Контакт

Македонија

„Анима мунди“ со законски измени за Законот за заштита на животните

Објавено пред

Организацијата за заштита на животните „Анима мунди“ изготви и до надлежните институции достави коментари и предлог-законски измени на постојниот закон за заштита и благосостојба на животните со цел суштинско и квалитативно унапредување на законот и изнаоѓање трајно и хумано решение за проблемот со бездомните животни во Македонија.

Од „Анима мунди“ велат дека амандманите се изработени од нивното здружение и дека се поддржани од 11 македонски здруженија за заштита на животните. Предложените законски решенија, како што додаваат, се меѓусебно поврзани, лесно применливи и прават една сеопфатна правна и апликативна целина.

Во фокусот на предложените законски измени се:

1. Регулирањето на одговорното сопствеништво и дефинирање забранети постапки затоа што неодговорното чување миленици (неконтролиран расплод/напуштање/немање никаква евиденција) се причинител број 1 за постоење на овој проблем.

2. Јасна децидна забрана за евтаназија како механизам за справување со бездомната популација затоа што откако знаеме се применува и не донела резултат, го продлабочила проблемот, дала можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (на пример, само за времетраење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот.
Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку  ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Во овој контекст не само земји како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.

3. Воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура или по процена на ефект да може да спроведуваат програма за намалување на бројката на бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (на пример, ваучер-систем или мобилни клиники што би опслужувале повеќе општини и сл.). Ова го сметаме за исклучително важно бидејќи досега Законот оневозможува сè друго, освен дејствување во рамките на стационари, што е скапо, непотребно, неодржливо.

Со законот да се дозволи здруженијата за заштита на животните да стерилизираат бездомни животни. Од здружението потенцираат дека ова досега не им било дозволиво со закон, иако сакале само да помогнат, инспекциски служби вршеле проверка дали стерилизираат противправно бездомни животни бидејќи, како што велат, тие не биле надлежни.

Бараат со законот да се дозволи соработка со меѓународни организации и нивно ангажирање во земјата со цел намалување на бројката на бездомни животни. Според здружнието, ова е неопходно со цел во иднина повторно да не се пропуштаат шанси, како понудите за помош од најсилни меѓународни организации, „Ворлд вет“ и ЕНПА.

4. Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла  можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни. Во моментот единствено надлежна да постапува во случаи на мачење, злоупотреба, занемарување, неодговорно сопствеништво и напуштање на животните во Република Македонија е ветеринарна инспекција при Агенцијата за храна и ветеринарство. Меѓутоа, ветеринарна инспекција има десетици други надлежности и не е специјализирана за заштита на животните. Како последица на тоа, сведоци сме на неодговорно сопствеништво, кое е основен причинител за постоење бездомни животни на улиците; нелегална купопродажба на животните, борби со кучиња, пред сè, во руралните средини, при што повеќе “неупотребливите“ единки најчесто завршуваат на улица, како и исклучително многубројни и екстремни случаи на насилство врз животните во Р. Македонија, кои без двоумење укажуваат на агресија и насилство во македонското општество – девијантни појави кои е неопходно да се превенираат или кои доколку се случат, неопходно е да бидат строго санкционирани. Таквите случаи се најчесто истражувани, откривани и пријавувани од здруженијата за заштита на животните. За жал, фактичката состојба укажува дека по нив не се постапува соодветно, т.е. дека иако здруженијата ги евидентираат и пријавуваат, случаите не добиваат адекватна правна завршница.

Имајќи ги предвид досегашните трагични и негативни случувања, како и заклучокот на Владата од 6 ноември, МЗШВ, АХВ и ЗЕЛС, во соработка со здруженијата за заштита на животните, да изнајдат законско решение за трајно решавање на проблемот со кучињата скитници, од „Анима мунди“ се надеваат дека конечно и сериозно ќе се земат предвид нивните предлози, кои, како што велат, се исклучиво во интерес на граѓаните и хуманиот третман на животните во Република Македонија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Смоки и вода за македонските државјани кои ќе слетаат од Берлин и ќе бидат сместени во карантин

Објавено пред

Владата објави фотографии од автобусите со кои ќе бидат пречекани и превезени македонските државјани кои ќе допатуваат од Берлин.

Во автобусите има смоки и вода, а од Владата велат дека возилата се дезинфицирани.

Со нив, граѓаните ќе бидат превзени до хотелот Цар Самуил во Струмица, каде ќе бидат сместени во следните 14 дена во задолжителен државен карантин.

„Им благодариме на сите колеги по институциите кои деноноќно и посветено работат на безбедно враќање на нашите граѓани дома. На нашите сограѓани во карантин им посакуваме здравје и што полесно да го поминат карантинот, а до сите останати сограѓани апелираме да ги следат мерките за заштита и да останат во своите домови“, велат од Владата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Земјотрес од 3,5 степени во Штип

Објавено пред

Во Штип денеска е регистриран земјотрес од 3,5 степени според рихтеровата скала.

Како што соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот бил регистриран во 12 часот и 35 минути, со епицентар на 70 килоемтри југоисточно од Скопје, во штипското епицентрално подрачје.

Земјотресот бил почувствуван од населението во Штип и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Скопје почнува мобилно тестирање за коронавирус, лекарите ќе доаѓаат дома

Објавено пред

Како дополнување на системот на центрите за јавно здравје кои земаат примероци за тестирање за коронавирус од утре почнуваат со работа мобилните екипи. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека мобилната екипа ќе биде поддршка на веќе отворените пунктови за тестирање.

„Системот е спремен за мобилни тестови. Ќе почне да функционира во Скопје. Мобилните екипи ќе одат кај семејствата кои треба да се истестираат побрзо“, рече министерот Филипче.

Мобилните тимови ќе помагаат онаму каде што притисокот за тестирање кај матичните лекари е најголем.

Министерот најави два нови пункта за тестирање во Скопје. Еден во Чаир, кој ќе почне со работа утре и уште еден во поликлиниката Млин балкан кој се очекува да почне со работа до крајот на неделата.

Досега се направени вкупно 2800 тестови од кои 1700 во државната лабораторија. Министерот најави дека од утре со работа почнува лабораторијата на Ветеринарниот институт која има капацитет за 30 теста дневно, а Фондот за здравствено осигурување е во преговори со приватните клиники кои сега го наплатуваат тестот за покривање и на нивните трошоци па тестирањето и кај нив ќе биде бесплатно за пациентите кои имаат здравствено осигурување.

„ Комисија од Министерството за здравство го заврши увидот во ’Жан Митрев’, ’Систина’, ’Авицена’, а утре ќе направи увид и во лабораторијата ’Биотек’ за да се направи план за искористување и на тие капацитети, а во Фондот веќе работат на наоѓање на модел на соработка. Мислењата на епидемиолозите се дека ќе се зголеми бројот на тестирањата, согласно јавувањата кај матичните лекари“, рече министерот Филипче.

Тој извести дека се прават подготовки за организирање на транспортот на лицата кои се лекуваат во домашни услови, а треба да ја примат терапијата со сумамед и лекот против маларија. Има околу 200 вакви пациенти кои се во секојдневна комуникација со матичните лекари и епидемиолозите и засега сите имаат сосема лесна клиничка слика на болеста.

„Го развивме системот за транспорт и веќе следната недела пациентите кај кои ќе биде индицирано примањето на терапијата ќе бидат транспортирани до болница. Терапијата треба да се прими во болнички услови“, рече министерот Филипче и нагласи дека терапијата се дава исклучиво по проверка на срцето на пациентите, а резултатите се очекуваат по пет до седум дена од почетокот на терапијата.

Лицата сметени во карантин Филипче вели дека непотребно се стигматизираат. Уверува дека ниту еден од нив не е заразен со вирусот и дека сите се здрави луѓе кои не се опасни за околината. Четворица од луѓето во државен карантин имаат настинка и за тоа примаат лекарства.

Од утре во функција се враќаат амбулантите на Клиниката за дерматологија по карантинот поради ексдиректорката која цела недела доаѓала на работа пред да и биде дијагностициран коронавирусот.

Се разгледува можноста и во Заводот за рехабилитација работата да се сведе само на амбуланти откако неподвижен пациент беше заразен со коронавирус, но одлуката ќе се донесе откако ќе бидат готови резултатите на сите тестирани од Заводот.

Пациентот кому вчера му беше дијагностициран коронавирус во болницата „8 Септември“ министерот Филипче извести дека е пренесен на Клиниката за инфективни болести со што болницата „8 Септември“ е целосно подготвена да прими заразен со коронавирус кој има потреба од операција или интервенција за друга болест.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Италија и Шпанија заедно имаат повеќе од половина од жртвите на коронавирус во светот

Само во Италија и Шпанија досега починале 17.385 лица, што е повеќе од половина од вкупната бројка на починати од...

Македонија6 часа

(Видео) Заразен доктор во битолската болница „Плодност“, болницата ќе биде затворена до 13 април

Директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски, во видео обраќање соопшти дека болницата ќе биде затворена и воопшто нема...

Македонија7 часа

Медицинските работници во земјава ќе добијат нова тура на бесплатни маски направени со 3D принтери

По изминативе два дена бројот на активни 3D принтери порасна на 60-тина, со што ќе се оствари бројката од 6.000...

Македонија7 часа

31-годишниот скопјанец починал по распад на белите дробови, единствен ризик фактор била дебелината

31-годишниот пациент кој претпладнево починал на Инфективната клиника во Скопје е најмладиот починат пациент во Македонија од коронавирус. Бил примен...

Македонија8 часа

Вкупно 259 случаи на коронавирус во Македонија, досега починаа 6 лица

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Претходно, на...

Македонија9 часа

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена поради починатата пациентка од струшко

Директорката на охридската болница ќе биде разрешена од функцијата поради случајот со починатата 66-годишна жена од струшко која и покрај...

Македонија9 часа

Две лица починаа на инфективната клиника, едниот бил на 31-годишна возраст

На Клиниката за инфективни болести починале две лица заболени од коронавирус, извести министерот за здравство Венко Филипче. Едниот е пациент...

Македонија10 часа

Хотелот „Макпетрол“ во Маврово станува државен карантин

Макпетрол АД одлучи да го стави на располагање хотелот „Макпетрол” во Маврово, кој располага со сместувачки капацитет од 40 двокреветни...

Македонија11 час

Приведени се 102 лица кои вчера не го почитувале полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на државата вкупно 263 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето,...

Свет12 часа

Во Кина 45 новозаразени од коронавирус, само еден не е од странство

Кина објави 45 нови случаи на коронавирус, од кои 44 заразени доаѓаат од странство. Според Националната здравствена комисија, уште петмина...

Свет12 часа

Њујорк нема да биде ставен во карантин, одлучи Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп, сепак, ја отфрли идејата за воведување на карантин во Њујорк заради пандемијата на коронавирусот, откако доби...

Македонија24 часа

Обвинителството ќе ја истражува смртта на стружанката, не била примена во болница и покрај препораката од матичниот

Основното јавно обвинителство Охрид отвори предмет по допрен глас за смртта на 66-годишната жена од Струга, која денеска почина од...

Европа1 ден

Франција ќе увезе милијарда маски од Кина

Францускиот министер за здравство објави дека земјата ќе увезе милијарда маски од Кина. Според здравствените власти, Франција може да произведе...

Македонија1 ден

Стапи на сила полицискиот час за време на викендите, улиците се празни

Со одлука на Владата, од денеска за време на викендите е забрането движењето на сите граѓани од 16 до 5...

Македонија1 ден

Полиција ќе ги доставува на домашна адреса готовите лични карти и возачки дозволи

За да се намали метежот во Управните служби на Министерството за внатрешни работи од понеделник граѓаните чии лични карти и...

Македонија1 ден

Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Свет1 ден

Вухан е отворен по два месеца изолација

Кинескиот град Вухан, каде првично избувна пандемијата на коронавирусот, денеска почна да ги укинува карантинските мерки по два месеца, возобновувајќи...

Европа1 ден

Во Шпанија за една ноќ починаа 832 лица

Бројот на починати од коронавирус во Шпанија се зголеми за рекордни 832 лица во текот на ноќта и сега изнесува...

Македонија1 ден

Хотелот „Молика“ на Пелистер од денеска е државен карантин за 90 лица

Хотелот ,,Молика” на Пелистер, кој е во сопственост на АД ЕСМ, од денеска ќе биде државен карантин за 90 лица...

Македонија1 ден

Влада: Граѓаните сместени во државните карантини не се закана за никого

Владата апелира до граѓаните на земјата да бидат уверени дека сите мерки што се преземени за прифаќање на нашите државјани...

Досие