Контакт

Македонија

Алијанса за Албанците: Филипче има своја канцеларија каде може да договара проекти

Објавено пред

Алијанса за Албанците смета дека случајот „Рекет“ станува по комплициран поради фактот што се инкриминираат и други државни функционери.

„Еден од сведоците во случајот изјавил дека на една од состаноците во куќата на Боки 13 присуствувал и сегашниот министер за здравство Венко Филипче. Уште и по иронично отколку потврдата за неговото присуство на оваа средба е неговиот изговор за предметната средба со фактот дека тој беше таму да разговара за проект за изградба на болница врз основа на јавно приватно партнерство!!!!!

Алијансата за Албанците го потсетува министерот дека јавно-приватните партнерства се вршат со парите на даночните обврзници и дека, затоа, никаде во земјите на Европската Унија, па дури и подалеку, не се слушнало дека договори или планирање кои се во интерес на државата и народот се прават во приватен имот.

Министерот за Здравство има своја јавна канцеларија во зградата на министерството каде може да разговара и да планира градење на згради кои ќе им бидат од корист на граѓаните и здравствената услуга што ја добиваат“ му порача Алијанса за Албанците на министерот Филипче.

Алијансата за Албанците бара надлежните органи, без политичко влијание, самостојно да докажат дали министерот Филипче е или не е, вмешан во случајот, што, како што велат, беше најголем удар врз правдата во земјата.

„Сметаме дека состаноци што се одвиваат во приватни домови, надвор од јавни канцеларии и со луѓе инкриминирани и осомничени за злоупотреба и корупција, се и треба да бидат, осомничени за кривични дела“ реагираат од партијата.

Македонија

Прв случај на коронавирус во земјата

Објавено пред

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година од Скопје. Како што изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на вонредна прес-конференција, таа се вратила утрово од Италија, каде престојувала еден месец.

Тој рече дека биле извршени лабораториски тестирања на материјал од пациентката и дека резултатите покажале оти таа е позитивна на коронавирусот.

„Нема простор за паника. Пацентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно за нејзината состојба, епидемиолошките анализи, прашањата коишто и беа упатени укажаа дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и во посета на свои роднини. Ова ни дава право да мислиме дека инкубацијата е одамна помината и дека не претставува опасност да ја пренесе болеста. Сепак, сега се прави проверка на сите патници кои патувале со неа во комбето и тие ќе бидат во 14-дневна изолација“, рече Филипче. Тој додаде дека пациентката била болна веќе две недели.

Жената патувала со комбе преку Табановце, а потоа со друго домашно возило била пренесена до скопските клиники.

Филипче упати апел до сите институции кои имаат вработени што патувале во Италија, да не ги примаат вработените на работните места, туку да останат дома 14 дена во карантин.

Карантин има за сите оние кои знаеме дека сигурно имале контакт со заразено лице.

Прикажи повеќе...

Македонија

Анкета на „Стратум R&D“ за изборите: Подобра иднина ќе има со СДСМ на власт

Објавено пред

Медиумската групацијата „Клип медија“, во соработка со Институтот за истражување и развој „Стратум R&D“, спроведе истражувачки проект за ставовите и перцепцијата на граѓаните.

Целта беше да се идентификуваат клучните ставови на граѓаните за политиките, за иднината, но и за најактуелните политичари на нашата политичка сцена.

Истражувањето е спроведено преку телефонски интревјуа на 900 испитаници од целата територија на државата.

Попозитивна проекција за иднината на граѓаните е доколку СДСМ остане на власт

Во однос на сите прашања видлива е поларизација кај гласачкото тело меѓу двете најголеми политички партии, има одредена разочараност кај неопределните граѓани, највидлива во делот на правосудството.

Во согласност со резултатите, попозитивна проекција за иднината граѓаните имаат доколку СДСМ остане на власт. 31,4 отсто од испитаниците рекле дека состојбата ќе се подобри ако СДСМ остане на власт, а 24,9 отсто сметаат дека подобрување е можно доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт.

Ако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, 37 отсто се плашат дека состојбата ќе се влоши, а истото тоа за СДСМ го мислат 34,2 отсто.

Ако остане ДУИ на власт, дури половина од гласачите очекуваат влошување на состојбата.

Граѓаните сметаат дека Зоран Заев ќе биде премиер по изборите на 12 април

Ставовите кон лидерите на двете најголеми политички партии одат во прилог на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, најголем број, 43 отсто од испитаниците, сметаат дека тој заслужува целосно или делумно да биде премиер на РСМ.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, 31 отсто од граѓаните сметаат дека тој заслужува целосно или делумно да биде премиер на РСМ.

Очекувањата на граѓаните, според ова истражување, е дека Зоран Заев ќе биде следниот премиер по изборите на 12 април.

На прашањето „Кој ќе биде следниот премиер“, 37 отсто од граѓаните сметаат дека тоа ќе биде Зоран Заев, а 25 отсто дека тоа ќе биде Христијан Мицкоски.

Која партија заслужува да биде владејачка е прашањето на кое граѓаните сметаат дека СДСМ е партијата што заслужува да формира влада по изборите со 44 отсто, потоа 34 отсто сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ и 17 отсто дека тоа треба да биде ДУИ.

Најголеми проблеми на кои треба да се фокусира владата се економијата, борбата против криминалот и корупцијата, реформите во правосудството и покачувањето на платите.

Подобрување на економијата

Борба против криминалот и корупцијата

Реформи за правично судство

Покачување на платите

Актуелни теми:

Од актуелните теми, најголем процент од граѓаните, 47 отсто, сметаат дека носењето на законот за Јавното обвинителство е чекор напред во борбата против криминалот и корупцијата наспроти 37 отсто, кои сметаат дека не е.

Законот за ЈО се оценува како неопходен за зголемување на ефикасноста во борбата против криминалот и корупцијата и најсилен мотив за донесување на овој закон е добивањето датум за преговори со ЕУ.

Евалуација на политиките на политичките партии:

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања: Нема средства за хигиена во училиштата, патници на аеродром поминале без контрола

Објавено пред

Синиша Стојаноски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција упати обвинувања до министерот за здравство, Венко Филипче, за пропусти во организацијата со капацитетите за справување со потенцијално кризна состојба поради коронавирусот.

„Прашуваме зошто, наместо целата енергија на Министерството за здравство и министерот Филипче да биде фокусирана кон препораките на СЗО за справување со актуелната ситуација, се доцни дури и со основната организација на неопходно потребните минимални просторни и кадровски капацитети“, рече Стојановски.

Тој нагласи дека нема основни средства за хигиена во училиштата, а патниците од авион што слетал на скопскиот аеродромот од кризното подрачје во Италија поминале без никаква контрола.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали некој воопшто ги евидентирал и контролирал овие патници во периодот на инкубација на вирусот, како и со колку респиратори располагаме во моментов. Понатаму, опозицијата прашува дали има доволно адекватно обучен персонал за потенцијални критични случаи или за предвидениот карантин, како и дали е функционална собата со негативен притисок и колкав е нејзиниот капацитет.

„Дали забранивте или ограничивте патување кон и од кризните жаришта? Дали патниците од кризните жаришта ги изолирате во карантин за периодот на инкубација на вирусот? Има ли доволно маски за здравствениот персонал кој ќе биде на првата линија на удар доколку се појави вирусот и кај нас? Има ли воопшто доволно маски за граѓаните на Република Македонија? Постои ли воопшто контрола на патниците, министре? Имате ли посебен режим за оние лица кои што доаѓаат од кризните подрачја? Што е со оние лица коишто влегуваат со возила во државата? За каква тоа организираност зборуваме?“, праша Стојаноски.

Тој оцени дека Македонија во моментов не успева да задоволи еден од основните минимални услови кои ги препорачува Светската здравствена организација, а тоа е одржувањето на основната хигиена. Дополнително, како што рече, потребна е итна организација за ефективно да се одговори на сите препораки на Светската здравствена организација.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија29 минути

Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година од Скопје. Како што изјави министерот...

Македонија2 часа

Филипче: Кај двајца нема корона, за третиот ги чекаме резултатите

Тестирања за коронавирус се извршени врз три лица кои се пријавиле на Клиниката за инфективни болести со симптоми на грип....

Економија4 часа

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет5 часа

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Македонија5 часа

(Видео) Обвинетите за организација на крвавиот четврток во судот рекоа дека ќе докажат оти не се виновни

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, поранешните...

Регион5 часа

Во Грција потврден прв случај на коронавирус

Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во Солун, во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство. Станува збор...

Регион7 часа

Близнаци заразени со коронавирус во Хрватска

Двајцата заразени од коронавирус во Хрватска се близнаци. Како што пишуваат хрватските медиуми, затворена е фирмата каде што работел едниот...

Европа7 часа

Во Италија заразени пет деца, во Австрија почина италијанска туристка

Петмина малолетници се заразени со коронавирус во Италија. Четворица од нив се во Ломбардија, а еден случај е забележан во...

Забава7 часа

НАСА објави видео за Месечината снимена од астрoнаутите на Аполо 13

Дали некогаш сте посакале да ја видите Месечината снимена одблизу од астронаутите од Аполо 13 на нивната мисија во вселената?...

Економија8 часа

Најбогатите во светот за само еден ден изгубија 120 милијарди евра

Најбогатите 500 луѓе во светот во понеделникот изгубија 139 милијарди долари, или над 120 милијарди евра на берзите, што ги...

Македонија9 часа

Од денеска до 11 март граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список

Од денеска до 11 март на полноќ граѓаните ќе можат да извршат увид во Избирачкиот список преку апликацијата на веб-страницата...

Македонија9 часа

Патничката од Милано нема коронавирус, покажаа анализите

Резултатите на пациентката која синоќа беше тестирана на коронавирус на Инфективната клиника во Скопје се негативни, соопшти Министерството за здравство,...

Спорт19 часа

За три месеци ќе се знае дали ќе има Олимпијада во Токио

Членот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Дик Паунд предупредува дека наскоро ќе мора да се донесе одлука за откажување на...

Македонија21 час

Продолжен притворот за Емил Јакимовски, пресуда на 6 март

Нови 30 дена притвор му биле определени на Емил Јакимовски, поранешниот вработен во Централниот регистар и член на ВМРО-ДПМНЕ, обвинет...

Македонија22 часа

Мицкоски побара да се поведе истрага за Заев: „Слушнавме како ја егзекутира правдата“

„Ова е протестен марш со кој почнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го...

Македонија1 ден

Филипче: Дојдените од Италија да побараат преглед дома ако почувствуваат симптоми на коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека оние што допатувале од Италија и имаат симптоми на болеста...

Македонија1 ден

Патникот од Дубаи нема коронавирус

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека патникот од Дубаи, кој јавил симптоми, нема коронавирус. „Вториот случај што го тестиравме...

Македонија1 ден

Владата со препораки за коронавирусот – да се откажат сите патувања и екскурзии на учениците во Италија

Владата донесе повеќе заклучоци и препораки за превенција и заштита на јавното здравје и здравјето на граѓаните од коронавирусот. Како...

Регион1 ден

Во Хрватска потврден првиот случај на коронавирус

Потврден еден случај на заразен со коронавирус во Хрватска. „Се работи за помлад човек, кој се наоѓа на Клиниката за...

Македонија1 ден

Маж варел кафе на плин и го предизвикал пожарот во Ново Лисиче

Од запалениот стан во Ново Лисиче пожарникарите извлекле петмина, меѓу кои една неподвижна жена и маж, кој од стресот не...

Досие