно дополнителна способност и вештина на медицинските лица во обезбедување подобра здравствена заштита на самите пациенти, а не нивна замена.

 

Министерот за здравство, Азир Алиу истакна дека дигиталната трансформација во здравствениот систем не е едноставна, бидејќи, како што рече, еко-системот во секоја земја е комплициран.

-Ценам дека чекалните со пациенти кои имаат папки и ќесиња со документи треба да биде минато, историја. Знаете дека еден од клучните пет столба кои ги имаме како Министерство е дигиталната трансформација. Дигиталната трансформација во здравствениот систем не е едноставна, бидејќи еко-систем како во секоја земја е комплициран. А кога се прави свичување од еден во друг процес, дигитализирање на процесите, тогаш треба и обуки и заеднички пристап и на приватните и државните институции со цел таа дигитална трансформација да не биде скенирање и дигитализација на документи, туку да донесе автоматизирани и дигитализирани процеси во здравството, рече тој.

Министерот нагласи дека за да имаме алгоритми што обработуваат и алармираат за некој процес во здравството, вие морате да имате интегриран систем кој што црпи податоци од секоја здравствена институција во државата.

 

-Првиот наш чекор беше тоа – мапирање на здравствените институции и од аспект инфраструктура, човечки капацитети и сервиси коишто ги нудат. Еден од податоците веќе е јавно достапен на нашата веб-страна и веќе имате податоци за здравствени институции обработени од нашиот систем. Многу скоро, најверојатно за недела-две ќе имаме прес-конференција за човечките капацитети во државата кои ги кластериравме на доктори, медицински сестри, технички персонал. Врз основа на тие податоци на човечки ресурси, ние ќе треба да дефинираме и мапираме кој тип на протоколи ќе ги дефинирани, а поврзани со дигиталните процеси во здравството. И понатаму сите алгоритми поврзани со вештачката интелигенција ќе бидат алатки коишто ќе помагаат на дневна основа и за медицинскиот персонал и за докторите, но и за пациентите. Тие се алатки коишто постигнуваат интеракција помеѓу здравствениот систем и пациентот и целта на тие алатки не е да се менува доктор со машина или алгоритам, туку тие да бидат алатки што ќе помагаат и ќе носат здравствени услуги кои ќе бидат во реално време, попрецизни и достапни од секоја точка. Фактички, здравството да биде поблиску до граѓаните, а не граѓанинот да трча по здравствени институции, рече тој.

Алиу информира дека веќе работат на пилот проект во два града – во Дебар и во Делчево за теле-медицина. Потенцира дека работат и на измени на 12 закони кои се однесуваат на здравствената заштита.

-Ќе имаме центар за теле-медицина, кој во првата фаза ќе почнеме и веќе е при крај проектот за консултации помеѓу специјалисти и пациенти во овие два града и понатаму ќе се развие тој протокол за да може да биде дел од здравствената инфраструктура и теле-медицината. Во моментот работиме на промена на 12 закони – во Законот за здравствена заштита ќе има поглавје за дигитална трансформација на здравството, бидејќи во моментот немаме дефинирани протоколи за нудење на здравствени услуги преку теле-медицина или преку дигитални алатки. Сите здравствени институции се известени од страна на Министерството за здравство. Технички гејтот е отворен, значи имаме двојна комуникација помеѓу нашиот систем и здравствени систем. Идејата е дека државата треба да креира протоколи и правила, додека сите здравствени институции во државата треба да ги следат и да се адаптираат на тие протоколи и правила и тоа ние го направивме – креиравме стандарди и протоколи за комуникација помеѓу институциите и тоа е во согласност со европските стандарди. Ние мора да креираме здравствен систем кој ќе биде централизиран и за кој ќе имаме јасна здравствена слика за секој наш граѓанин, без разлика дали тој црпи здравствени услуги од приватна или државна здравствена институција, рече министерот Алиу.

Алиу истакна дека лекарите не треба да се плашат дека вештачката интелигенција ќе им го заземе местото во здравствените установи.

-Не треба да се плашат. Мојот докторат е поврзан со медицина. Јас пред околу 15 години имав докторат кој се поврзува со дигитализација и детектирање на мирко-фалсификати во радиологија. Тогаш беа првите почетоци на тоа како треба  технологијата да биде дел од здравствениот систем. И тогаш имаше вакви прашања – дали вашите софтвери ќе не менуваат нас како доктори? За наша среќа, денеска технологијата е дел од нивниот секојдневен живот и тие гледаат реално спас во дигиталните содржини и таа технологија е вклучена во нивниот секојдневен живот. Ние веќе имаме дигитални решенија кои се препознатливи не само кај нас, туку и надвор од државата. Како што е Мој термин, кој е функционален, функционира и е една добра база за дигитализација. Дигитална трансформација на здравството веќе постои кај нас, само треба да се надополни со други компоненти и елементи и да имаме здравствен систем во кој секој од нас папката за нашата здравствена картичка ќе ја имаме на нашиот мобилен телефон, а не да трчаме со папки и ќесиња пред доктор. Треба да креираме здравство во кое податоците ќе ги следат пациентите, а не пациентите да трчаат по податоци, рече Алиу и најави дека за брзо време ќе имаат прес-конференција на која ќе биде претставено логото – една ќесе и црта, со кое кесата веќе не треба да се носи и да биде дел од нас.

Македонија

Попладнево блокиран сообраќајот на граничниот премин Богородица

Објавено пред

Од 17:00 ч. сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е повторно блокиран за влез и излез.

dobivaj vesti na viber

– Сообраќајот на ГП Ники (Меџитлија) е нормализиран.

– На ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јамалов: Буџетот за 2026 година е буџет на развој, солидарност и со јасна насока кон европскиот економски модел на развој

Објавено пред

На денешната седница во Собранието, се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов кој истакна дека Буџетот за 2026 година не е само бројка туку одраз на визија, стратегија и одговорност кон граѓаните и идните генерации и напомена дека истиот е насочен кон стабилност, раст и развој. Јамалов посочи дека целта на Буџетот за 2026 година е да се задржи стабилноста на јавните финансии, да се забрза економскиот раст и да се подобри животниот стандард на граѓаните на Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Со реален раст на БДП од над 3,8%, со намалување на инфлацијата и одржливо ниво на јавен долг, државата покажува дека води стабилна и одговорна фискална политика. Особено важно е што капиталните инвестиции понатаму остануваат еден од најсилните столбови на овој Буџет. Се инвестира во модерни патишта, железничка инфраструктура, енергетска ефикасност и регионален развој“, појасни Јамалов.

Според него ваквите проекти не се само бројки на хартија туку истите значат подобра поврзаност, нови работни места и посилна економија, а секоја денарска алокација има конкретна цел која е насочена кон создавање на вредност и поттикнување на продуктивноста на стопанството.

„Буџетот е и Буџет на граѓанинот, во него се предвидени средства за подобро здравство, квалитетно образование, поддршка за младите и за зголемена социјална сигурност. Просечната плата расте, а новите мерки за поддршка на бизнис секторот и иновациите отвараат можност за вработување и поголема конкурентност на македонската економија“, вели Јамалов.

Пратеникот Јамалов укажа дека во Буџетот за 2026 година посебно внимание е посветено на земјоделството, локалниот развој и рамномерната распределба на средствата, со што секоја општина и секој регион ќе имаат можност да учествуваат и придонесуваат во заедничкиот развој на државата.

Заклучи дека вака концепираниот Буџет за 2026 година уште еднаш ја потврдува определбата на Владата за фискална дисциплина, отчетност и транспарентност, стабилни јавни финансии и јасна насока кон европскиот економски модел на развој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре без струја делови од Општина Бутел

Објавено пред

ЕВН Македонија АД известува дека утре ( среда ) без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница бул. Македонско-Косовска Бригада со бул. Босна и Херцеговина. ( Општина Бутел)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија3 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија3 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија4 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија5 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет5 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија9 часа

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа10 часа

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет11 часа

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа11 часа

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија12 часа

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа12 часа

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...

Свет13 часа

Трамп му се заканува на Мексико со царини

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Мексико дека неправедно се однесува кон американските земјоделци и се закани дека ќе воведе...

Свет1 ден

(Видео) Заврши средбата на Зеленски со европските лидери: „Судбината на Украина е судбина на Европа“

По повеќе од два часа на Даунинг стрит 10 во Лондон, се чини дека разговорите завршија – Кир Стармер, Емануел...

Македонија1 ден

Николоски објави видео од изградбата на автопатот Тетово – Гостивар

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, објави видео од градежните активности на автопатот Тетово – Гостивар. „Интензивно се работи на...

Македонија1 ден

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите, вели Манасиевски

Наместо текстовите на СДС да им ги пишува Заев од Дубаи, добро е да ги проверат информациите со релевантни и...

Македонија1 ден

(Видео) Кузеска: Ја следиме трагата на парите, Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е...

Свет1 ден

Трамп: Разочаран сум од Зеленски

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не е сигурен дали украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи со новиот...

Македонија1 ден

Авионско фрлање на мамки против беснило: граѓаните во наредниве денови исклучително внимателно да се движат во природа

Агенцијата за храна и ветеринарство започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста...