Македонија
Апасиев: Ситуацијата е алармантна, потребна е радикализација

Лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев, пред Собранието изјави дека ситуацијата во државата е алармантна и дека демократијата е парализирана.
Во изјавата Апасиев посочи дека според него потребна е политичка радикализација на опозицијата.
„Не знам дали го видовте видеото, мене ми изгледаше како оние заробеници на терористички организации, пред егзекуција. Ситуацијата е опасна, граѓаните треба да ја сфатат сериозноста. Мислам оваа власт не паѓа со милум и треба радикализација на состојбата“, порача лидерот на „Левица“, зборувајќи за видеообраќањето на пратеникот Кастриот Реџепи од Беса.
Реџепи денеска не се појави во Собранието и на тој начин не го обезбеди потребното мнозинство на опизициските партии за да се гласа недоверба на Владата.
Иако во видеото тој тврди дека е на безбедно и се чувствува добро, пратениците од опозицијата веруваат дека пратеникот веројатно е задржан против своја волја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево време, попладне со изолирана појава на пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има изолирана појава на пороен дожд проследен со грмежи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени, велат од УХМР.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Во следните денови се очекува во попладневните часови на повеќе места да биде нестабилно со дожд и грмежи и локална појава на поинтензивни процеси во вид на невреме. Температурите ќе бидат без поголема промена.
Македонија
Ковачевски и Мицкоски денес ќе се соочат на лидерска средба

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Клубот на пратеници ќе се состанат на лидерска средба.
Како што соопштија од владината прес-служба, на средбата ќе се разговара пред сѐ за уставните измени со цел продолжување на европската интеграција, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
По завршувањето на средбата, предвидени се изјави за медиумите.
Претходно неделава, Мицкоски го повтори партискиот став дека нема да поддржи уставни измени по бугарски диктат.
Македонија
(Видео) Јовев: Не сум жртва на политички реваншизам, почна како суета, но може да прерасне во политички пазар

Разрешениот директор на Кардиологија Сашко Јовев вели дека добил голема поддршка од заменик-министерката Маја Манолева која имала многу состаноци на кои го подржала, а добил поддршка и од СДСМ, но сепак тврди дека разрешувањето не тргнало како политички реваншизам. Почнало како суета, но за Јовев е очекувано да се претвори во политички пазар.
„Јас сметам дека не сум жрва на политички реваншизам, но ова веќе може да пресане во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е политика. Иницијалната каписла може да е некоја суета, некое недоразбирање, апсолутно. Како таа оди нагоре, сакаат да жртвуваат некој што направил нешто во овој живот и за оваа држава, јас 25 години се трудев да отворам кардиохирургија, многу генерации наназад моите ја создаваа оваа држава. Ние имаме чесно и интелектуално портфолио и не може да си играте играчки со такви луѓе. Воопшто не почна политички, како се егзацербира, веќе може да има некој, за мене, беспотребен политички пазар“, рече кардиохирургот Јовев.
Тој денес на прес-конференција пред Клиниката се посомнева дека е сменет бидејќи за настанот од 27 мај на кој се пофалија со хибридна операциона сала за брзо оздравување на пациентите, згрешил во протоколот. Министерот Меџити се почувствувал навреден оти прво бил поканет премиерот Димитар Ковачевски, а потоа тој, ккао министер за здравство.
Адвокатот на Јовев, Мите Михајловски, најави тужба по решението за разрешувањето во кое е образложено дека единствена причина за смената се листи за исплата на дежурства од 2022 година без потпис на министерот. Адвокатто Михајловски смета дека одговорноста што немало согласност за исплата на дежурствата не е на директорот туку токму на министерот.