Контакт

Македонија

Алијанса за Албанците: Пржинска влада, па избори

Објавено пред

Алијансата за Албанците проценува дека дури и ако се постигне потребниот консензус за целиот политички спектар по уставните измени, земјата мора веднаш да оди на предвремени парламентарни избори. Од партијата велат дека на изборите треба да ѝ претходи Пржинска влада и чистење на списокот од фиктивни гласачи. Од таму, исто така, предлагаат Дебар и Кичево како територии целосно да поминат во петтата изборна единица.

„На процес на предвремени парламентарни избори треба да му претходи Пржинскиот модел заедно со чистење на изборните листи од фиктивните гласачи, завршување на дебатата за изменување и дополнување на Изборниот законик, како и спроведувањето на пропорционален изборен систем со отворени листи“, соопштија од Алијансата за Албанците, по состанокот на Централното претседателството.

Од таму бараат итно да се реши, како што велат, проблемот со шестата изборна единица.

„Бидејќи во оваа фаза има недостаток на време, дебатата за бројот на изборните единици треба да биде завршена во еден друг момент, а итно да се реши проблемот со изборната единица бр. 6, која има 10% повеќе гласачи од другите изборни единици, а тоа е во спротивност со Уставот и Законот за избори. Алијансата за Албанците предлага Дебар и Кичево како територии целосно да поминат во Изборната единица 5“, се вели во соопштението.

Централното претседателството на Алијансата за Албанците, исто така, донесе заклучок дека резултатот од референдумот е неспорен индикатор дека поголемиот дел од граѓаните се определени за НАТО и ЕУ.

„Неуспехот да се постигне потребниот цензус на референдумот од 30 септември претставува уште една политичка, формална и правна ситуација. Со други зборови, на 30 септември немаше пресуда, но имаше јасна порака од граѓаните до политичката класа, а пораката е дека одлуката ѝ се делегира на Собранието, односно на пратениците за да се направат сите потребни напори за обезбедување на двотретинско мнозинство во Собранието за да се изгласат потребните уставни измени“, велат од Алијансата за Албанците.

Македонија

Казнети 796 лица за неносење маска

Објавено пред

Полицијата вчера казнила 796 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие (19/20.10.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 796 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Македонија

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Објавено пред

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на булеварот Кочо Рацин во Центар, е нормализирано и притисокот на проток на вода е стабилизиран, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од таму информираат дека за санирање на дефектот се појавила потреба да се затвори главната водоводна цевка.

„Ваков тип дефекти се навистина многу ретки и можат да се појават еднаш на 10 години. Интервенцијата беше навистина комплицирана и од широки размери, но се пристапи многу одговорно и сериозно и се прифати ризикот од прекин на вода во голем дел од градот, со цел брзо отстранување на дефектот. Дефектот се отстрани за кратко време, иако прогнозите кажуваа нешто друго. Водоснабдувањето е нормализирано околу полноќ и притисокот на проток на вода е стабилизиран. Горд сум и сакам да ја упатам мојата благодарност до екипите на ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје, до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение за ситуацијата во која се затекнавме, но и до медиумите за брзото и професионално известување за целиот случај“, посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Објавено пред

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието.

Владата треба да расправа за воведување на следните мерки – сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто, да се забранат јавни настани и да се даде препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома, или, пак, редуцирано со систем на ротации.

Ова е пакетот мерки што вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче. Тој кажа дека ова е последниот чекор пред воведување полициски час.

Собранието, пак, ќе расправа за претходните рестриктивни мерки кои веќе се усвоени на владина седница. За да стапат на сила овие мерки треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Овој пакет се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу четири гости.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа46 минути

Курц: До следното лето ќе се вратиме во нормала

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, верува дека вакцината против коронавирус ќе биде достапна во првата половина на следната година. „До следното...

Македонија1 час

Весковски: Водоснабдувањето во Скопје нормализирано, ваков дефект се јавува еднаш на 10 години

Водоснабдувањето кое во текот на вчерашниот ден беше прекинато во голем дел од Скопје, како резултат на голем дефект на...

Македонија1 час

Новите мерки против коронавирусот на дневен ред во Владата и Собранието

Новите мерки во борбата против коронавирусот денеска ќе се најдат на седници на Владата и на Собранието. Владата треба да...

Свет1 час

Во Москва 49 нови смртни случаи од коронавирус за 24 часа

Рускиот главен град во понеделникот регистрираше 49 нови смртни случаи поврзани со коронавирус, соопшти Московскиот кризен штаб. „Четириесет и девет...

Свет2 часа

Ирска воведе најстроги мерки против коронавирусот во Европа

Ирскиот премиер Михаел Мартин го потврди враќањето на највисоко, петто, ниво на ограничувања во борбата со коронавирусот, кое ќе трае...

Македонија16 часа

Во Скопје 2.674 активни случаи на коронавирус, најмногу во Аеродром, Карпош и во Центар

Во Скопје во моментот има 2.674 активни случаи на коронавирус од вкупно 5.550 во целата држава. Најмногу активни случаи во...

Свет17 часа

Студија: повеќе од половина од луѓето што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми и по неколку месеци

Повеќе од половина од луѓето што биле отпуштени од болница по заболувањето од Ковид-19, чувствуваат симптоми, како што се отежнато...

Македонија19 часа

Дванaесет починати и 161 нов случај на коронавирус во Македонија

Дванaесет лица починаа, а потврден е 161 нов случај на коронавирус во земјата во последните 24 часа, соопшти Министерството за...

Македонија20 часа

Кумот на Груевски во притвор поради плацовите на Водно

Кривичниот суд во Скопје му изрече 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кој се товари за сторено кривично дело перење...

Македонија20 часа

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот....

Свет21 час

Европската агенција за лекови ќе ги разгледа резултатите од студијата на СЗО за лекот ремдесивир

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе ги разгледа резултатите од студијата на Светската здравствена организација (СЗО) за антивирусниот ремдесивир, што...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Научните аргументи и вистината за јазикот се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на манифестацијата Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Овогодишниот...

Топ21 час

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од...

Македонија21 час

Од отворањето на градинките, од корoнавирус заболеле 18 деца и 55 вработени

Од отворањето на градинките на 9 септември досега од коронавирус заболеле 18 деца и 55 вработени, информира министерката за труд...

Македонија23 часа

Приведен кумот на поранешниот премиер Никола Груевски, за плацевите на Водно

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, полицијата утрово го приведе Ристо Новачевски, кум на Никола Груевски, а...

Свет1 ден

(Видео) Запалени две цркви на протестите во Чиле

Најмалку две цркви се запалени во главниот град на Чиле, а илјадници луѓе се собраа на улиците на првата годишнина...

Европа1 ден

(Видео) „Фајзер“ произведе стотици илјади дози вакцина против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Фајзер“ објави видео кое покажува дека веќе има произведено стотици илјади дози вакцина против коронавирус во својата белгиска...

Свет1 ден

Научниците предупредуваат: Заразата со коронавирус на отворено не е невозможна, но е ретка

И покрај тоа што речиси целиот документиран пренос на коронавирус се случил во затворен простор, експертите велат дека е оправдано...

Свет1 ден

Европа ги надмина сите рекорди – многу земји воведуваат построги мерки

Европа, соочена со вториот бран на пандемијата, го премина прагот на 250.000 смртни случаи од коронавирус. За една недела се...

Свет1 ден

(Видео) Се качил на кулата на Трамп во Чикаго и барал да разговара со претседателот

Неидентификуван маж се качил на кулата на Трамп во Чикаго, барајќи да разговара со претседателот на САД и медиумите. Мажот,...

Досие