Контакт

Македонија

(Видео) Апостолски: Недозволиво е да се одреди мерка притвор без да биде сослушан обвинетиот

Објавено пред

Денеска, го добивме решението за мерката притвор на Сашо Мијалков. Без да се повика на сослушување, недозволиво е на обвинетиот да му се одреди притвор. ЗКП точно наведува дека секое лице треба да е сослушано пред да му се одреди притвор, рече адвокатот на Сашо Мијалков, Антонио Апостолски.

Апостолски изјави дека како образложение за одредување мерка притвор е постоење опасност од бегство на обвинетиот Сашо Мијалков.

Мијалков е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. Мерката притвор, која е по наредба на специјалното јавно обвинителство, е во времетраење од 30 дена.

Виктор Јованов

Македонија

СДСМ за обвинувањата за Царовска: Опозицијата измислува непостоечки случаи

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ втор ден лаже и измислува непостоечки случаи, договорените тендери се одлика на нивното криминално владеење, реагира СДСМ, по обвинувањата изнесени од страна на опозицијата на прес-конференција, а се однесуваат на тоа дека невенчаниот сопруг на министерката Мила Царовска добил тендер вреден 967.600 денари за изнајмување опрема за висинско набљудување.

„Град Скопје и официјално ги демнатира лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации, соработката со посочената компанија е остварена законски. На јавен повик за јавна набавка, на кој можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите, избрана е посочената компанија како најсоодветна, регуларно и низ сите законски прописи. ВМРО-ДПМНЕ заборава дека истата компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Тој факт дополнително ги побива лажните вести на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ веќе не може преку лаги и невистини не може да ги манипулира јавноста и граѓаните, никој повеќе не верува во нивните измислици“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Стоилковски: Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните

Објавено пред

Павле Богоевски веќе нема кредибилитет да ги претставува граѓаните во Собранието на Република Македонија и заради тоа мора да си поднесе неотповиклива оставка, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прес-конференција.

Само така, рече Стоилковски, ќе се овозможи професионална и непристрасна истрага за тоа од кого нарачувал „половина“ и таа да му биде убаво спакувана.

„Веруваме дека на тој начин ќе се открие нарко-синџирот што дејствува низ Скопје. Само така СДСМ може да покаже дека Македонија станува европска држава, каде постои одговорност. Само така ќе направиме исчекор во однос на минатото кога сите кокаински афери, особено со СДСМ на власт остануваа без разрешница“, рече Стоилковски.

Според него, аферата со Павле Богоевски  не смее да се сведе на помилувања и да си помине со јавни префрлазња на топката помеѓу МВР и ОЈО или да се сведе на гонење свиркачи.

„Тоа е јасна политика на неказнивост, на своеволие и поддршка на трговијата со наркотици! Тоа не се ниту европски, ниту НАТО, ниту прозападни вредности. Богоевски мора да сноси одговорност, а Заев Спасовски и Јовески мора да заминат поради поддршка на очигледна недвосмислена трговија и врски со криминални кланови“, додаде Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: ИРИ е неповратно вградено во политичкиот и демократскиот развој на земјава

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти, и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу.

На состанокот беа отворени темите поврзани со можностите за соработка помеѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството, дигиталната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања и слично.

„Републиканскиот институт има долгогодишно присуство во земјава, со исклучително значајно влијание во политичкиот и општествен развој, како и огромен авторитет меѓу политичките претставници од сите провиниенции, и севкупно, од јавноста“, посочи вицепремиерот Османи, упатувајќи благодарност до  Макарти за континуираната поддршка која институтот ја обезбедува зе Република Северна Македонјиа и нејините евро-атлантски амбиции.

„Како земја имам огромен напредок во изградбата на стабилна кохезија во општеството, напредок во обезбедувањето стабилност на меѓуетнички план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со значаен демократски напредок“ истакна Османи, упатувајќи притоа благодарност и до претставниците на ИРИ за нивниот придонес во овој успех.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Заев за изјавата на Груби: Рашомонијадата од изјави на крајот ќе биде поткрепена, ќе видиме која е вистината

Премиерот Зоран Заев и натаму не открива колку лица ќе бидат сменети од функциите, ниту, пак, нивните имиња. Тој вели...

Македонија2 часа

Кривични за експретседателот на Регулаторна и тројца членови, со парното ги оштетиле скопјани за 6,6 милиони евра

Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицата Д.П. (51), вработен како претседател и член на ...

Македонија4 часа

Анкета на „Макфакс“: Павле Богоевски треба да поднесе оставка

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“ на прашањето каков епилог треба да има аферата за пратеникот Павле...

Македонија5 часа

Антикорупциската бара кривично да се гони Владимир Панчевски

Антикорупциската комисија ќе поднесе иницијатива за кривично гонење одговорни и службени лица во Основниот суд Скопје 1, меѓу кои и...

Македонија6 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повторно бара надзорна расправа за адвокатските услуги на власта

ВМРО-ДПМНЕ повторно побара надзорна расправа за да се расветли скандалот со милионските суми за адвокати ангажирани од јавните претпријатија и...

Македонија6 часа

Оливера Трајковска, Орце Камчев и Иво Котески ќе сведочат за апсењето на Бошкоски

Новинарката Оливера Трајковска, бизнисменот кој важеше близок до поранешната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Камчев, и поранешниот портпарол на МВР,...

Македонија7 часа

Вработени во МВР што работеле на случајот на Бошкоски не знаат кој ја дал наредбата за негово апсење

Судењето за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, продолжи со испрашување...

Македонија8 часа

Прекршочна пријава за директорката на Хематологија – не поднела анкетен лист за имотната состојба

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска-Ставридис, за неподнесување анкетен лист за имотната состојба....

Свет8 часа

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице...

Европа8 часа

Пресметка со шверцери на дрога во Европа, уапсени 22 лица

Во координирана операција против шверц со дрога во Европа, 22 лица беа уапсени, соопшти Европол. Осомничениот водач на синџирот шверцери,...

Свет9 часа

САД ѝ дадоа рок на Турција да се откаже од купувањето руски противракетен систем

САД ѝ дадоа рок на Турција од две недели да се откаже од купувањето руски противракетен систем „С-400“ во корист...

Европа10 часа

Меј: Парламентот ќе одлучи за нов референдум за брегзит

Британската премиерка, Тереза Меј, синоќа изјави дека на Парламентот ќе му биде дадена можност да гласа за тоа дали ќе...

Македонија1 ден

Прво внатрешни консултации во СДСМ и ДУИ, па ќе продолжат разговорите за нови кадри во Владата

Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остварија средба со која започнаа разговорите за детектирање одредени слабости кај...

Македонија1 ден

Влада: Препораката Охрид да стане загрозено светско наследство е стимул за зголемена работа и акција

Владата пристапува со внимание и сериозност кон комплексните состојби со кои се соочува светското природно и културно наследство во Охридскиот...

Забава1 ден

Копров ѝ се извини на Србија: Жирито беше составено од анонимуси, а не од еминентни автори

Композиторот Григор Копров преку социјалната мрежа „Фејсбук“ ѝ се извини на српската нација поради тоа што од нашето жири не...

Македонија1 ден

Претседателот ги потпиша указите за 21 закон

Претседателот Стево Пендаровски потпиша укази за прогласување 21 закон, кои не беа потпишани од поранешниот претседателел Ѓорге Иванов. Меѓу потпишаните...

Македонија1 ден

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на судските службеници од 2016 година

Владата бара од Судскиот совет да го прифати решението за надомест на штетата на вработените во судската служба од 2016...

Свет1 ден

САД привремено ја укинаа забраната за „Хуавеј“ за 90 дена

По одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да ја стави компанијата „Хуавеј“ на црната листа за тргување со американските компании,...

Македонија1 ден

(Видео) Независните од ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали ќе гласаат за одземање на мандатот на Груевски

Независната група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ не кажува како ќе гласа на седницата за одземање на мандатот на експремиерот и пратеник,...

Регион1 ден

Србија воведе доживотна затворска казна

Српските пратеници ги усвоија измените на Кривичниот законик, со кои се укинува затворската казна од 30 до 40 години и...

Досие