Контакт

Македонија

Американска амбасада за изведбата на химната: Во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки

Објавено пред

Американската амбасада во Скопје се огласи на социјалните мрежи по згрешената изведба на Тамара Тодевска на македонската химна на синоќешната прославата на Денот на независноста, 4 Јули.

„Имаме длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Разбираме дека во емотивни моменти ненамерно може да се случат грешки, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, објавија од амбасадата на „Твитер“.

Тамара Тодевска се извини за пропустот при изведувањето на химната на вчерашната прослава во амбасадата на САД во Скопје. Пејачката ја отпеа химната без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои.

Македонија

(Видео) Возачот на „Дурмо турс“ не спиел, но нешто друго го деконцентрирало

Објавено пред

На денешното рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци имаше вкрстено испрашување на вештакот Драган Аксентиев.

“Возачот презел дејство, но немал никаква можност да ја спречи несреќата”, рече вештакот Аксантиев.

Обвинителот Дарко Јакимовски често имаше приговори дека непотребно се троши времето за рочиштето со долги цитати од вештачењето при поставувањето прашања.

“На минатата главна расправа дадов детално појаснување на што мислиме во поглед на отсуство на внимание на возачот, но кажав и што како вешти лица сме елиминирале од тој субјекивен фактор. Елиминиравме употреба на мобилен телефон од страна на возачот и елиминиравме спиење од страна на возачот, особено во развојот на незгодата во тие четири секунди. Појаснив дека она што може да му го одзеде вниманието на возачот е некое негово краткотрајно дејство како свртување на главата и горниот дел од телото кон лево кога рацете го пратат тоа движење и воланот се свртува, потоа краткотрајно завртување кон лево и надолу, потоа некое дејство со левата страна, да земе некое шише или нешто и слични некои краткотрајни дејствија кои можат во дел од секунда да му го одземат вниманието на возачот спомнав и здравствена состојба без понатака да навлегувам во здравствената состојба, бидејќи таква анализа е во областа на медицинско вешто лице”, рече Аксентиев.

За автобуската несреќа се обвинети шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноел Трифуновски, се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, а тројца вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Искра Манојлоска

Прикажи повеќе...

Македонија

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Објавено пред

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата на СЈО Катица Јанева. Рустеми го водеше случајот „Поштенска банка“, а на прашање на обвинителката Гордана Смаќоска за патните исправи, тој се сети дека на сугестија на шефицата Јанева дал позитивно мислење да му биде вратен пасошот на Томе Главчев, кој дал гаранција од милион евра во машини за шиење кошули.

Тој пред судот изјави дека се посомневал во олеснителните предлози на неговата тогашна шефица кога обвинителката од СЈО Лиле Стефанова му рекла дека дознала дека еден од становите кој бил замрзнат како имот во постапката, треба да го земе поранешниот директор на МЕПСО Сашо Василевски.

„Во истрагата не ми се мешаше Катица Јанева. Но, по начелното правно мислење од Врховниот суд настана хаос. Тоа предизвика удар врз предметите на СЈО, меѓу кои беше и ‘Поштенска банка’. На состанок кај Катица Јанева, таа предложи да се утврди штетата во ‘Поштенска банка’ и да се затвори истрагата. Ова мене ме збуни. Во април 2019 година на колегиум Катица Јанева го повтори својот предлог, со наредба штета да се пресмета во ‘Поштенска’ и во ‘Империја’, без предлози за затворски казни. Ни го кажа тоа и го заврши состанокот”, рече Рустеми пред судот.

Тој, како што рече, не ја послушал Јанева и предложил ублажени затворски казни за предметот, адекватни на признание на вина со спогодба.

За случајот „Поштенска банка“ замрзнати беа имотите на двајца осомничени, Главчев и Димитровски.

За случајот „Рекет“ треба да сведочат и апелациската судијка Мери Дика – Георгиевска, водителката Лила Филиповска и шефицата на кабинетот на Јанева, Сања Димовска.

Судењето продолжува утре.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром со интервентни мерки против загадувањето

Објавено пред

Соодветно со препораките на централната и градската власт, Општина Аеродром ги активира интервентните мерки поради загадувањето.

Тоа значи дека Општина Аеродром ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност, ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини, се намалува до 50 % употребата на службените возила, продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски и се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни.

Овие мерки се воведоа веднаш по известувањето од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

(Видео) Возачот на „Дурмо турс“ не спиел, но нешто друго го деконцентрирало

На денешното рочиште за автобуската несреќа кај Ласкарци имаше вкрстено испрашување на вештакот Драган Аксентиев. “Возачот презел дејство, но немал...

Македонија26 минути

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ58 минути

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура1 час

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет2 часа

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет3 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет3 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет4 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија17 часа

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ19 часа

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија19 часа

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија21 час

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Македонија22 часа

(Видео) Стефанова: Дејствијата на Јанева нанесоа огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа...

Економија23 часа

Горивата поевтинуваат

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни...

Македонија23 часа

Јанева отстранета од судница, на Стефанова ѝ се обрати со зборовите: „Гомнарке, ороспијо“

Судијката на рочиштето за „Рекет“ нареди да се отстрани поранешната шефица на СЈО Катица Јанева од судницата, откако таа почна...

Македонија23 часа

Вработен во ФЗОМ: Мајката на Тамара не сакаше да го подигне одобрението за лекување

Бранко Хаџигогов, вработен во Фондот за здравство, кој денеска  сведочеше за лекувањето на малата Тамара, потенцираше дека решение за лекување...

Македонија23 часа

Сведочење за „Рекет“: Чифлиганец и Савова се обидувале да влијаат врз истрагата за Камчев и Мијалков

Ванчо Чифлиганец, сопственикот на градежната компанија Адора инжинеринг, бил кај обвинителката Лиле Стефанова за да се интересира за предметот „Империја”,...

Свет23 часа

Објавена аудиоснимка од последниот разговор на пилотот на Коби Брајант и контролата на летање

На интернет е објавена аудиоснимка од последниот разговор меѓу пилотот на хеликоптерот со кој загинаа кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна...

Македонија1 ден

Стефанова: Јанева се однесуваше како да е адвокат на Панделески

Обвинителката Лиле Стефанова на денешното сведочење за случајот „Рекет” рече дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева телефонски и се заканувала...

Македонија1 ден

(Видео) Стефанова: Чудно беше како Камчев знаеше дека ќе му вршиме претрес

Обвинителката од поранешното СЈО Лиле Стефанова денеска сведочи пред кривичниот суд за случајот „Рекет” каде обвинети се Бојан Јовановски –...

Досие