Контакт

Македонија

Комисијата го усвои амандманот за менување на името Република Македонија

Објавено пред

Со 10 гласа „за“ и 5 „против“, Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на 33. нацрт-амандман. По ова, претседателот на Комисијата, Талат Џафери, отвори расправа за следниот, односно 34. нацрт-амандман кој се однесува на преамбулата за АСНОМ и внесувањето на охридскиот договор во Уставот.

Усвоениот амандман се однесува на замената на зборот „Република Македонија“ со „Република Северна Македонија“ секаде во Уставот освен во членот 36 каде има историски аспект.

Според усвоениот текст, „во Уставот зборовите ‘Република Македонија’ се заменуваат со зборовите ‘Република Северна Македонија’, а зборот ‘Македонија’ се заменува со зборовите ‘Северна Македонија’, освен во член 36“.

Македонија

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Објавено пред

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај 2012-та година примената е посебна истражна мерка „Увид и пребарување во компјутерските системи на повеќе од 20 лица“, помеѓу кои и обвинетите во случајот Хаки Азири, Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами и Фејзи Азири.

Со оваа мерка вештаците од МВР требало да ја утврдат интернет комуникацијата на овие лица, поврзана со петкратното убиство кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.

На денешното рочиште за „Монструм“ вештаците не кажаа обвинетите со кого разговарале и во кој период, појаснувајќи дека тие не се надлежни за детална анализа на содржината на пораките. Судијата Огнен Ставрев истакна дека судот ги поседува комуникациите и дека најверојатно ќе бидат презентирани во некои од наредните рочишта.

Наредното рочиште е закажано за 10. декември кога свој исказ ќе дадат вештаците од судската медицина заедно со вештаците за балистика од МВР, кога ќе бидат образложени повредите кои им биле нанесени на петмината убиени кај Смилковско езеро.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Македонија

Времето облачно со обилни врнежи од дожд

Објавено пред

Под влијание на потопол влажен бран до крајот на денот, најпрвин во западните, а подоцна и во останатите делови од земјава се очекуваат врнежи од дожд, соопштија од УХМР. Дожд според прогнозите ќе има и во текот на утрешниот ден, односно времето утре ќе биде облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови каде локално ќе наврнат над 40л/м2.

Во среда, како што соопштија од УХМР пооблини врнежи се очекуваат во источните делови каде локално ќе бидат поројни.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Анѓушев, наместо Заев на работниот појадок кај Курц

Објавено пред

Во Виена започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц.

На местото на македонскиот премиер, Зоран Заев на состанокот присуствува вицеперемиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој ќе говори и на панел дискусијата каде ќе се обратат премиерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора.

Претходно, од Кабинетот на Курц соопштија дека Заев ја откажал посетата поради внатрешнополитичките проблеми во земјата.

На состанокот ќе стане збор за европската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и за билатералните конфликти.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Скајп, МСН и е-маил комуникациите на обвинетите меѓу доказите за „Монструм“

Како што изјави Катерина Јовановска, началник на Одделението за дигитална форензика во МВР, по наредба од судот на 1 мај...

Европа57 минути

Гласањето за доверба на Тереза Меј зависи од уште шест писма

Шест писма ќе одлучат дали довербата во Тереза Меј ќе биде ставена на тест. На противниците на британската премиерка, Тереза...

Македонија57 минути

Анѓушев, наместо Заев на работниот појадок кај Курц

Во Виена започна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан, организиран од австрискиот канцелар Себастијан Курц. На местото на...

Регион58 минути

Студен бран го погоди Балканот, најмногу снег на Маврово

Студен бран пристигна во земјите од Западен Балкан. Во целиот регион, најмногу снег во изминатите 24 часа наврна на Маврово...

Економија2 часа

Мисијата на ММФ за Македонија: Економската активност закрепнува, но невработеноста сѐ уште е висока

Враќањето на политичката стабилност и напредокот во решавањето на спорот за името со Грција конкретно ги зголеми шансите за отворање...

Економија2 часа

Фирмите со блокирани сметки уште 1 година ќе може да плаќаат сметки со цесија и преземање долг

Министерството за финансии подготвува измени на Законот за платниот промет, е објавено на Единствениот национален регистар на прописи на РМ....

Македонија4 часа

Земјотерес во Грција изутринава почувствуван и во земјава

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при...

Македонија4 часа

Во Маврово 25 сантиметри снежна покривка

Најмногу снег наврна во Маврови Анови и Лазарополе. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Маврoви Анови има снежна покривка...

Македонија15 часа

(Видео) Протестот заврши, за малку избегнат инцидент

По речиси два часа заврши протестот пред Собранието против уставните имени. За малку беше избегнат инцидент меѓу организаторите – движењето...

Спорт16 часа

Зверев го „здроби“ Ѓоковиќ за својот најголем трофеј во кариерата

Александер Зверев стигна до својата најголема победа во кариерата, откако го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ со 6:4/6:3...

Европа18 часа

Европа: Сообраќајките се водечка причина за смртност кај децата

Во Европа на секои шест минути има по една жртва на патиштата, 230 секој ден или 83 000 секоја година,...

Вести19 часа

Нови тврдења: Можно е телото на Кашоги да било изнесено од Турција како багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги можно е да го изнеле неговото распарчено тело од Турција како багаж, изјави министерот...

Економија20 часа

Џеф Безос: „Амазон“ ќе банкротира

„Амазон“ еден ден ќе пропадне и ќе банкротира, рекол основачот на оваа компанија, Џеф Безос, кој е најбогат човек во...

Свет22 часа

Папата: Неправдата е изопачен корен на сиромаштијата, богатите се се помалубројни, но побогати

Папата Франциско го криткуваше растот на нееднаквоста во богатството во светот, но и третманот кон мигрантите. Поглаварот на Римокатоличката црква...

Македонија23 часа

СЈО истражува криминал при купопродажбата на акциите на „Фершпед“

Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за купопродажбата на акциите на „Фершпед“ од 2013 година, кога повеќе акционери пријавија дека...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: На претседателските избори ќе ги победиме СДСМ

И покрај целокупниот политички терор и покрај сите, закани и уцени кои што ми ги упатуваат мене и моето семејство...

Бегството на Груевски1 ден

Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија – Груевски ќе го бараме со други правни акти

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да ја издржи...

Свет1 ден

(Видео) Трамп ја посети Калифорнија: Тажно е ова, итно да им се помогне на оние кои се најлошо погодени

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Калифорнија за да го испита теренот кој беше погоен од најсмртоносниот шумски пожар во...

Регион1 ден

(Видео) Запалено американското знаме за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Атина

Грчката полиција доцна синоќа се судри со групи маскирани лица во Атина, по завршувањето на протестниот марш за одбелужвањето на...

Свет1 ден

Стејт департмент: Извештаите за убиството на Кашоги се уште не се конечни

Американскиот Стејт департмент издаде соопштение дека владата на сАД не донела конечен заклучок за тоа кој учествувал во убиството на...

Досие