Македонија
Арсовска на средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“

Кандидатката за градоначалник на Скопје Данела Арсовска денеска се сретна со претставници од Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност Скопје“, со кои разговараше за нивните актуелни проблеми и предизвици, а беа дискутирани и нивните барања во насока на унапредување и подобрување на секојдневното функционирање на лицата со попреченост.
„Добар дел од барањата на лицата со попреченост во рамките на остварување на нивните права веќе се дел од моите заложби и дел од приоритетните проекти од мојата програма. Ќе се вградат рампи и лифтови во сите јавни установи, а Градот Скопје ќе го мотивира и поддржи и приватниот сектор да го следи овој пример. Се предвидува и инфраструктурно подобрување во сообраќајот со воведување семафори со звучна сигнализација и тактилни патеки за слепите и лицата со оштетен вид, а новите автобуси ќе имаат соодветни ниски платформи за полесен пристап на лицата со инвалидитет. Ќе се зголеми и бројот на социјални работници коишто ќе ги придружуваат во училишните клупи учениците со попреченост, а за најмладите ќе бидат изградени специјални инклузивни игралишта“ – истакна Арсовска на средбата.
Претставниците од Здружението уште посочија дека долго чекаат да стигнат на ред за остварување на своите права поради што бараат брзи и ефикасни решенија и поголем слух и поддршка од институциите.
„Нема да дозволам незадоволството кај оваа категорија граѓани уште повеќе да расте, затоа се обврзувам на взаемен дијалог и изнаоѓање конкретни решенија, уште на почетокот на мојот мандат. Сметам и дека е неопходно лицата со попреченост да бидат вклучени во сите сфери од општествениот живот. За потребата на поголема инклузија и нивно вработување планирана е реализација на проект за унапредување на пристапот на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот“ – заклучи Арсовска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Славески свика итен состанок на координативното тело за испраќање помош во Турција и Сирија

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески во договор со советничките групи и градоначалникот Данела Арсовскасвика свика состанок на Координативното тело на Советот на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија.
Како што информираше Славески, Совет ќе донесе одлука на итна вонредна седница што ќе се закаже за во најкус можен рок.
„ Изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија кои се зафатени од разорен земјотресот“ порача Славески.
Македонија
Приватните превозници не знаат кога ќе почнат со превоз на патници: Блокади нема да има

Приватните превозници и граданачалничката на Град Скопје најдоа решение за превозот во градот. По четиричасовна средба на повидок е нов договор.
„Одиме во позитивна насока и ќе се реши нашиот проблем. Ќе има реформи, ние сме јавен сервис и мора да им служиме на граѓаните на Скопје. Има простор за договор и блокади нема да има“, изјави Јовица Зафировски претставник на приватните превозници во Скопје.
Тој додава дека долгот кон нив треба да го плати Јавното сообраќајно претпријатие.
-Град Скопје нема долг кон приватните. Тој треба да го плати ЈСП. Ревизијата се уште трае. Ни даде насоки градоначалничката Арсовска, ќе делуваме како што ќе не насочуваат. Останува на нас превозниците да се реформираме и да ги слушнеме советите кои ни се дадени“, додава тој.
Нема точен датум кога автобусите на приватните превозници ќе се вратат на скопските улици, но до четврток ќе имаат уште еден состанок со скопската градоначалничка.
Македонија
„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените“, порака на Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по катастрофалниот земјотрес во Турција, со порака: „Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газијантеп, Р. Турција“.
До градоначалникот на Газијантеп, додава таа, испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.
„Градот Скопје е град на солидарност, кој никогаш нема да ги заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.
До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.