Македонија
Арсовска од Гази Баба: Мегапарк, средена инфраструктура и поврзување со Аеродром ќе бидат моите врвни приоритети за оваа општина

„Ќе го почнам мандатот на градоначалник на Скопје со решавање на приоритетните проблеми од секоја скопска општина. Граѓаните се изморени од чекање, а проектите од мојата програма се креирани на начин што се овозможува нивна реализација со ефикасни и брзи решенија“, порача независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, на денешната средба со жителите од Стајковци, Иџиково и Хиподром, кои спаѓаат под општина Гази Баба.
На средбата жителите ѝ посочија дека нивната општина важи за најзагадена, а таа истакна дека веќе е направен детален план за намалување на загаденоста, што ќе опфати чистење на дивите депонии уште во првите 82 дена од почетокот на нејзиното работење, а ќе почне и проектот за гасификација во секое домаќинство.
„Во општина Гази Баба проблемите со кои се соочуваат жителите важат за проблеми што требало да се надминат многу порано. Нема фекална канализација, недостигот на вода за пиење е секојдневие за овие граѓани, а немаат ниту трафостаници за парно греење. Со системски решенија креирани од експерти ќе се подобри инфраструктурата во ова населено место. Еден од петте мегапаркови е предвиден за изградба токму во оваа општина. Ќе никнат и нови велосипедски патеки, а предвидена е и реконструкција на постојните. Ќе обезбедиме и полесен пристап и директна врска помеѓу Гази Баба и Аеродром, а со тоа ќе се регулира сообраќајниот хаос што владее во моментот“, изјави Арсовска на средбата.
Кандидатката за градоначалник исто така им посочи на граѓаните која смета дека исполнувањето на барањата што ги имаат до нејзе, не се нешто невозможно, туку приоритет и кажа дека планира да се посвети на нивна реализација уште во првите денови од нејзиниот мандат.
За крај, им се заблагодари затоа што успехот од првиот круг на изборите е благодарение на нив и на сите скопјани и ги повика да ѝ ја дадат поддршката и во вториот изборен круг, сите што веруваат во нејзината заложба за модерно и современо Скопје, град што ќе се посвети на заборавените населби и рамномерниот развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Температурите во среда и четврток ќе паднат под нулата

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, – 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, – 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Македонија
Лукаревска со новоизбраните претседатели на партиските комисии: Ветеното го исполнуваме, растат платите и пензиите

Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска денеска одржа работен состанок со новоизбраните претседатели на партиските комисии.
На средбата се разговараше за актуелни теми, процесот на комплетирање на составите на комисиите, динамиката на следните активности, како и степенот на реализација на Програмата од изборите во 2020 година по соодветни области.
„Комисиите се важен дел од функционирањето на партијата, особено во креирањето на мерките и политиките за Програмите на СДСМ. Огромен дел од клучните ветувања во Програмата за парламентарните избори во 2020 се веќе реализирани или се во фаза на реализација. Година и половина пред предвиденото минималната плата надмина 20.000 денари, а просечната стигна на 34.000 денари, истовремено го зголемивме и лимитот за поврат на Мој ДДВ на 2.100 денари по тромесечје. Тоа е доказ дека нашите комисии се капацитетни, дека знаат да направат сериозни процени и навистина да креираат остварливи решенија во интерес на граѓаните и државата“ порача Лукаревска.
Пред присутните Лукаревска најави дека во периодот што следи ќе започнат различни активности околу подготовка на новата програма, затоа што како што истакна таа, навременоста и инклузивниот процес се клучот за создавање одржливи решенија.
Македонија
Директорот на ДУИ во Државни патишта за косење трева склучил договор од 2 милиони евра, реагира Николоски и укажува на корупција

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми дека склучил договор за тендер за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во вредност од над 2 милиони евра.
„Ова е еклатантен пример за криминал и корупција кој што се случуваат во Македонија“, напиша Николовски на својот профил каде го прикажа и договорот за тендерот.