Македонија
(Видео) Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна – добивме 43 специјализирани возила за гаснење пожари

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, истакна дека ова лето државата е подготвена да се справи со пожарите, благодарение на Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кои овозможиле армиски и полициски возила кои не се употребувани со години да бидат пренаменети за таа цел.
„Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, рече Ангелов, алудирајќи на импровизираната одбрана од пожарите кога едно од ланските видеа на кои гасне пожар со гранка стана вирално на социјалните мрежи. Тој информираше дека државата, како никогаш порано, располага со нови противпожарни ресурси распределени низ институциите и министерствата.
„Дирекцијата за заштита и спасување во својата структура доби 18 прилагодени моќни теренски возила Пинцгауер (дополнително очекуваме уште 5) со резервоари од 1500 литри, 15 прилагодени оклопни транспортни возила БТР 80 со резервоари од 6 тона и 5 оклопни транспортни возила Хермелин со влечни цистерни од 2, 4, 6 или 8 тона. Сите 43 специјални возила се опремени или се опремуваат со моќни водни пумпи со домет на водниот млаз од 25 до 100 метри“, рече Ангелов.
На воениот полигон Пепелиште, во присуство на премиерот Мицкоски, потпретседателот Љупчо Димовски, министрите Тошковски и Мисајловски, градоначалникот Јанчев и други функционери, беше одржана демонстрација на противпожарните капацитети на новите возила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поради пожар, во прекин е сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово во двата правци

Сообраќајот на автопатот Скопје-Куманово, Куманово-Скопје е во прекин, информираат од АМСМ.
Пожарот е причината за прекинот на сообраќајот, потврдија за „Макфакс“, од таму.
Според информациите на Стојанче Ангелов од ДЗС кој е излезен на терен, густиот чад од пожарот и сообраќајна незгода се причините за прекинот на сообраќајот.
Македонија
Едно починато лице при пожар во стан во Струмица

Денес, (17.07.2025 година), во 15.27 часот, ТППЕ Струмица со три ПП возила и седум пожарникари-спасители учествуваше во гаснење на запален стан на четврти кат од колективна станбена зграда, на улица Б.Ј.Мучето, стои во информацијата на „Пожарникари Струмица“објавена на социјалните мрежи.
„При гаснењето на пожарот, за жал во станот беше пронајдено починато лице.
Сите други станови во зградата се заштитени од пожарот и сите останати станари се безбедно евакуирани“.
Како што соопштија, причините за настанувањето на пожарот и смртта ќе бидат утврдени од надлежни институции.
Македонија
Гори помеѓу индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“: силниот ветер и искри од жици предизвикаа пожари на повеќе локации во Скопје и Куманово

Поради ветер кој го зафати подрaчјето на Општина Куманово и Град Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари, соопшти ЦУК.
„Во Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане се пријавени пожари во с.Романовце, Агино Село, Табановце, Шупњи Камен, Младо Нагоричане, Стрновац“, според информацијата на ЦУК.
Во Скопскиот регион, се пријавени пожари помеѓу Индустриската зона „Бунарџик“ и рафинеријата „Окта“.
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов, информира дека поради невремето не можат да се користат воздухопловите во гаснењето.