Македонија
Амети предлага воведување пар-непар учество на возила во сообраќајот
Степеност на смртност на годишно ниво е производ на високата загаденост на воздухот, смета шефот на делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, кој заедно со министерот за животна средина и просторно планирања Башким Амети и Анти-Веико Каутонен, аташе на министерството за надворешни работи на Финска, во четвртокк го актуелизираа проблемот со големото загадување на воздухот во Скопје и во Македонија, на завршната церемонија на Твининг проектот за проблемите во областа на квалитетот на воздухот.
„Степеност на смртност на годишно ниво е во голема мера производ на високата загаденост на воздухот. Овој проект им помага на централните и локални власти да го подобрат квалитетот на воздухот. Во врска со проблемот на загаденоста на воздухот, суштински е овој проект да заземе приритетно место кај македонските централни и локални власти. Патот до почист возду во земјата е во рацете на секој граѓанин“, рече Жбогар.
Според него, загадувањето на воздухот и понатаму предизвикува сериозен ризик врз човековото здравје во земјава и рече дека Европската Унија повеќе од десет години го поддржува јакнењето на националните капацитети за управувањето на квалитетот на воздухот.
Сите констатираа дека концентрацијата на ПМ10 и ПМ2.5 честиците многу често ги надминуваат утврдените граници на нормалност, а најчест извор на зголеменото присуство на овие токсични честички се јавуваат во металуршката индустрија, при затоплувањето на домовите и производството на енергија, додека во Скопје најголем удел има сообраќајот, согорувањето на биомаса и индустријата.
„Последните денови предлагаме до владата да преземе мерки за загадувањето на воздухот со тоа што Министерството за внатрешни работи ќе воведе регулиран сообраќај по принципот пар-непар. Ние како министерство ги преполовивме службените возила со што сакаме да придонесеме кон решавање на овој проблем, а истото го предложивме да го направат и останатите министерства од владата. Ова ќе можеме да го постигнеме само со заеднички напори и одговорност за да се обезбеди здрава средина за идните генерации“ – рече Башким Амети, министер за животна средина и просторно планирање
Главна цел на овој проект е да се зајакнат административните капацитети во областа на управување со квалитетот на воздухот и оценка на влијанието на загадувањето врз здравјето на луѓето со спроведување на соодветното законодавство на ЕУ./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Вреди“: Се враќа целосната функционалност на Комисијата за односи меѓу заедниците, нов чекор за зајакнување на Охридскиот рамковен договор
Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“.
„Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор.
Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна институционална одговорност.
Комисијата повеќе нема да биде формалност. Таа ќе биде активен орган. Функционален механизам со реално одлучување и директна одговорност за правична и соодветна застапеност, употребата на јазиците, образованието и културата, со цел целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор и Бадинтеровиот принцип“.
„Вреди“ како што додаваат од партијата, става крај на практиките на институционално занемарување. Законот за правична и соодветна застапеност, подвлекуваат дека ќе се спроведува со целосна сериозност. Според нив, институционалната еднаквост повеќе нема да остане само на хартија.
Македонија
Савески-Хрицова: разговарано за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство.
Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, како и испитување на можностите за потпишување меморандум за соработка меѓу македонското и словачкото обвинителство.
Савески и Хрицова разговараа и за предизвиците во гонењето на висока корупција, како и за можностите за избегнување на одолговлекување на постапките.
Македонија
Утре променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 21 степен.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утре ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
