Македонија
Арсовска: Има неколку можни локации за мега паркот во Чаир

Еден од петте мега паркови дел од изборната програма на Данела Арсовска ќе биде лоциран во Чаир. За попрецизна локација на овој парк Арсовска вели дека има неколку можни локации и сите нудат опции овој простор да биде раззеленет и исполнет со содржини.
„Мега паркот во Чаир ќе биде на локација на којашто дополнително со новите општински власти по локалните избори ќе треба да ја утврдиме. Има простор што е однапред определен, а тоа е кај Топаана, меѓутоа дополнително ќе работиме на делот да се уреди и да има уште една зелена површина, а тоа е кај скопскиот аквадукт.
Верувам дека имаме премногу простори и места каде може да се сместат убави и квалитетни паркови и рекреативни содржини за скопјани. И не смее да се дозволи градоначалникот во заминување да ги исполни со згради и со бетонски згради како што тоа го правеше изминатиот мандат”, истакна Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Неделен возен ред поради Духовден, жичницата ќе работи вообичаено

Поради верскиот празник Духовден, денес (2.6.2023) и в сабота (3.6.2023), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
В недела (4.6.2023) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
В петок (2.6.2023), в сабота (3.6.2023) и в недела (4.6.2023) на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара – гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Денес (2.6.2023), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а в сабота (3.6.2023) ќе имаат редовно работно време.
Жичницата денес (2.6.2023) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.
Македонија
(Видео) Северина направи гужва на „Рузвелтова“

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Мош“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“
Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Според очевидци, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.
Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.