Контакт

Македонија

Армиски хеликоптер полета кон пожарот кај Македонски Брод, но се врати оти од премногу густ чад не може да дејствува, рече Ангелов

Објавено пред

Од вкупно триесет пожари вчера, девет се уште се активни, а под контрола за да не се шират се ставени пет, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. Петнаесет пожари се целосно изгаснати, но Ангелов вели дека не се сигурни оти повторно се разгоруваат. Активните пожари и денес ќе се гасат со ертрактори и хеликоптери.

„Утрово во гаснењето на пожарите приоритет ќе дадеме на пожарот во Општина Чашка во атарот на селата Габровник, Мокрени, Јаболчиште и Дреново кон врвот Лисец. Таму ќе бидат ангажирани два хеликоптера, еден полициски и еден армиски со дополнително ангажирани локални сили, локални пожарникари, месно население и 55 припадници на македонската Армија. Во Општина Македонски Брод во атарот на селото Тажево кон село Брезница ќе биде ангажиран хеликоптер на Армијата, МИ 17. За жал тој полета, но поради премногу густ чад, не можеше да дејствува и мораше да се врати назад. Чекаме расчистување на чадот за истиот повторно да го упатиме таму. Дополнително на земја се ангажирани локални пожарникари и месно население, а имаат и поддршка од 30 припадници на Армијата“, рече директорот Ангелов.

На територијата на Општина Кавадарци кај селото Фариш ќе дејствуваат двата ертрактори на Дирекцијата за заштита и спасување со дополнително ангажирани 20 припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Во Општина Градско, кај Криволак во насока на Брегалница Ангелов вели дека повторно се развива голем пожар кој што има фронт од десетина километри.

„Тоа е пожарот кој вчера предизвикуваше вознемиреност кај граѓаните на Штип, пожарот чиј чад се чувствуваше и во Свети Николе. Има силно горење иако гори само трева и ниска смрека. Истиот ќе се обидеме да го сопреме на патот кој што оди околу воениот полигон Криволак. Ќе се обидеме да не му дозволиме да го помине патот бидејќи линијата на огнот е многу голема“, вели директорот Ангелов.

Нов пресек на состојбата со пожарите Ангелов најави околу пладне.

Најново

Македонија59 секунди

„Постојат ли 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски“, прашува СДСМ

„Во Србија има стечај за Алта банка, уапсен е сопственикот Мацура, има истрага, сомнителен капитал, сомнежи за 380 милиони евра....

Македонија4 минути

„СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот...

Забава5 минути

(Видео) Јован Јованов и Тони Зен го промовираа спотот за „Уште ми требаш“

Десет дена промоцијата на песната „Уште ми требаш“, Јован Јованов и Тони Зен го објавија и официјалниот спот за својот...

Забава9 минути

(Фото/Видео) Нејзиното деколте ни овој пат не разочара

Софија Вергара примени свој препознатлив стил за да постигне беспрекорен изглед, уште еднаш оправдувајќи ја титулата „кралица на раскошното деколте“....

Забава12 минути

Ладен, суров и директни: Ова е најсуровиот хороскопски знак

На прв поглед, тие делуваат ладно, прибрано и речиси недопирливо, но зад таа надворешност се крие темперамент каков што многумина...

Спорт14 минути

Денвер без целата стартна петорка против Хјустон

Алармантна е ситуацијата со повредите во Денвер Нагетс. Целата стартна петорка е под знак прашалник за натопреварот против Хјустон Рокетс...

Свет18 минути

Рубио ќе дискутира со своите колеги од Г7 во Франција: Сојузниците сакаат да знаат што планира Трамп

Државниот секретар на САД, Марко Рубио денеска во Париз ќе се сретне со своите колеги од Г7 – група што...

Македонија28 минути

Корисниците од дел од „Џон Кенеди“ утре без вода, намален притисок ќе има во населбата Топанско Поле

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека во вторник поради изведување на водоводен приклучок Ф250 на Ф125 мм. на улицата...

Спорт31 минута

(Видео) Кога го нема Дончиќ тука е Ривс – Лејкерси лесно се справија со Детроит

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Детроит Пистонс со 121:116 во ноќта зад нас. Поради повреда на долниот дел од грбот,...