Контакт

Македонија

Андрески: СДСМ им помага на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ прави хаос и блокади

Објавено пред

Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески, во рамките на караванот граѓански трибини во организација СДСМ под мотото „Силно и одлучно кон иднината“, денеска се обрати пред граѓаните на општина Зелениково.

Тој рече дека СДСМ е консолидирана партија, која го слуша гласот на народот и континуирано на дело покажува што значи вистинска гржа за граѓаните, особено во ова време на тешка економска и енергетска криза.

„ Антикризните мерки даваат резултат, со обезбедување на субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија, почнаа да се намалуваат цените на лебот, млекото и месото. Во наредниот период очекуваме продолжување на падот на цените до 10 отсто. Истовремено продолжува субвенционирањето на 80 отсто од сметките за електрична енергија за домаќинствата и за 72.000 мали потрошувачи, истакна Андрески, додавајќи дека истовремено ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето штетно и деструктивно однесување.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ на дело ја покажа својата неспособност и неодговорност, додедувајќи го Скопје во хаос и блокада.

„ ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија и тие за една година предизвикаа катастрофа во градот. Наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз. Не само што нема никакви нови проекти, туку Град Скопје не може да ги обезбеди ниту основните функции. Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, тешка е состојбата и во други градски претпријатија, а ним им се важни само тендерите и провизиите нагласи Андрески.

Пред граѓаните на општина Зелениково се обрати и членката на ЦО на СДСМ Славица Грковска, осврнувајќи се евроинтеграцијата на државата, започнувањето на преговорите за членство во ЕУ по 17 години чекање, со заштитен маедонски јазик и идентитет.

„ Иднината на Македонија е гарантирана и таа е европска, друга алтернатива немаме, патот до ЕУ е долг и тежок, но придобивките се огромни. Во ЕУ нашите граѓани, нашите деца ќе живеат со повисок стандард, во општество со европски вредности, со подобар обрзаовен, социјален и здравствен систем, со просперитетна економија, затоа да се обединиме за остварување на нашата визија за економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, во која младите горди, ќе ја градат својата идина, порача Грковска, од трибината на СДСМ по мотото „Силно и одлучно кон иднината“, во Зелениково.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Објавено пред

Од

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација.

„Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како држава, да го градиме, би рекол, целиот тој комплекс на централи на река Црна, над постоечката Тиквеш, во јавноста познат како проект Чебрен и Галиште. Направивме пресметки и цениме дека овој е стратешки проект, не само за Македонија како држава, туку и за регионот. До сега имаше многу неуспешни тендери, обиди за приватни партнерства, процеси поврзани со многу сомнежи“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи доколку, како што рече, успееме да формираме синдикат на меѓународни финансиски институции, а разговорите се во таа насока, тогаш реално е да се очекува дека следната година ќе ставиме камен-темелник на овој историски проект.

„Има многу причини за кои верувам јас, и јас и колегите во Владата, и во компанијата АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, дека треба да се обидеме, вака народски кажано, да стиснеме заби и да го изградиме сами овој проект. Имајќи ги предвид климатските промени, убеден сум дека не само на Македонија како држава, туку и во регионот, ќе им требаат два резервоари за питка вода. Токму тие се тие акумулации, таков тип на резервоари. Така што, производството на електрична енергија можеби и не е примарен предизвик, можеби е терцијален или четврт по ред, имајќи предвид дека под постоечката хидроцентрала Тиквеш се наводнуваат некаде околу шеесетина илјади хектари земјоделско земјиште“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека ова е амбициозна најава, но не е невозможна и рече дека се многу блиску до конечна одлука самата држава да го гради овој проект.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со Клинички центар во близина на обиколницата, може да привлекуваме пациенти и од соседните држави, рече Мицкоски и најави почеток на активностите в година

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се привлечат пациенти и од соседните држави.

„Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и веќе имаме понуди кои се необрзувачки и индикативни, кои за нас се поволни и прифатливи. Овие проекти треба да ги завршиме, а логично е дека во меѓувреме размислуваме и за големиот клинички центар, кој би требало да се изгради во Скопје. Разгледуваме една локација пред базенот „Борис Трајковски“. Таа локација е на два булевари, пристап до гас, блиску до обиколницата. Тоа значи дека не само за главниот град и Македонија како држава, туку може и од соседните држави да привлекуваме пациенти кои ќе ги користат услугите на овој, како што е нашиот план, ултра модерен клинички центар“, рече премиерот Мицкоски.

Тој потенцираше дека таа парцела е приватна сопственост и се преговара со сопственикот за замена за земјиштето.

„Планот е под булеварот „Илинденска“ да се направи топол подземен премин, кој што ќе се поврзе со постоечката „8 Септември“. Тука се наоѓа и ПЕТ центарот кој, исто така, во моментов го развиваме и сето тоа е поврзано со поликлиниката „Букурешт“. Тоа значи дека овој проект ќе опфати целосен заокружен комплекс. Знаете дека имавме една голема инвестиција во болницата „8 Септември“, бевте присутни, видовте навистина најсовремена опрема која е единствена на Балканот. Тоа е нашата амбиција и откако ќе ја завршиме процедурата со овие претходни проекти, тоа ќе биде главниот фокус на нашите приоритети. Овој долго најавуван проект да го направиме каде што треба да биде и каде што ќе можат граѓаните да го користат“, истакна Мицкоски и дополни дека ако сè е според плановите, следната година би можеле да започнат првичните активности.

Прикажи повеќе...

Македонија

Почна доградбата на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром

Објавено пред

Од

Во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров, денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставниот кадар, ученици и родители.

Со реализацијата на овој проект, училиштето ќе добие 8 нови училници и 770 метри квадратни нов училишен простор, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат можности за организирање на едносменска настава, велат од Општината.

„Ова е трето училиште во Општина Ѓорче Петров кое добива доградба во период од само еден месец, што претставува силен показател за посветеноста на општината кон унапредување на образованието и создавање современи услови за учениците и наставниците“, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Забава18 минути

Новиот роман за Гоце Делчев ги подели Македонците

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е...

Македонија20 минути

Мицкоски: Треба да стиснеме заби и сами да го изградиме проектот Чебрен и Галиште

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Забава29 минути

Една од најголемите и најскапите приватни јахти во светот се закотви во Дубровник

Импресивната суперјахта „Дип блу“ се закотви пред Дубровник, откако претходно беше видена во водите на Мљет, пишува „Дубровачки дневник“. Станува...

Македонија45 минути

Со Клинички центар во близина на обиколницата, може да привлекуваме пациенти и од соседните држави, рече Мицкоски и најави почеток на активностите в година

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се...

Македонија49 минути

Почна доградбата на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром

Во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров, денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство...

Црна хроника53 минути

Тешко повреден работник на аеродромот во Охрид, паднал од кров

Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди. Според...

Македонија56 минути

(Видео) Бојковска: „Роамингот како дома“ станува реалност со ВМРО-ДПМНЕ

За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ главен приоритет се интересите на македонските граѓани, направен е уште еден значаен чекор од кој...

Македонија59 минути

(Видео) СДСМ: Брисел бара измени на Законот за Судски совет

Уште една лага на Христијан Мицкоски за реформите е целосно разобличена. Брисел по скратена постапка бара измени на Законот за...

Македонија60 минути

Хоџа: Одржливото управување со водите е дел од европската агенда

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска се обрати на сесија на Националната конвенција за Европската Унија...