Контакт

Македонија

Андоновска: Полицискиот час на Филипче е без ефект, потребни се протоколи

Објавено пред

Позитивни се 30 проценти од тестираните во текот на изминатото деноноќие, а имаме дури 30 мртви за 24 часа, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ потенцирајќи дека полицискиот час не дава резултати. Потребни се протоколи, смета Андоновска, но и систем што ќе функционира.

Според опозициската партија, власта задоцнила со сите мерки.

„Сега имаме протоколи што не се почитуваат, институциите се полни, нема систем. Граѓаните се тие што ја плаќаат цената. Владата и Филипче немаат план и тоа е загрижувачки и алармантно“, оцени Андоновска. Рече дека вакцинацијата, која досега требаше да биде во напредна фаза, не е ниту почната за оние што сакаат да бидат вакцинирани.

„Филипче најавуваше вакцинација во февруари, сега сме крај на март, а вакцини нема. И сето ова ни се случува додека во регионот и светот масовно се вакцинира и додека сѐ им бега од контрола. Заразата се шири, единствено што им е во главата е политикантство, наместо да се грижат како да излеземе од оваа здравствена голгота, тие туркаат попис, кој ќе значи катастрофални бројки на заразени. Ваквите бројки ја прават државата рекордер по број на мртви и на последно место по ефикасноста во справување со заразата“, рече Андоновска.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска побара оставка од министерот за здравство, Венко Филипче.

Македонија

Во болниците во земјава се лекуваат 1.699 пациенти со коронавирус

Објавено пред

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.699 и има околу 335 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 69 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 702 лица. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 59 оздравени пациенти.

Во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 998 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Пренџов: Има 145.909 причини Филипче да си поднесе оставка

Објавено пред

Пратеникот од коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, ГРОМ Љупчо Пренџов на денешниот протест пред Министерството за здравство насловен „Здравје, а не провизија – Оставка на Филипче, за спас од неспособноста која убива“, вели дека граѓаните имаат 145.909 причини да побараат оставка и одговорност од Филипче и Заев додавајќи дека додека граѓаните се оставени сами на себе, Филипче и Заев се возат со скапи мотори.

„Денеска сме овде затоа што имаме 145.909 причини да побараме оставка од овој кој што ни го води здравството во државата. Се наоѓаме овдека бидејќи имаме 4.388 причини да побараме оставка и одговорност и од него и од оној кој што му е шеф. Имаме 20.082 активни причини со кои што го повикуваме да се засрами и тој и неговиот премиер кои што се возат едниот напред, другиот позади на овие БМВ ексклузивни мотори по 30.000 евра, додека народот не знае од што повеќе е погоден, дали од епидемијата или од немаштијата, а тие си тераат забава“, рече Пренџов.

Обичниот народ, додаде тој, нема ниту здравствена, ниту економска заштита.

„Во оваа држава пред една година требаше да набавиме респиратори, се сеќавате тогаш велеа дека немало респиратори, дека сакале да платат респиратори за народот колку толку што е во болница да може да има надеж дека ќе дочека едно подобро утро. Денес гледаме респиратори немало, ама имало дадени пари за респиратори, 1.2 милиони се потрошени. Слушаме разговори, платена е царина во Бразил, платен е ДХЛ брза пошта, а за нашата држава и за нас нема ниту пари во буџетот, нема ни респиратори“, додаде Пренџов.

Пратеникот Пренџов посочи дека Филипче ветувал покачување за 5 проценти на платите на здравствените работници и медицинскиот персонал, но како што нагласи ниту ова ветување не го исполнил, нагласувајќи дека Македонија има министер кој наместо да обезбеди вакцини, тој наоѓал фирми од кои ќе може да заработи и да се збогати.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Ангеловски: Бројот на жртви во сообраќајни несреќи намален за 14 отсто

Објавено пред

Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). И во текот на 2021 година продолжува трендот на намалување на бројот на сообраќајни незгоди, како и бројот на жртви, соопшти денеска портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, на прес конференција во Штип.

„Во периодот од 1 јануари до 15 април 2021 година бројот на сообраќајни незгоди е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани, а бројот на жртви е намален за 14 отсто. Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од минатиот месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности“, рече Ангеловски.

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на територија на СВР Штип, а во текот на вчерашниот ден (16.04) санкционирани се 106 возачи, од кои 45 за возење со брзина поголема од дозволената, седум за управување нерегистрирано возило, пет за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци на мотоциклисти…

„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат“, вели Ангеловски.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија4 минути

Ивент индустријата ќе добие финансиска помош за смислување настани за Денот на независноста

Следната недела ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка од 1 милион евра за компаниите да можат да реализираат...

Македонија2 часа

Османи ги претстави првите економски советници кои ќе бидат испратени во Варшава, Минхен, Анкара и Абу Даби

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ги престави првите четири избрани економски советници, кои ќе бидат упатени во рамките на...

Македонија2 часа

МЗ: Голема благодарност до семејството на починатата девојка, нејзините органи ќе бидат донирани на десетина пациенти

Пациентот кој го прими срцето од починат донор во втората трансплатанција на срце во државава е на возраст од 22...

Македонија3 часа

Одбраната на Камчев поднесе кривични пријави за судиите кои му одредија притвор

Одбраната на Орце Камчев поднесе кривични пријави против судиите кои му го продолжија притворот за уште 30 дена за предметот...

Регион4 часа

Рама тврди дека го видел документот со промена на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесува Газета Експрес....

Свет4 часа

Русија им забрани влез на високи претставници на администрацијата на Бајден

Русија воведе забрана за влез на високи претставници на САД. Меѓу нив се и јавниот обвинител Мерик Гарланд и министерот...

Македонија5 часа

Извршена втора трансплантација на срце во Македонија кај 22-годишно момче

Ноќеска во Македонија беше извршена втората трансплантација на срце на Клиниката за кардиохирургија. Станува збор за 22-годишно момче кое доби...

Регион19 часа

Јанша го негира нон-пејперот: Тој документ не постои

Нема документ, па дури и нон-пејпер, со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот, е пораката...

Македонија21 час

Судот одреди домашен притвор за Драги Рашковски

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го...

Македонија23 часа

Заев за Рашковски: Нема недопирливи, но никој не е виновен додека за него не се докаже вина

Во однос на истрагата за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, премиерот Заев вели дека нема недопирливи, но пресумцијата...

Македонија1 ден

Богдановиќ укажува дека ако се суспендира планот за зградите кај „Холидеј ин“, штетата ќе ја платат граѓаните

Во стариот Закон за урбанистичкото планирање општините немаа никакво ограничување за тоа колку да трае суспензијата или неспроведувањето на плановите...

Македонија1 ден

Филипче: Ќе преговараме Институтот „Торлак“ да ни стане стратешки партнер за набавка на вакцини

Министерството за здравство следната недела ќе преговара со српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ да стане наш стртепки...

Свет1 ден

СЗО: Стапката на новозаразени се ближи до нов рекорд

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот на неделно ниво е речиси двојно зголемен во последните два месеца и...

Европа1 ден

Првите „ковид-фри“ возови од денес превезуваат патници од Рим до Милано

Денес, тргнуваат специјални „ковид-фри“ возови, во кои патниците ќе може да се качуваат само со негативен тест на коронавирус, што...

Регион1 ден

„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу

Граѓаните на Србија развија имунитет најбргу со вакцината на „Фајзер“ и тоа две недели по првата доза, што е за...

Македонија1 ден

Во болниците во земјата се лекуваат 1.708 ковид-пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.708 пациенти со коронавирус...

Регион1 ден

Србија ги отвора училиштата

Кризниот штаб на Србија донесе одлука децата да се вратат на училиште. Според членот на Кризниот штаб, Предраг Кон, состојбата...

Македонија1 ден

Приведен Драги Рашковски, Обвинителството бара притвор

Полицијата го приведе поранешниот секретар во кабинетот на премиерот и поранешен генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во рамките на истрагата...

Европа2 дена

Четири лица починаа по примањето на вакцината на „Астразенека“ во Италија

Четири лица во Италија починаа од ретки тромби, откако беа вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, се вели во извештајот на...

Македонија2 дена

Во Македонија 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 890 нови случаи на коронавирус, 35 лица починаа, а оздравени се 1.024...

Досие