Контакт

Македонија

Апликацијата „Кико“, која им чита текст на слепите лица, доби и албанска верзија

Објавено пред

По промовирањето на аудиочитачот на македонски јазик – „Кико“, слепите лица и лицата со оштетен вид, чиј мајчин јазик е албанскиот, ја добија и албанската верзија „Хана“. И оваа апликација на албански јазик, кој личи на на македонската, ќе овозможи пишаниот текст да се чуе и да се разбере во аудиоверзија. Првпат лицата со оштетен вид, кои говорат албански јазик, добија аудиочитач на мајчин јазик, „Хана“ ќе биде достапна за речиси 5.000 слепи лица од регионот. „Хана“ ќе може да ја користат речиси 5.000 слепи лица од регионот со мајчин албански јазик, но секако таа бројка е поголема ако се земе предвид и албанската дијаспора во светот.

Првиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби, изрази големо задоволство за тоа што на слепите лица и на лицата со оштетен вид од денеска значително ќе им се олесни секојдневниот живот.

„Заложбата на Владата на Република Северна Македонија е да создаде општество за сите, во кое сите ќе имаат еднаков пристап до образование, вработување, здравство и еднаква заштита од секаква дискриминација. Во своите стратегии и политики Владата има јасна заложба за подобрување на квалитетот на животот на лицата со попреченост. Во согласност со одредбите на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост, чиј потписник е и нашата земја, имаме стратешка цел да ги подобриме условите за целосно вклучување на лицата со попреченост во сите општества. Донесен е заклучок за потребата од задолжително вклучување на учениците со лесна интелектуална попреченост во редовните училишта. Беа оценети и сите деца од прво до петто одделение од посебните основни училишта и посебните паралелки во редовните училишта во Република Северна Македонија за да се утврдат нивната функционалност и потребата од дополнителни услуги за вклучување во редовните основни училишта“, нагласи Груби.

Дигиталната апликација – аудиочитач, ќе биде бесплатна и достапна за сите корисници на андроид-системи со името RHVoice, мобилни телефони, десктоп-компјутери или други електронски уреди. Кога ќе се инсталира апликацијата RHVoice, потребно е да се избере „албански“ на листата со јазици, потоа да се кликне „инсталирај“ веднаш до називот „Хана“.

„Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата, во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство, спроведува реформи во процесот на процека на потребите на децата со попреченост. За таа цел, подготвен е нов модел за процена на потребите на овие лица во согласност со Меѓународната класификација на функционирање (IFC). Новиот модел предвидува зголемување на бројот на стручни тела за процена на 9 тела во повеќе градови од нашата земја. Првпат во Република Северна Македонија, Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост е достапна на знаковен јазик за лицата со оштетен слух. Овој чекор го почитува правото на пристап до информации во достапни формати според оваа Конвенција. Националното координативно тело ја почна иницијативата за ратификација на Договорот од Маракеш, чија цел е да се зголеми пристапот до книги, списанија и други печатени материјали за слепите и други лица што имаат тешкотии да користат печатени материјали“, рече првиот вицепремиер Груби.

Користењето на аудиочитачот како апликација е мултинаменска. Освен за слепите лица, продуктот ќе може да го користат и лицата со тешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите оние лица што информациите најдобро може да ги разбираат во аудиоформат. На двете верзии од аудиочитачот работеше тим составен од ИТ-експерти од американска компанија специјализирана за изработка на говорни синтези со искуство на изработка на вакви продукти за неколку говорни подрачја, поддржани од локален и регионален тим од филолози и лингвисти од реномирани институции.

„Се работи на приспособување на интелектуалните дела на крајните корисници (слепи лица), како и за измена и дополнување на Законот за градењето, кои измени ќе се засноваат на основните постулати на Конвенцијата на ОН. Во оваа пригода дозволете ми да го изразам моето задоволство и радост за аудиочитачот ‘Хана’, првиот на албански јазик, кој текстот и фотографијата ќе ги трансформира во звук и ќе им помогне на илјадници слепи лица во Северна Македонија, Албанија, Косово и пошироко. Посебна благодарност до министерката Јагода Шахпаска и УНДП, кои овозможија реализација на овој читач, кој ќе им помогне на овие луѓе овозможувајќи комуникација и непречено движење и ќе им ги олесни секојдневните активности. Можноста за еднаков пристап за сите во градењето еднакво општество е многу важна. Затоа нема да престанеме да работиме заедно, да ги надминеме бариерите и да обезбедиме еднаков пристап до здравството, културниот и социјалниот живот, но и до образование и вработување за сите граѓани еднакво“, истакна Груби.

Македонија

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Објавено пред

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт.

Министерството за здравство информираше дека храброто семејството на покојниот одлучило да ги донира органите од својот близок .

„По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега“, велат од Министерството.

Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

„Со нивната хумност и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.
И за тоа сме им бескрајно благодарни. Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Македонија

Демократскиот сојуз за паркинзите: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конструкции и лажни обвинувања

Објавено пред

Најенергично ги отфрламе обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со објавени податоци за возила преку „Ексел“ табели, бидејќи во системот никој не може да внесува регистарски броеви на возила кои ќе бидат повластени, реагира Демократскиот сојуз по обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција дека функционери од власта не плаќале паркинг во Скопје.

„Во Одделението за грижа на корисници дневно се проверуваат неколку стотина возила, дали платиле паркинг преку системот за зонско паркирање, дали имаат картица за паркирање, дали се возила на оперативните служби и сл. Овие податоци можат да ги влечат од системот, Одделението за грижа на корисници, да подготвува табели и истите да ги злоупотребува за партиски цели и дискредитација“, велат од партијата.

Додаваат дека ЈП Градски Паркинзи има над 270 вработени, најмногу членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Валентина Јовановска, (Раководител на одделението за грижа на корисници), сестра на бизнис партнер на ВМРО-ДПМНЕ, која има пристап до сите податоци и, како што велат, може да ги злоупотребува истите.

Демократскиот сојуз тврди дека никој од раководството на ЈП Градски Паркинг, нема учество во било какви недозволени и противзаконски активности, правење на списоци и слично.

„Тие што секојдневно плукаат против раководството на ЈП Градски Паркинг, ќе се “удават” во калта“, велат од ДС.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бухова: Охридскиот градоначалник требал да се изолира додека го чекал тестот

Објавено пред

За охридскиот градоначалник требало да важат истите правила како и за сите граѓани кога се тестираат, без произволни толкувања и претпоставки. Тој морал да се изолира додека го чекал тестот, наместо да се шета и да прави контакти со луѓе. Вака реагираат надлежните од ДСЗИ кои додаваат дека позитивен тест значи дека лицето кое го има вирусот во себе, без разлика дали има или нема симптоми, и до двата случаи е инфективен. Изолацијата служи да се спречи ширењето на инфекцијата во период кога лицето е со позитивен резултат.

-Се уште е во сила уредбата на Владата донесена на 22 април, 2020 година, со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус. Според оваа уредба сите домашни и странски лица симптоматски и асимптоматски на кои им е извршено тестирање за присуство на коронавирус се ставаат во задолжителна самоизолација и тоа од моментот на земање на материјалот за тестирање се до добивање на негативен резултат. Лицето додека е во самоизолација не смее да излегува во тоа време. Самоизолацијата преминува до домашна изолација врз основа на решение за здравствен надзор од ДСЗИ оној момент кога лицето ќе добие позитивен резултат од тестот. Позитивен тест значи дека лицето го има во себе вирусот без разлика дали има или нема симптоми. И во двата случаи е инфективен за околината. Изолацијата служи токму да се спречи ширењето ан инфекција во период кога лицето е инфективно, изјави за „Макфакс“, Ирина Бухова, директор на ДСЗИ.

Градоначалникот Кирил Пецаков за „Макфакс“ изјави дека не се изолирал зошто немал симптоми, а тестот го правел за зимување во Бугарија.

„Немав и се уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тестирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков и до „Макфакс“ го испрати негативниот тест.

Во сертификатот кој го објави градоначалнико видливо е дека е дека се тестирал повторно по два дена од првото тестирање, односно на 21 јануари.

Здравствените власти велат дека лажно негативен тест е можен, но нема случаи на лажно позитивен тест. Пациентот може да направи колку сака тестови, но за лекарите велат дека е битен позитивниот. Доколку градоначалникот се обрати во лабораторијата каде што ги правел тестот, тврдат дека ќе добие одговор дека неточен е негативниот, а не е исклучено дека подолго време бил позитивен, па станал негативен.

Заедно со градоначалникот двапати се тестирал и секретарот на Општината, Александар Китески. И тој добил позитивен резултат, а вчера повторно се тестирал и резултатот бил негативен. Тој смета дека некој им ги наместил негативните тестови

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион5 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија5 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија6 часа

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија8 часа

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет8 часа

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија9 часа

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет9 часа

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија10 часа

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија1 ден

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија1 ден

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија1 ден

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија1 ден

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион1 ден

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет1 ден

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ1 ден

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија1 ден

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет1 ден

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Досие