Контакт

Македонија

(Видео) Андов, Георгиевски, Фрчковски и други политичари на трибина за независноста организирана од Заев

Објавено пред

Во организација на премиерот Зоран Заев, денеска во Владата се одржа трибина на тема „Патот на независност“, која беше најавена како една од повеќето настани посветени на најважните историски, политички и општествени аспекти од развојот на нашата држава во трите децении од независноста.

Дебатата ја отвори премиерот кој рече дека оваа трибина се фокусира на референдумското изјаснување на граѓаните на 8 септември 1991 година на прашањето „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

Како што рече тој, некои хроничари контроверзата во однос на референдумското прашање ја гледаат од аспект на посебната грижа за односите што ќе ги имала тогашната Република Македонија со поранешните републики на Југославија, наспроти внатрешните меѓуетнички односи, во кои најголемата заедница по македонската, албанската, тогаш инсистирала на референдумско прашање кое повеќе ќе ги дефинира внатрешните односи помеѓу заедниците во државата.

„Мојата лична опсервација на референдумското прашање е дека во тој период најважни беа заложбите за мирно разрешување на сите комплексни прашања, кои беа врвен приоритет и на претседателот Глигоров, кој беше свесен за пресудната улога на меѓуетничкиот соживот, како и зачувување на мирот во земјата. На една таква предострожност повикуваа и искуствата и настаните од сите поранешни југословенски републики кои прогласуваа независност и со тоа се соочија со воени дејствија кои однесоа многу жртви“, потенцираше Заев.

Според редоследот на учеството на трибината, првиот претседател на повеќепартиското Собрание, Стојан Андов, евоцираше спомени со нагласка на седницата на Собранието кога била донесена Декларацијата за сувереност на 25 јануари.

Тој истакна дека тој политички документ донесен со огромно мнозинство во Собранието бил првиот голем чекор кон прогласувањето на независноста на земјата.

Поранешниот министер за надворешни работи и министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, истакна дека овие сеќавања и рефлексии на тие настани се архива од непроценливо значење.

Тој нагласи дека целиот период на подготовка и прогласувањето на независноста се историски процес и настани кои се неповторливи и без втора шанса и како такви биле спроведени со најголема одговорност за историскиот предизвик.

Фрчкоски потенцираше дека исклучително важно било целиот процес да не заврши во национализам и во конфликти и дека инклузивноста на политичките елити на Албанците во земјата бил конструктивен фактор без оглед на разликите за некои важни прашања.

„Одговорот на македонската политичка елита во тоа време беше голем и соодветен на предизвикот и во однос на меѓународното одобрување на прогласувањето на независноста, токму заради фактот што таа беше остварена без конфликт“, рече Фрчкоски.

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии во првата експертска Влада, ја потенцираше важноста на еманципацијата на тогашните политички елити кои, како што кажа, се одважиле да се ослободат од наследството на наследната политичка култура и страв од едноумието и нивната храброст да ја прифатат историската одговорност за прогласување независна држава.

Поранешниот пратеник и претседател на Влада, Љубчо Георгиевски поентираше со ставот според кој најзаслужен за независноста на Македонија е поранешниот претседател на Србија, Слободан Милошевиќ и неговата политичка грубост.

Во тие моменти кога беше неизвесно како ќе реагираат ЈНА и Милошевиќ, рече Георгиевски, од денешна гледна точка пресудно беше единството околу идејата дека мора да се покрене процесот и да се оствари независност, без оглед на тогашните разлики како да се спроведе и успешно да се реализира таа цел.

Во своето обраќање на трибината, Васил Тупурковски се задржа на кристализирањето на концептот на изградба на граѓанска држава според Уставот, наспроти националниот концепт, и дека околу ова прашање биле пропуштени можности да се постигне заеднички пристап со политичките партии на Албанците во периодот непосредно по прогласувањето на независноста.

Мухамед Халили, како пратеник во првиот состав на плуралното Собрание, го истакна својот став дека за него историска вистина е дека првите парламентарни избори во фокусот ја немале независноста на државата, туку на унапредување на нејзините институции.

Сепак, клучен пресврт, рече Халили, беше распаѓањето на поранешниот сојуз на републики на Југославија што го постави прогласувањето на независност на тогашна Република Македонија како историска неизбежност.

Ѓулистана Маркоска во своето обраќање потенцираше дека заедништвото и единството на сите, на пратениците, на политичките партии и на граѓаните околу прогласувањето на независноста е една од најголемите вредности на тој процес.

Насер Зибери, сегашен народен правобранител и поранешен пратеник, истакна во периодот 1990-1991 тогашната партија ПДП имала цврсто изграден став дека доколку се случи заминување на една од републиките на СФРЈ, Македонија треба да си оди исто така.

Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески, евоцираше дека неговата задача била волјата на народот изразена и низ декларациите за независност во Парламентот да ја спроведе на меѓународен план, а тој како министер, го презел МНР без никакво примопредавање и како извршен орган на Владата во кој никој не бил оспособен ниту подготвуван да работи на признавањето на Македонија како самостојна држава на меѓународен план.

„На првата конференцијата за Југославија со нашите ставови излеговме од сенката на СФРЈ, на Србија и на Милошевиќ“, рече Малески и додаде дека потоа следувало мислењето на комисијата на Бадинтер и признанието дека Република Македонија ги исполнува сите услови да биде прифатена и признаена како самостојна држава.

Во заклучните зборови на оваа трибина, премиерот Заев, како домаќин на учесниците во дебатата, нагласи дека презентираните сеќавања и дискусии се значајни записи и хроника за едно време.

Тој посочи дека најважната лекција која може да се извлече од годините кога конечно созреа и се спроведе одлуката за референдум за независност, е дека нашата земја, за разлика од тогашните други југословенски републики, својата независност ја стекнала без воени дејствија, по мирен пат.

„Тој начин на мирољубив и конструктивен пристап во решавањето и на најсложените прашања и конфликти е нашата константа која стана маркантна карактеристика за нашата земја и која како вредност ја препозна и меѓународната заедница“, истакна Заев во завршното обраќање на трибината „Патот на независноста“.

Македонија

Шилегов: Пуштена е втората велопатека на Водно, Скопје станува туристичка атракција

Објавено пред

Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека, која е пуштена на Водно, информира преку напис на својата фејсбук-страница градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

„Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри, со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки, што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената семејна категорија. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме таа да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема. Новата велопатека Flow е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје“, напиша Шилегов.

За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките што ги направивме на Водно, ги повикуваме сите љубители на природата, в недела, 24 октомври, да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам, кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10 часот и учество ќе земат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде проследен секако со добра забава, дополни Шилегов во информацијата на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за Заев: Ако ја разбрал пораката, тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва на средба со граѓаните на општина Демир Хисар го повика Заев да си поднесе оставка веднаш прашувајќи дека доколку ја разбрал пораката од граѓаните од првиот круг на локалните избори, тогаш зошто не ја потпише оставката на Филипче бидејќи државата, како што рече, е прва по смртност поради ковид-пандемијата, како и на Љупчо Николовски, кој е министер за борба против корупцијата, а Македонија е најкорумпирана во Европа.

„Ако ја разбрал пораката тогаш нема да чека избори и веднаш ќе си замине. Ако ја разбрал пораката, тогаш зошто не ги потпише веднаш оставките на Филипче и Љупчо Путерот. Едниот поради тоа што е министер во земја што е прва по смртност во Европа поради Ковид-19, вториот поради тоа што е министер во Влада за борба против корупцијата, а Владата е најкорумпирана во Европа? Еве јавно го повикувам да потпише оставка ако ја разбрал пораката“, нагласи Мицкоски.

„Вистината е дека не разбрал ништо. Дека и денес продолжуваат списоците за поткуп и чизмата со која го газат народот за да гласа за нив. И затоа ви велам најдобар одговор е одѕивот. Демир Хисар беше особено подложно на таквите притисоци. Отфрлете ги стегите. Масовно да излеземе затоа што нивниот поткуп така ќе стане беспредметен. Ја крадат Македонија, да не дозволиме да ја украдат и заедничката иднина. Затоа да се мобилизира народот и да излезе масовно на овие избори“, порача Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовска: Подобрена инфраструктура, зелени површини и сообраќаен ред за општина Карпош

Објавено пред

Во еден од урбаните делови од Карпош, каде што до сега се закопуваше нелегален отпад, треба да никне нов парк затоа што, наместо да расте бројот на диви депонии, јас се обврзувам на нивно итно чистење и на што е можно повеќе зелени површини, изјави независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, за време на посетата на општина Карпош.

На средбата со карпошани, од населбите Карпош 4, Карпош 1 и Жданец, Арсовска понуди отвореност, транспарентност и заедничка соработка при надминување на проблемите со кои се соочува општината. Според неа, главен предизвик за овие жители е справувањето со урбаната мафија, која сѐ повеќе го зема својот замав со појава на згради на секое ќоше, а потребно е и итно изнаоѓање соодветни паркинг-решенија.

„На неконтролираното градење ќе му дојде крајот со изработката на детаљни урбанистички решенија креирани во соработка со експерти. Сообраќајниот хаос ќе се реши со достапен и ефикасен јавен превоз и брзи сообраќајници што ќе ги поврзуваат сите населби. Кејот на Вардар од двете страни ќе добие комплетно уредување и нов современ изглед, а ќе бидат поставени и спортски содржини – патеки за трчање и за велосипеди. Затворените врати на општинските служби ќе бидат минато затоа што предвидувам отворање канцеларија што ќе биде во служба на граѓаните, 24/7 за итни интервенции и постојано ќе излага во пресрет на нивните барања поврзани со градот. Граѓаните имаат прво да одлучат за тоа каква ќе биде нивната иднина и затоа нивниот глас мора да биде најизразен во работењето на секоја општина“, посочи Арсовска.

За жителите од Жданец, пак, приоритетно е да се реши квалитетното водоснабдување, а Арсовска рече дека тоа ќе се овозможи преку поврзување втора јужна висока зона од Жданец во Карпош.

„Не само во Жданец, на ниво на целата општина ќе има подобрување на инфраструктурата, ќе се замени фекалната канализација и ќе се почне со асфалтирање. Овие проблеми од моја страна се детектирани претходно и веќе имам издржан план и реални проекти со кои ќе ги надминеме овие недостатоци уште во првите денови од мојот мандат“, заклучи Арсовска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Ангел Димитров: Сè потешко ми е да информирам за работата на заедничката комисија за историски прашања

Сè потешко ми е да ве информирам за работата на нашата комисија. Не сме во позиција бидејќи не се постигнати...

Македонија10 часа

Регистрирани 411 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет10 часа

Вакцината на „Фајзер“ со ефикасност од 90,7 отсто кај децата на возраст меѓу 5 и 11 години

Неодамнешните истражувања покажаа дека вакцината на „Фајзер“ против коронавирусот е 90,7 проценти ефикасна во спречувањето симптоматски инфекции кај деца на...

Свет13 часа

(Видео) Емотивно во Брисел на последниот самит на Меркел – канцеларката испратена со овации

Лидерите на ЕУ собрани на самитот во Брисел со внатрешна церемонија се простија од Ангела Меркел, за која ова беше...

Економија13 часа

Лидерите на ЕУ бараат итни мерки против поскапувањето на горивата и струјата

Денеска, на самит во Брисел, лидерите на Европската Унија се согласија за серија мерки што на краток рок треба да...

Македонија15 часа

260 луѓе целосно вакцинирани починале од Ковид-19 од август до сега

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со...

Топ16 часа

Скопјанец фатен со 45 килограми марихуана во Прилеп

Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против едно лице од Скопје, на возраст од 31 година, за неовластено производство и...

Свет18 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион1 ден

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија1 ден

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ1 ден

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија2 дена

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија2 дена

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа2 дена

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија2 дена

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ2 дена

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет2 дена

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет2 дена

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет2 дена

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Досие