Контакт

Македонија

Арсовска го повика Заев првпат да го исполни ветувањето и да си даде оставка

Објавено пред

Господинот Заев веќе ја најави својата оставка, истиот момент кога јас ќе победам и ќе бидам новиот градоначалник на Скопје. Тоа го мислеше како закана, но за Македонија тоа ќе биде благослов. Господине Заев, ве предизвикуваме: Вашата оставка нека биде првото ветување што сте го дале, а сте го исполниле. Затоа, драги мои скопјани, драги мои сограѓани, да му помогнеме да си замине. Да ја почнеме промената во Скопје, изјави Данела Арсовска, кандидатка за градоначалник на град Скопје.

Таа порача дека сега е време за промени што ќе донесат поубави денови за Скопје и скопјани.

„Последните денови од оваа кампања покажаа појасно од кога било досега дека на Скопје му требаат промени, дека и на Македонија ѝ требаат промени. Последните неколку дена од оваа кампања ги открија вистинскиот лик на владејачката партија, ликот на премиерот и ликот на градоначалникот во заминување. Сè што слушнавме од нив беа лаги, лажни вести и навреди. Никој веќе не ви верува, вашата црна кампања, за жал, нема да ве спаси. Граѓаните сакаат лидери што стојат на својот збор. Сега е вашето време да се извините – не мене, затоа што мене многу неправда ми нанесовте. Време е да им се извините на граѓаните што секојдневно ги лажете. Време е да се извините што не исполнивте 95 отсто од вашите ветувања, господине Шилегов – за запоставување на Скопје, за нерешавање на сообраќајниот хаос, за уништување на нашето зеленило и за несправување со загадувањето на нашата животна средина“, порача Арсовска.

„Не смееме и не можеме да дозволиме политичарите што се власт да се грижат единствено за себе и за својата моќ. Кои забораваат на сите ветувања шот ги дале уште следниот момент кога ги дале. Бевме свесни на една гарнитура што излажа за сѐ што вети. Имаме решенија и план за модерно и европско Скопје. Мојот план за Скопје, мојата визија ги претставив со амбициозни, но возможни, реални проекти. Повеќето од нив може да се спроведат веќе во првите две години од мојот мандат. Многу од нив уште во првите 82 дена. Време е да им покажеме на сите дека е возможно во 82 дена да се исчистат сите диви депонии во градот Скопје, да се отвори едношалтерскиот систем за јавни услуги достапен за сите граѓани 24 часа секој ден во неделата. Ќе ставиме крај на дивеењето и урбаниот хаос. Ќе го спроведуваме законот, ќе го развиеме модерно Скопје, со урбанистичко планирање заедно со локални и меѓународни експерти за да го подготвиме за иднината, со строга заштита на зелените зони и 5 нови мегапаркови во споменатите делови на нашето убаво Скопје“, истакна Арсовска.

Во своето обраќање пред скопјани таа се осврна и на потребата од дигитализација на градот, притоа посветувајќи се и на правилно менаџирање и мотивација на администрацијата, која ќе стане транспарентна и ефикасна и во служба на граѓаните.

„Толку сме навикнати да трчаме од шалтер до шалтер, да чекаме редици со часови и на крајот да не го добиваме ни тоа што ни е потребно кога станува збор за јавната администрација, толку сме навикнати на корупција, што веќе го прифаќаме ваквиот начин на функционирање како нормален, а не треба да е така. Сите знаеме дека тоа е погрешно раководење што не смее да се дозволи. Но, може да биде и ќе биде поинаку“, дополни Арсовска.

Додаде дека токму тоа се столбовите на модерно и европско Скопје и токму граѓаните се тие што ќе им одговорат на црната кампања што ја води владејачката партија, со тоа што в недела, 31 октомври, ќе изберат да гласаат за модерно Скопје.

„За секој чесен граѓанин на Скопје и на Македонија е срам да биде сведок на вашата црна кампања. Ова зборува и сведочи до каде сте сѐ способни да одите, само да си ги задржете власта и парите. Но, граѓаните ќе ви го дадат вашиот одговор на гласачките ливчиња в недела кога ќе гласаат да дојде едно модерно европско Скопје, ќе гласаат за долго посакуваната промена, за нов стил на менаџирање, каде што во фокусот се решенијата, а не политичките пресметки. Скопје, ќе биде почетокот на промените во цела Македонија“, заклучи Арсовска.

Македонија

Mицкоски: Заев на заминување е подготвен да потпише нов договор со Бугарија

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјава по средбата што ја оствари заедно со градоначалникот на Прилеп, со Регионалната стопанска комора, одговарајќи на прашање за тоа дали ќе поддржи евентуален договор што би го потпишал Заев со Бугарија, рече дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува едностран договор на штета на македонскиот народ потпишан од Влада што е без кредибилитет.

„Информациите што ги добиваме се навистина алармантни. Зоран Заев на заминување е подготвен да потпише нов договор иако нè убедуваше дека ги решил сите прашања со нашите соседи, во кој делумно или целосно ќе ја прифати резолуцијата освоена од бугарскиот парламент. Тоа претставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи е на заминување, загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а последиците понатаму сите ние да ги плаќаме“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара со секого за сè она што нуди прогрес и иднина и дека нема да прифаќа никакви уцени.

„Подготвени сме со секого да разговараме за она што е пред нас, а не за тоа што е зад нас. Да разговараме за добро образование, да разговараме за туризам, да разговараме за инфраструктурно поврзување, да разговараме за сето она што нуди прогрес и нуди иднина. Да не се враќаме во минатото затоа што тоа се теми што се болни на Балканот и нема да прифатиме никакви уцени и ќе ги повикаме нашите пријатели во Брисел да нè поддржат бидејќи ние сме луѓе што сакаат да споделуваат европски вредности за иднината, а не за минатото“, додаде Мицкоски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ од Брдо: Реформите испорачани, ЕУ да го врати проширувањето на својата агенда

Објавено пред

Министерот за правда Бојан Маричиќ се обрати во двете работни сесии на средбата на министри, која се одржа во рамки на министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан, во Брдо – Крањ, од каде испрати порака дека проширувањето на ЕУ треба повторно да биде ставено во фокусот.

„На овогодишниот декемвриски самит на Советот, се надевам на отпочнување на процесот на проширување, со донесување консензуална одлука за отворање на пристапните преговори и одржување на Првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија“, кажа Маричиќ по споделувањето на се она што е реализирано во рамки на Стратегијата за реформа на правосудството пред колегите од Западен Балкан и претставниците на ЕУ меѓу кои и еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс.

Набројувајќи ги сите усвоени клучни стратешки документи за понатамошно подобрување на работата на судиите/обвинителите како и обезбедување на нивната независност од потенцијалниот надворешен и внатрешен притисок, министерот за правда најави дека веќе е во процес на изработка нова Стратегија, за периодот 2023-2027 година.

Во делот на владеењето на правото и реформите кои се однесуваат на процесот на создавање независен, непристрасен и ефикасен судски систем кој ги исполнува европските стандарди, министерот за правда Маричиќ се задржа на важната улога на Академијата за судии и јавни обвинители во процесот на спроведување на почетната обука и континуираното професионално усовршување на судиите и обвинителите во Република Северна Македонија.

„Мој личен став како министер е дека примарно и најважно што можеме да преземеме за да се испорача правдата и нашите граѓани да имаат доверба во нашите правосудни системи е да вложуваме во квалитетна и професионална обука на професионалците кои влегуваат во правосудниот сектор“, потенцираше Маричиќ.

Во фокусот се најде и дигитализацијата на судството за која тој рече дека е повеќе од потребна во борбата против корупцијата.

„Кога се дигитализираат повеќе процеси, се намалуваат шансите за човечко влијание. А тоа, според мене, дава дополнителна вредност на целиот процес и напори што ги правиме. За тоа ни се потребни судии, обвинители и судска администрација кои постојано ќе се надоградуваат следејќи ги програмите и обуките на Академијата за судии и јавни обвинители, што е и една од задачите на Академијата“, заклучи Маричиќ.

На крајот, министерот за правда испрати порака дека направивме позитивни промени во правосудството во духот на европските вредности и дека очекува ЕУ партнерите да го наградат тоа давајќи им на Северна Македонија и Албанија датум за отпочнување на преговорите.

Прикажи повеќе...

Македонија

69 проценти од позитивните со Ковид-19 и 79 проценти од починатите биле невакцинирани

Објавено пред

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид-19, во период од 6 август заклучно со 2 декември.

За вакцинирани, објаснуваат од министерството, се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

„Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид-19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид -19“, велат здравствените власти.

Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.

Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 06.08 до 02.12.2021 од вкупниот број починати со Ковид-19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2, велат од таму.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

СЗО: Омикрон-варијантата е присутна во 38 земји

Омикрон-сојот на коронавирусот досега е потврден во 38 земји во светот, изјави денеска Марија ван Керхове, експерт од Светската здравствена...

Македонија9 часа

Од 10 декември почнува украсувањето на Скопје за Нова година

Од Град Скопје соопштија дека новогодишното украсување на Скопје ќе почне на 10 декември. „На повикот на градоначалничката на Скопје,...

Македонија10 часа

342 нови случаи на Ковид-19 и седум починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.349 тестирања, а регистрирани се 342 нови случаи на...

Македонија10 часа

Димитров: Токму европската интеграција е процес во кој гледам шанса за обединување

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров како член на Националниот совет за европски интеграции при Собранието,...

Македонија12 часа

(Видео) Со највисоки државни почести преземени телата на загинатите – семејствата во тага и неверување

Со највисоки државни почести беа преземени телата на 45 македонски државјани кои трагично го загубија својот живот во автобуската несреќа...

Забава14 часа

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на...

Свет15 часа

По Шаленберг, оставка најави и министерот за финансии на Австрија

Австрискиот министер за финансии, Гернот Блимел, најави оставка. Неговата оставка следи откако лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан...

Свет15 часа

Стапија на сила санкциите на САД, ЕУ, Британија и Канада кон Белорусија

САД, Европската Унија, Велика Британија и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица. САД воведоа ограничувања за...

Свет1 ден

Омикрон има способност да избегне имунитет од претходна инфекција со коронавирус, предупредуваат научници

Омикрон има значителна способност да избегне имунитет од претходна инфекција со ковид, покажува првата вистинска студија во светот за ефектот...

Европа1 ден

Британија со речиси 54 илјади нови случаи во еден ден, највисока бројка по Европското фудбалско првенство

Велика Британија забележа 53.945 нови случаи на коронавирус – највисока дневна бројка од средината на јули по Европското фудбалско првенство....

Регион1 ден

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер...

Свет1 ден

Maж облечен како нинџа со меч нападна две полицајки во Франција

Маж облечен како нинџа нападнал со меч и повредил две полицајки во францускиот град Шербур, а досегашните податоци не укажуваат...

Македонија1 ден

333 нови случаи на Ковид-19 и 16 починати за 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.440 тестирања, а регистрирани се 333 нови случаи на...

Европа1 ден

Курц се повлекува од политиката: Не сум ниту светец, ниту злосторник

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц се повлекува од политичкиот живот, објавија австриските медиуми. Курц денеска излезе пред новинарите и најави...

Економија2 дена

Цената на кесите да се зголемува постепено, примената на законот да се одложи, бараат стопанските комори

Заштитата на животната средина и одржливо располагање со ресурсите е важен општествен приоритет, но за оваа цел да биде реализирана...

Македонија2 дена

Јовески: Oбвинителите и судиите да работат непристрасно и професионално

Предизвикот на обвинителите и судиите во битката за обезбедување на владеењето на правото и еднаков пристап до правдата е секојдневен....

Европа2 дена

Зголемени тензиите на Западен Балкан, предупредува Столтенберг

Тензиите на Западен Балкан се зголемени , вклучително и во БиХ и Косово, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг....

Македонија2 дена

Сарафов: Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот Струма

Заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА изјави дека веќе се идентификувани сите 45 жртви...

Свет2 дена

Гутереш: Затворањето на африканските граници поради омикрон е неправедно

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, рече дека затворањето на границите поради новиот сој на коронавирус омикрон е многу неправедно,...

Македонија2 дена

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Досие