Контакт

Македонија

Амбасадорката Тигањ ги пренесе хрватските заложби за европската интеграција на земјава

Објавено пред

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска се сретна со хрватската амбасадорка во нашата држава, Нивес Тигањ.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата била изразена хрватска поддршка за реализацијата на полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, како и за исчекорот на земјава во европските интеграции.

„Хрватска, којашто од овој месец го презеде претседавањето со ЕУ, ќе настојува и за успех на вашата држава во европските интеграции“, го повтори амбасадорката Тигањ ставот на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Во однос на реформите за евопските интеграции, соговорниците констатирале дека добро би било сите да дадат свој придонес во донесувањето на Законот за јавно обвинителство.

Премиерот Спасовски се заблагодарил на премиерот Пленковиќ и на Република Хрватска за континуираната поддршка на напредокот на нашата држава, додавајќи дека Република Северна Македонија заслужено очекува прогрес во евроинтеграциите.

Македонија

(Видео) Арсовски: Владата одлучува против ДИК во Министерството за труд и социјала

Објавено пред

Оливер Спасовски и Мила Царовска непосредно пред да ја разрешат од небулозни причини министерката Рашела Мизрахи, креираа хаос во министерството за труд и социјала, изјави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој рече дека формалните решенија и овластувања за одредени лица во рамките на кабинетот и министерството што ги потпишала Мизрахи, биле испратени до ДИК да се произнесат дали овие решенија и акти кои што се потпишани од министерката се од интерес на организација на изборите и се потребни врзан потпис од страна на заменик министер и техничкиот министер или не се потребни.

„ДИК  донесе едногласни одлуки дека овие акти кои што ги потпишала министерката Мизрахи не се предмет од интерес за организација на изборите и за истите се произнесе дека не е потребен потпис од заменик министер на СДСМ, што значи дека треба да се почитува само едниот потпис кој што го ставила на актите министерката Мизрахи.
Знаејќи го сето ова, СДСМ на седница на Влада, која беше свикана еден ден потоа откако се произнесе со одлука на ДИК, на 15.02 во саботата, Оливер Спасовски и Мила Царовска ги поништија сите овие прераспределувања и овластувања и со тоа извршија противзаконско дело. Не почитувајќи ја одлуката на ДИК“, рече Арсовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, очигледни се тенденциите и стравот на СДСМ, каде што наместо да обезбедат миниум услови за фер избори во техничката влада, не обезбедуваат ниту минимум услови за работа на оваа техничка Влада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ексдиректорот на БЈБ сведочеше за „Монструм“: Ако имавме дојава, лицата ќе беа под посебни истражни мерки

Објавено пред

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, познат како Радникот, сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој ја обавувал функцијата на 12 април 2012 година, кога се случи петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Обвинителката Фатиме Фетаи кажа дека нема нелегални прислушкувани разговори од него, но има лице кое сакало да донесе информации за случајот. Тодоровски се присети на моментите кога добил информација, односно му кажале дека имало 4 леша, возило “101”, после тоа му кажале дека има 5 леша. Тој пак, дал наредба да се обезбеди местото.

“Го знам Зоран Трајковски познат како Филмот, бидејќи му беше шофер на Љубе Бошковски. Кога бев директор, тој немал контакт со мене. Бев изненаден кога слушнав дека кажал, дека ми кажал мене нешто. Тој си има старешини, имало каде да каже. Со еден збор, немав контакт. Тој нема моќ да ми каже што планирале сторителите, не ми кажал дека нешто се спрема, зошто ако било така, јас ќе сум преземал нешто. Тој пред две-три години ми се јавуваше два-три пати. Се видовме на состанок, зборуваше ‘Што правиш, како си’. Не сум слушнал дека на некого пренел информации, за тој да ми даде мене”, рече Тодоровски.

Адвотката на оштетените, Дафинка Ивановска го праша Тодоровски дали на некој од обвинетите кои се во судница му давал тетратка или го подучувал како пред судот, а тој негираше.

“Ние не сме имале таква дојава. Не сме знаеле. Ако имаше такво нешто, лицата ќе беа под посебни истражни мерки и ќе сме ги надгледувале”, рече Тодоровски запрашан од родителот Горан Наќевски дали се точни информациите кои ги добивал од инспекторите дека знаеле оти нешто ќе се случи, но не знаеле што.

Тодоровски негираше дека не контактирал со обвинетиот Хаки Азири, ниту пак, како што претходно тој изјавил, дека го малтретирал.

“Не сум бил тука 20 години”, рече Тодоровски откако Наќевски го запраша дали бил во судот кога Азири давал исказ пред обвинител.

Ексдиректорот на БЈБ пред судот кажа дека делото било карактеризирано како тероризам, што значи дека случајот го работела Управата за безбедност и контраразознавање со која раководеше Сашо Мијалков.

“Тоа кривично дело беше карактеризирано како тероризам, што во суштина го работеше УБК. Мислам дека тие веќе отворија нивна обработка. Нашите состаноци беа да ги вклучиме колегите од крим техника, ако има потреба специјалните единици, единицата за брзо интервенирање, кои беа на моја команда. Во случајот доказите ги собираа тие што ја водеа обработката, односно УБК”, рече Тодоровски.

Тој одговарајќи на прашање од адвокатот Рауфи, рече дека не контактирал со загрозениот сведок.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорче Петров ќе добие нова градинка

Објавено пред

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, беа на градилиштето каде за година и половина би требала да биде завршена новата градинка во населеното место Волково.

Вложувањето во децата е најдоброто вложување што го прави државата и директно вложување во економијата, посочи вицепремиерката Царовска.

„Новата градинка ќе ги релаксира просторните услови на децата кои веќе одат во постоечките градинки во овој дел од градот и ќе се обезбедат многу посовремени услови за згрижување на децата. Како Влада навистина покажавме дека инвестирањето во предучилишното образование е наш висок приоритет. Само во две и пол години вложивме повеќе од 180 милиони денари, што покажува дека сакаме да ја подобриме инфраструктурата во детската заштита. Исто така, преку програмата на Светска банка, обезбедивме 15 милиони евра, за дополнителни инвестиции во градинките. Важно ни е и да се зголемува квалитетот на програмите за рано учење и ран детски развој. Ова го правиме со цел да го подготвиме новиот човечки капитал што го имаме во нашата држава, да може да ги пресретне современите текови на живеење и полесно да се справи со сите предизвици. Со тоа директно придонесуваме за развој на економијата и на државата во иднина“, нагласи Царовска.

Министерството за труд и социјална политика во буџетот за 2020 година издвои 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градинки.

„Градинките не се места каде децата само се згрижуваат, јадат и спијат, туку тоа се места каде децата почнуваат да учат, да го осознаваат светот и да се социјализираат. Затоа е навистина важно секое дете да има еднакви можности за старт во живот а наша обврска како институции и од централната и од локалната власт е тоа да им го овозможиме. Токму затоа силно инвестираме во раниот детски развој. Вкупната инвестиција во оваа градинка е над 80 милиони денари, од кои околу 73 милиони денари се обезбедени од МТСП заедно со Светска банка“, рече дополнителната заменик-министерка Шкријељ.

Градоначалникот Наумоски рече дека градинката ќе биде најубавата во државата. Во градинката, што се гради во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги, дел од детството ќе минуваат 175 деца.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Чулев го обвини Спасовски за фалсификат, поништил 124 решенија во МВР без одлука на Влада

Премиерот Оливер Спасовски со фалсификат поништил во Службен весник 124 решенија за распоредување во МВР, оти за нив немало одлука...

Македонија2 часа

Има уште 3.400 пасоши, МВР формира комсија која ќе одобрува издавање само на итни случаи

Граѓаните што имаат интна потреба од пасош треба да поднесат барање за ургенција заедно со барањето за пасош. Комисија од...

Македонија2 часа

Јанкулоска и Јанакиески разговараат за „Монструм“: Аматерски е што „опелот“ не е запален или фрлен во ендек

Дел од разговор меѓу Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, кој е доказ во „Монстру“, а набавен од нелегално снимените разговори,...

Свет2 часа

Поранешен рагби-играч и неговото семејство изгореа во автомобил во Австралија

Поранешен рагби-играч, неговата сопруга и нивните три деца починаа во автомобил, кој беше запален во австралискиот град Бризбејн. Роуан Бакстер...

Македонија4 часа

(Видео) Јанкулоска за „Монструм“: Имаше многу шпекулации дека е криминална пресметка, но и дека се работи за имотен спор

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пред судот, на рочиштето за „Монструм“, рече дека во првите моменти по убиството на...

Македонија5 часа

Земјиштето кај „Треска” набргу ќе добие нов изглед

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна...

Македонија5 часа

Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана

Алексис Ципрас побара од Париз да се отвори европскиот пат за Скопје и Тирана. Лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер...

Македонија5 часа

(Видео) Милошоски: Аудиозаписот што го предадов кај Русковска да биде доказ за Меѓународниот сојуз

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, на средба со обвинителката Вилма Русковска приложил диктафон со аудиозапис и транскрипт од материјалот што...

Македонија6 часа

(Видео) Столтенберг: НАТО се подготвува за церемонијата за прием на Северна Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Брисел оствари средба со премиерот Оливер Спасовски, на која рече дека НАТО се подготвува...

Свет6 часа

Блумберг најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија ако биде избран за претседател

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој се кандидира за претседателската номинација на Демократска партија, најави дека ќе ја продаде својата медиумска компанија...

Свет7 часа

Три деца меѓу загинатите во ужасна експлозија на автомобил во Австралија

Четворица луѓе, меѓу кои три деца на возраст од 10 години, загинаа кога автомобил експлодира во австралискиот град Бризбејн. Децата...

Регион7 часа

Протести поради пензиските реформи во Атина

Сообраќајот во делови од Атина беше запрен синоќа кога превозниците му се приклучија на штрајкот против планираните пензиски реформи. Во...

Регион7 часа

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан, Метју Палмер, не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу...

Свет8 часа

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис, кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и...

Регион20 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет21 час

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија1 ден

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија1 ден

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија1 ден

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион1 ден

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Досие