Контакт

Македонија

Арсовска на „Економист“: Западен Балкан е слепото црево на Европа, неопходна е ЕУ интеграција

Објавено пред

На панел-сесијата посветена на економијата во рамки на Самитот на лондонски „Економист“, претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска, заедно со директорот на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, и претседателот на Федерацијата на индустрии на Грција (СББЕ), Атанасисо Савакис, дискутираа за можноста Западен Балкан да се развива како бизнис-хаб, со особен акцент на привлекување инвестиции во регионот, инфраструктурана поврзаност, како и можноста за економски раст преку иновации.
Давајќи одговори на трите теми Арсовска истакна дека погрешен е пристапот државите од регионот, вклучувајќи ја и Македонија да се гетоизираат во Западен Балкан.

„Западен Балкан како гето не носи повеќе можности за успех, ниту за државите поединечно, ниту како регион и овој пристап не даде резултати. За да се овозможи развој потребно е Македонија што поскоро да се интегрира во Европската Унија, а не да биде дел од Западен Балкан, како слепо црево на Европа. Тоа е единствениот начин за да ни се овозможи подеднакво да учествуваме на единствениот економски пазар, но и да пристапиме и да се отвориме кон и за глобалните пазари. Датумот за интеграција треба да е транспарентен и извесен, како и безрезервната поддршка во имплементирање на структурните економски реформи. Она кое што е предизвик за сите држави од Западен Балкан е што сите меѓусебно се конкуренти и покрај тоа што традиционално се најдобри партнери во трговската размена заедно со западноевропските земји. Вториот заеднички предизвик за економски развој на регионот е владеењето на правото, поточно најголемиот јаз согласно индикаторите на Светска банка помеѓу земјите од ЕУ и Западен Балкан е владеењето на правото, борба против криминалот и корупцијата“, изјави Арсовска.

Таа додаде дека со отстранување на бариерите кои го отежнуваат растот на компаниите во земјите од регионот, ќе се создаде можност преку поттикнување на претприемништво и иновации да се создадат нови работни места и да се искористи потенцијалот на човечки капитал кој е клучен за постигнување економски раст.

Арсовска посочи дека инфраструктурните проекти се долгорочни инвестиции кои ќе го поврзат регионот со светот, при што условите за напредок преку заеднички регионален пазар од над 20 милиони ќе го направат регионот поконкурентен, но и секоја од државите поединечно, со оглед на тоа што засебно сме мали пазари, а преку хармонизирање на инвестициските политики ќе им се овозможи на странските вложувачи да работат послободно во регионот.

На еднодневниот самит на заесебни панел-сесии дебатираа и премиерот Зоран Заев, лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, поранешниот помошник-државен секретар на САД, Вес Мичел, и поранешниот премиер на Белгија, Гај Ферхофштад.

Минатата година Самитот на ЕУ и Западен Балкан се одржа во Белград, каде претседателот Арсовска учествуваше на панел-сесија посветена на одржлив пат на регионот кон економски развој, претходно во Подгорица, Виена, Букурешт и други европски центри.

Македонија

24 Мај – Ден на сесловенските просветители неработен за сите граѓани

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2021 година (понеделник) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Кирил и Методиј”, Денот на сесловенските просветители.

Прикажи повеќе...

Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Објавено пред

Вардар, Скопје, МТВ

Времето денеска во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен ветер, во западните делови од западен, а во останатите од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје, во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Утре ќе биде стабилно со засилен југозападен ветер. Во четврток и петок ќе преовладува променливо облачно и свежо време со слаб локален дожд и засилен северен ветер. Стабилно и потопло се очекува за време на викендот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Објавено пред

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите на Северна Македонија во ЕУ.

По состанокот во Процесот „Брдо – Бриони“, Милановиќ оцени дека условите што се поставени пред Македонија за почеток на преговорите со Унијата се невозможни.

„Станува збор за невозможни услови што им се поставени за преговори со ЕУ и тие се однесуваат на содржината во учебниците по историја во Северна Македонија. Тоа што во моментот една членка на ЕУ го прави во Северна Македонија е навлегување во интимен простор. Се бара еден кандидат за време на преговорите за членството да ја дефинира својата национална генеза во учебниците по историја онака како што тоа го бара соседната држава. Тоа е влез во интимен простор и не треба да се случува“, рече Милановиќ додавајќи дека отворено ќе се спротивстави.

Според него, претседателските избори во Франција, кои ќе се одржат в година, ќе влијаат на сите земји во регионот кои се во претпристапни преговори со ЕУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет25 минути

Денеска во Брисел вонреден состанок на ЕУ за конфликтот во Газа

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат вонреден состанок на кој ќе биде побаран...

Свет39 минути

Во налет на циклонот во Индија загинаа најмалку 21 човек, исчезнати се 96 луѓе

Најмалку 21 човек загина, а 96 се водат за исчезнати во голем удар на циклон во западна Индија, носејќи им...

Свет49 минути

Израел ја уништи единствената лабораторија за испитување коронавирус во Газа

Со денови се интензивираат судирите меѓу Израел и Палестина, а во еден од нападите на појасот Газа, израелските сили ја...

Свет58 минути

Испалени над 90 ракети од Појасот Газа кон Израел

Во текот на ноќта од Појасот Газа беа истрелани околу 90 ракети кон Израел, објави израелската армија. Се наведува дека...

Регион14 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија14 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија15 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа15 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија18 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија21 час

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет22 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија22 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет22 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет24 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа1 ден

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет1 ден

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет1 ден

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет1 ден

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија2 дена

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Досие