Македонија
Арсовска: Град Скопје овозможува поддршка при доделување електромоторни погони за инвалидски колички за лица со телесен инвалидитет

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари работен состанок со претседателот и со претставници на Здружението на лицата со телесен инвалидитет на Скопје „Мобилност“, на кој разговараа за проектот „Мобилна личност успешна индивидуа“, кој се реализира со поддршка на Град Скопје, како и за динамиката на неговата реализацијата.
„Овој проект има цел да го подобри квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. На корисниците им се овозможува да стекнат мобилност, која им е неопходна за меѓусебна соработка, вмрежување и рушење на стереотипите“, истакна на средбата градоначалничката Арсовска.
Во рамките на проектот со формирање комисија и објава на јавен повик ќе се доделуваат додатоци на електромоторни погони за инвалидски колички на лица со телесен инвалидитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вработените во градинките ќе добијат цели плати за перидот на штрајкот

Министерството за труд и социјална политика и СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк.
Како што беше соопштено, платата ќе биде исплатена за два дена.
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната прес-конференција по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков изјави дека до крајот на мај ќе биде донесен новиот Колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки.
Неделков објасни дека спорна била исплатата на дневниците во детските градинки кои штрајкуваа, но денес со измената на Колективниот договор во тој дел, регулирано е и ова право на вработените на кои СОНК сметаше дека не е во ред да им се скрати од платата.
„МТСП имаа разбирање за тоа што го баравме. Го усогласивме и овој дел и сметам дека овој процес конечно е затоврен“, рече Неделков.
Македонија
Неделков пред средбата со МТСП: Очекуваме да се затвори прашањето со деновите од штрајкот

Лидерот на Синдикатот за образование наука и култура, Јаким Неделков, очекува да се затвори прашањето со деновите од штрајкот и исплатата на платите во градинките за периодот кога штрајкуваа.
„Очекуваме позитивни вести и за кратко ќе се обратиме пред јавноста“, рече Неделков пред влегувањето во просториите на Министерството за труд и социјална политика, каде ќе се сретне со министерката Јованка Тренчевска.
На последната средба меѓу МОН и СОНК беше постигнато решение за 15 отсто повисоки плати на просветните работници.
Македонија
Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на нашата Македонска православна црква – Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви и ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија, објавија од оваа институција.
„Радува тоа што после Одлуката на Вселенската патријаршија со која се призна и прифати во канонско единство нашата древна и славна Охридска архиепископија се отпочна и со евхаристиско општење помеѓу помесните Македонската и Српската православна црква, во кои се воцрквуваат блиските народи македонскиот и српскиот“, е наведено во соопштението.
Според комисијата разрешувањето на македонското црковно прашање е процес во кој, како што велат, верниот македонски народ и црковниот клир со децении се соочуваат со безброј предизвици, препреки, неправди и понесуваат голема жртва, но во светло на конечното препознавање на канонската исправност и автокефалниот статус кој во полнота го живее Македонската православна црква – Охридската архиепископија од православната екумена, патот на македонската црква говори за нејзината смиреност, длабока и древна духовност која повеќе од милениум го чува светото црковно предание, е посочено во напишаното од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.