Македонија
(Видео) Амбасадорите Герет, Бејли и Пломп чистеа ѓубре на кејот на Вардар

Амбасадорите на Велика Британија, САД и Холандија во земјава, Чарлс Герет, Џес Бејли и Ваутер Пломп, собираа отпадоци на кејот од реката Вардар. Амбасадорите се приклучија кон акцијата за чистење на патеките и бреговите од двете страни на реката, што се одвива под мотото Clean Up Tweet Up.
Амбсадорите самоиницијативно се пријавиле да учествуваат. Герет и Ваутер пристигнаа на кејот со своите службени автомобили, додека Бејли дојде пеш за да биде дел од акцијата.
„Ги споивме убавото и корисното и уште еднаш се обидовме да го дадеме својот придонес за намалување на загадувањето, што претставува голем проблем за луѓето и природата. Единствен ефикасен начин за надминување на проблемот е повеќе рбота, посветеност и соработка меѓу јавниот сектор, компаниите и граѓаните“, рече Пломб и додаде дека се надева оти од следната година нема да има потреба да чистат на оваа локација бидејќи граѓаните ќе бидат свесни и нерма да фрлаат ѓубре.
Меѓу присутните беше и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи.
Акцијата е волонтерска и се случува трета година по ред. Истата е дел од активностите за одбележување на Денот на кралот – национален празник на Холандија. Организатори се амбасадата на Кралството Холандија заедно со компаниите „Пивара скопје“ и „Пакомак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Арифи: Со давањето аболиции без правен основ, Иванов стори кривично дело што не застарува

Aко некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело за злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело што не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов, порача универзитетската професорка Беса Арифи на трибината „Правда наместо амнестија“, во организација на СДСМ.
Арифи истакна дека предметите отворени од специјалното јавно обвинителство мора да продолжат и да се забрзаат затоа што тоа е важно за правдата.
„СЈО не е еден човек, кој сега можеби е обвинет во кривична постапка и тоа нема да ги избрише или укине делата за кои СЈО поведе обвиненија. Добро е што предметите преминаа во редовните обвинителства и што се работат од обвинители од СЈО. Не треба да се губи ниту ден ниту час за тие процеси да добијат правна разрешница. Бидејќи задоцнета правда е нереализирана правда, гледаме сите дека има случи што застаруваат, обвинети и осудени што бегаат од државата“, порача Арифи.
Професорката смета дека колку повеќе случаите се одолжуваат, толку повеќе ќе се избегнува правдата и затоа, како што рече, обинителите и судовите треба да сторат сè за да има што побрза правна разрешница.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Ви ветувам дека на 12 април ќе го поразиме криминалот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати пред граѓаните на општина Ѓорче Петров во рамките на кампањата „Разговори за обнова на Македонија“ и порача дека за време на посетите на македонските населени места се соочува со луѓе полни со разочарувања од актуелната состојба во државата.
„Луѓето не веруваат дека ќе имаат иднина во оваа држава, разочарани се, а има и такви што практично едвај крај со крај трпат да го поминат месецот“, рече партискиот лидер.
Во продолжение тој рече дека има многу неисполнети ветувања од страна на актуелната власт, а како пример ги наведе загедениот воздух и најавените реформи во образованието.
„Денеска, три години потоа не само што не го дишеме ветениот алпски воздух, не само што не го дочекавме тоа лажливо ветување, туку денеска Скопје соборува рекорди на светската скала на најзагадени градови. Никој од вас не ги тераше да ветуваат студентски градови и реновирани студентски домови, образование што младите луѓе ќе го добиеле како своите врсници во Европа и во развиениот свет, па таа младинска гаранција. Па дополнителни стимулации за младите земјоделци и што ли уште не. Лага до лага. Таква е денеска реалноста, нема ниту студентски град, ниту реновирани студентски домови, а за квалитетно образование не станува ни збор“, порача Мицкоски пред присутните.
Тој посочи и дека денес не само што се празни македонските села туку младите ги напуштаат и градовите.
„Излегуваат статистики на светските листи, 2018 година е рекордна година на иселување граѓани од Македонија, повеќе од 33.000 наши сограѓани трајно ја напуштија Македонија. Зошто? Затоа што нема перспектива, затоа што се разочарани, затоа што се исплашени за иднината на своите семејства, на своите најмили, на своите дечиња, внуци. Тоа е главниот проблем“, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, Зорен Заев не избирал зборови и ветувања само за да дојде до фотелјата за да може, како што рече, да го избрише своето криминално минато.
„За случајот ‘Поткуп’ целата држава и меѓународната заедница гледаa како бара мито за работа што како градоначалник мора да ja заврши и што сега ќе ме убедува дека бил невин, дека тоа што сме го гледале – не сме го гледале, тоа што сме го слушале – не сме го слушале. Еднаш криминалец – цел живот криминалец, ама криминалот ќе биде поразен на 12 април 2020, јас ви ветувам“, истакна Мицкоски.
Тој пред присутните граѓани од Ѓорче Петров зборуваше и за иницијативата за проверка на потеклото на имотот на политичарите, но рече дека за ова нема одговор од страна на власта.
„Ајде заедно да донесеме закон во парламентот каде што ќе се испита потеклото на имотот на сите политичари и еве јас се пријавувам како прв доброволец, од мене да почнат. Ајде да почнеме да видиме кој од политичарите и како го стекнал сопствениот имот. Да видиме кои семејства стократно или илјадакратно во рок од неколку години го имаат зголемено својот имот, да видиме врз основа на што го зголемиле својот имот, еве јас и моето семејство да бидеме први како пример. Нормално дека нема одговор затоа што знаат дека не се чисти, затоа што знаат дека толку бргу и толку многу не се стекнува имот со чесна и честита работа, туку со работи што се секакви, само не чесни и честити“, кажа Мицкоски.
На крајот, порача дека како политичар е свесен оти на народот му е преку глава и сака политичките измамници да си заминат и додаде дека затоа е сигурен во огромна победа на 12 aприл.
Македонија
Жерновски-Жбогар: Чекориме заедно со младите Европејци

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, заедно со амбасадорот на ЕУ во земјата, Семјуел Жбогар, имаше свои излагања на завршната церемонија на „Младинскиот самит Скопје“, кој се одржа во Младинскиот културен центар од 3 до 5 декември и на кој учествуваа 200 млади активисти за човекови права, претставници од граѓанскиот сектор, артисти и млади политичари од Северна Македонија, Турција, Србија, БиХ, Хрватска, Косово, Словачка и од Романија.
Како клучен младински настан од регионот, заменик-министерот и амбасадорот го оценија самитот како одлична можност да се промовира демократското единство, кое ги зајакнува продемократскиот дискурс и убедувањата меѓу младите во регионот на Западен Балкан и пошироко дозволувајќи им да се поврзат, да учат едни од други, стекнувајќи поголемо разбирање за политичките движења и граѓанското општество во светот.
„За мене, младите се синоним на енергија, ентузијазам и иновации, секогаш подготвени да дојдат до нови решенија за предизвиците со кои се соочуваат“, истакна Жерновски во излагањето.
Искажувајќи благодарност за нивните заложби за одржување на европските вредности и за спроведување на принципите на Европската Унија во нашите општества, Жбогар и Жерновски нагласија дека со декларацијата што ја усвоиле маладите покажале дека сериозно го потврдуваат својот зрел пристап кон темите за интеграција, европеизација и зачувување на глобалниот мир и просперитет.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги1 месец
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“