Македонија
Анализа на ЦКГ: Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно

Општините и Градот Скопје за јавни набавки потрошиле 97 милиони евра склучувајќи 3.898 договори со 1.331 фирма. По две години намалување, вредноста на јавните набавки на локалните власти во 2018 година е зголемена за 17 милиони евра, односно за 21% во однос на претходната година.
На врвот според договорите за јавни набавки останува Град Скопје со 14 милиони евра, но и со огромен пораст на вредноста на јавните набавки во однос на претходната година од 42%, односно за 4,2 милиони евра. Куманово со 4,9 милиони евра скокна од ланското трето на второто место, додека Аеродром ја загуби позицијата во првата тројка и на негово место годинава се искачи Струмица со набавки во вредност од 4,1 милион евра.
Двете општини кои претходно биле на четвртото и петтото место – Битола и Тетово – паднале на 14-то и 20-то место според вредноста на јавните набавки. И кај двете вредноста на набавките се преполовила во однос на претходната година. Битола од 4 милиони евра паднала на 2,2 милиони евра (-45%), а Тетово од 3,9 милиони евра на 1,7 милиони (-56%). Ваков значаен пад има и кај Штип, која од 2,8 милиони евра, во 2018 имала набавки од само 1,4 милиони евра со што од деветтото падна на 23. место.
Спротивно, општини кои не биле, а влегле во првата десетка, со значен скок во вредноста на јавните набавки се: Струга (+162%), Гостивар (+90%) и Кавадарци (+57%).
На дното на табелата според вредноста на набавките се три мали општини, сите со набавки под 100.000 евра, и тоа: Центар Жупа 96.045 евра), Ранковце (80.081 евра) и Зрновци (65.495 евра).
Овие податоци произлегуваат од Базата на податоци за јавни набавки на општините во 2018 година изработена од Центарот за граѓански комуникации, а која ги содржи податоците за сите 3.898 договори за јавни набавки склучени од Градот Скопје и 80-те општини. Базата е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата содржи податоци за последните четири години.
Само Град Скопје за тендери троши колку 46 општини заедно
Град Скопје, како најголема единица на локалната самоуправа троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно. Во прилог на големиот јаз во економската моќ на општините оди и податокот дека 11-те единици на локална самоуправа со најголема вредност на набавките заедно трошат половина од парите, односно колку преостанатите 70 општини.
Кога вредноста на јавните набавки ќе се стави во однос на бројот на жители, се добива поразлична слика. Најмногу набавки по жител има Новаци со 291 евро, додека најмалку има Боговиње со само 9 евра по жител. Просечно, вредноста на набавки по жител изнесува 46 евра. Само 24 општини имаат набавки над просечните 46 евра по жител, додека кај 57 општини вредноста на набавките е под просекот.
Само шест општини имаат набавки над 100 евра по жител, и тоа: лидерот Новаци (291 евро), Карбинци (130 евра), Македонска Каменица (111 евра), Чучер-Сандево (109 евра), Илинден (107 евра) и Долнени (101 еврo) – сите мали општини под 17.000 жители.
Од поголемите општини, најмногу набавки по жител имаат: Струмица – 72 евра, Центар – 63 евра, Струга и Гази Баба по 53 евра и Ѓорче Петров по 51 евро.
Под 20 евра по жител се големата општина Тетово (19 евра), како и помалите општини: Сопиште (19 евра), Шуто Оризари (19 евра), Центар Жупа (13 евра), Желино (12 евра) и Боговиње (9 евра).
Во однос на учеството на јавните набавки во буџетите на општините, тоа се движи од 4% до 77%. Најголем дел за јавни набавки од општинскиот буџет трошат Струмица (77%) и Струга (69%). Најмалку, по 4%, трошат Сопиште и Македонски Брод. Просечно, општините за јавните набавки издвојуваат по 22% од своите буџети.
20 фирми држат третина од локалните тендери
И во 2018 година, според податоците од базата, постои висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од цели 22% во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми држат дури една третина од вредноста на набавките.
Сепак, концентрацијата била дури и поголема во 2015 и 2016 година кога првите 10 фирми држеле 29% и 30% од сите тендери.
Во првата десетка се наоѓаат дури 8 градежни фирми и два нафтени дистрибутери. Пет се од Скопје и по една од Тетово, Струга, Гостивар, Пласница и Кавадарци.
Фабрика Карпош од Скопје му го презеде приматот на Пуцко Петрол според вредноста на добиените тендери од општините во 2018 година. Во топ-трите фирми влезе и Пелагонија од Гостивар, а Бауер БГ го сочува местото во врвот кое го има со години наназад. И во 2018 година има висока концентрација на мал број фирми во набавките на општините. Така, првите 10 фирми со најголема вредност на договорите за јавни набавки имаат учество од цели 22% во вкупната вредност на тендерите на општините, додека првите 20 фирми држат дури една третина од вредноста на набавките, се вели во анализата.
Фабрика Карпош првото место го обезбеди со договори во вредност од 3,9 милиони евра. Пелагонија Гостивар е втора со 2,9 милиони, а трета е Бауер БГ со 2,5 милиони евра. Фабрика Карпош има склучено 13 договори од кои дури 5 со општина Илинден, но вредносно доминира договорот со Град Скопје во вредност од 2,4 милиони евра за изградба, одржување и реконструкција на бул. Босна и Херцеговина. Ова е и поединечно најголемиот тендер што во 2018 година го склучила една локална власт. Вкупната вредност на тендерите што ги добила Фабрика Карпош е 3,9 милиони евра.
И втората по ред, Пелагонија Гостивар, која има само пет договори за јавни набавки со општините, ова високо место го обезбедува поради договор со Град Скопје во вредност од 2 милиони евра за изградба на бул. Христијан Тодоровски Карпош, што е втор по големина тендер на ниво на локална власт. Вкупните договори на Пелагонија со општините се вредни 2,9 милиони евра.
Третата Бауер БГ има 12 договори со општините во вкупна вредност од 2,5 милиони евра, од кои доминираат двата договора со Гази Баба во заедничка вредност од 1 милион евра.
Четврта фирма е Илинден од Струга со вредност на тендерите со општините од 2,1 милиони евра, додека на петтото место се искачи нафтениот дистрибутер Супертрејд со 2 милиони евра, преземајќи му го приматот во овој дел од бизнисот на ланскиот првак Пуцко Петрол, кој падна на седмо место со 1,9 милиони евра. Претходната 2017 година, Пуцко Петрол имаше набавки со општините за 3 милиони евра.
Покрај двата најголеми тендери што со Град Скопје ги склучиле првите две фирми, Фабрика Карпош и Пелагонија Гостивар, носител на третиот најголем тендер склучен од страна на локална власт во 2018 година е Оли-Травел Куманово, со општина Куманово за превоз на ученици во вредност од 1,2 милиони евра.
Следен по големина е тендерот што струмичката Универзал Градба го склучила со Општина Струмица за изградба на улици во вредност од 1,1 милиони евра.
Кога станува збор за број на склучени договори со единиците на локална самоуправа, води струмичката транспортна фирма Струмица-експрес со 49 договори, по која следуваат кочанската фирма Рики-Јуниор со 45 договори и нафтениот дистрибутер Макпетрол со 44 договори. Струмица-експрес е нова во врвот на листата, додека Рики-јуниор и Макпетрол и лани беа меѓу првите три.
Базата на податоци е интерактивна и овозможува пребарување на тендерите по општини и по фирми, а и дава графички преглед на учеството на фирмите во набавките на секоја општина одделно. Базата содржи податоци и за уделот на набавките во буџетите на општините, како и за вредноста на набавките по жител. Базата содржи податоци за последните четири години.
Оваа база на податоци е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.
Анализата врз основа на податоците од базата можете да го прочитате на следниот линк: http://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/86?Category=2 , додека кон целосната базата можете директно да пристапите преку следниов линк: http://javninabavki.opendata.mk/.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регистрирани 590 нови случаи на коронавирус, починаа 2 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.593 тестови, а регистрирани се нови 590 случаи на Ковид-19: Скопје – 261, Битола – 34, Кавадарци – 31, Охрид – 27, Тетово – 23, Куманово и Велес – по 21, Прилеп – 19, Делчево – 17, Штип – 16, Гевгелија – 12, Струмица и Струга – по 11, Кочани – 10, Гостивар и Неготино – по 9, Радовиш и Виница – по 7, Берово – 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Кичево и Валандово – по 4, Ресен , Свети Николе и Демир Капија – по 3, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Дебар, Пробиштип и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (590), регистрирани се 142 реинфекции.
Регистрирани сe 583 оздравени пациенти од: Скопје – 241, Битола – 44, Кавадарци – 43, Куманово – 40, Штип – 26, Велес – 24, Прилеп – 23, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 18, Радовиш – 16, Струмица и Неготино – по 15, Делчево – 10, Кичево – 5, Валандово – 4, Ресен, Свети Николе, Кратово и Демир Капија – по 3, Охрид, Струга и Крива Паланка – по 2, Кочани, Пробиштип и Богданци – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (72г) и Охрид(82г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.
Направени се 1.593 теста преку: ИЈЗ-190, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-38, ЦЈЗ Прилеп-15, ЦЈЗ Тетово-42, ЦЈЗ Куманово-42, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-19, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–132, Жан Митрев (Филип Втори)-16, Авицена-49, Биотек-52, Систина-50, лабораторија Лаор-10, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-6, Генеа-13, Никоб Лаб-52, ВФВ Медикал-4, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-11, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 728.
Досега во земјата се направени вкупно 2.137.986 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 336.041, бројот на оздравени пациенти е 323.051, на починати е 9.426, а бројот на активни случаи изнесува 3.564
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 158210, Активни 1458
Куманово 17858, Активни 149
Битола 17422, Активни 243
Прилеп 15188, Активни 148
Тетово 14311, Активни 128
Кавадарци 11776, Активни 138
Велес 10606, Активни 114
Гостивар 10177, Активни 100
Охрид 9976, Активни 229
Струмица 8654, Активни 92
Штип 8610, Активни 87
Кичево 5998, Активни 62
Кочани 5406, Активни 68
Струга 5106, Активни 78
Гевгелија 4734, Активни 55
Неготино 4061, Активни 73
Ресен 2969, Активни 28
Радовиш 2781, Активни 54
Свети Николе 2755, Активни 12
Крива Паланка 2584, Активни 23
Делчево 2087, Активни 53
Берово 1791, Активни 30
Дебар 1785, Активни 20
Валандово 1581, Активни 7
Виница 1451, Активни 21
Пробиштип 1294, Активни 5
Богданци 1075, Активни 15
Кратово 1077, Активни 17
Крушево 1008, Активни 22
Демир Хисар 908, Активни 11
Македонски Брод 782, Активни 8
Демир Капија 621, Активни 7
Македонска Каменица 533, Активни 4
Пехчево 501, Активни 5
Дојран 365, Активни 0
Македонија
СДСМ: За рангирањето на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај асистентот на тато Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за образование, откако 11 години истото систематски го уништуваше, реагира СДСМ.
„За рангирањето на Универзитетот ‘Свети Кирил и Методиј’ и други универзитети на Шангајската листа ВМРО-ДПМНЕ нека се обрати кај нивниот претседател Христијан Мицкоски.
Мицкоски е професор на Машинскиот факултет при УКИМ, на тој ист факултет магистрирал и докторирал, а на истиот тој факултет професор бил и неговиот татко.
Мицкоски своевремено бил асистент кај сопствениот татко, што е врв на непотизам.
Ете така Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги замислуваат реформите во високото образование, градење кариера преку непотизам, роднински и пријателски врски.
Христијан Мицкоски е симбол на непотизам, а неговата ВМРО-ДПМНЕ симбол на деструктивност и дејствување на штета на интересите на граѓаните и државата“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Македонија
Кочоска Димитриеска: СДСМ е здружена криминална банда со ДУИ

„Министерката за култура воопшто не се огради, не пак да го осуди настанот. Повторно морам да кажам, зборуваме за потрошени пари на граѓаните на Република Македонија и најголем дел од нив преку таа прослава и исвиркувањето на некој начин се навредени нашиот идентитет, нашиот јазик“, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска-Кочоска одговарајќи на новинарско прашање за немањето осуда од страна на власта за исвиркување на македонскиот јазик за време на прославата за Рамковен.
Димитриеска Кочоска која присуствуваше на присуствуваше на протестот на оризопроизводителите во Оризари посочи како да очекуваме да не почитуваат нашите соседи, кога самите не се почитуваме и додаде дека СДСМ не го осудува ова однесување затоа што треба да си го осудат коалициониот партнер со кој се заедно во криминалите.
„Треба да излезат и да го критикуваат коалициониот партнер, а тоа е ДУИ. Но тоа е една здружена криминална банда која заради криминал и корупција ќе ги премолчи сите работи. Оттука министерката за култура нема храброст да искоментира што било“ рече Димитриеска-Кочоска.