Контакт

Македонија

Арсовска со повик до Ѓорѓиевски: Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор

Објавено пред

Поранешната градоначалничка на град Скопје, Данела Арсовска, побара од новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски да ги објави сите фирми со долг, како и имињата и презимињата на сите 500 вработени што биле отпуштени од работа. Таа го повика Ѓорѓиевски на дебата.

„Кога се лаже, се држат рачињата во формација извежбана од медот. Ајде градоначалнику да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи, за да знае народот дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите што одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници. Нека не ти пишува Луке соопштенија за да се пресметуваш, ниту твоите полусветови ботовски да ме навредуваат, бидејќи знае народот дека лажеш. Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“, објави Арсовска.

На фејсбук-статусот на Арсовска реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку поблиску до правдата, толку повеќе Данела Арсовска ќе е бучна и нервозна. Ѝ посакуваме да се надмине себеси и да ги победи своите стравови и болки. Борбата со таквите демони не е лесна и ѝ посакуваме среќа. Исто како и со соочувањето со правдата за хаосот што го остави зад себе, кој е неодминлив процес. Видовме дека подобро и поинакво Скопје може да функционира. Сите надлежни институции мора да се посветат на цунамито што го остави Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски вчера објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.

„500 лица до денес се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица што се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.

Тој најави дека секој што чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи, ќе биде казнет.

„Тука нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа, ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

Најново

Македонија3 минути

Само 32 отсто од учениците го достигнале основното ниво по математика, Јаневска: Резултатите се многу лоши

Резултатите од ПИСА 2025 се повторно многу лоши, но тие се одраз на претходно спроведените реформи во образованието, оцени денеска...

Македонија14 минути

15-годишен битолчанец спаси тричлено семејство од давење во Грција

Петнаесетгодишниот Михаил Николовски од Битола помогнал да се спаси тричлено семејство од Бугарија кое се нашло во опасност во морето...

Спорт16 минути

НБА сака да ја преземе Евролигата

НБА е подготвена да ја купи и преземе Евролигата. Потенцијалната понуда на НБА за купување на Евролигата би можела да...

Свет36 минути

Германија би можела да му достави на Киев податоци за Украинците способни за воена служба

Германија би можела да ѝ достави на Украина податоци за украинските мажи кои живеат во земјата и се способни за...

Свет42 минути

Кина воведува построги правила за вештачката интелигенција и авторските права

Кина планира да ги заостри и приспособи прописите за заштита на интелектуалната сопственост поврзани со вештачката интелигенција и алгоритмите, како...

Македонија54 минути

„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики

Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за...

Македонија60 минути

Тошковски во посета на Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово,...

Македонија1 час

За три години ќе биде пуштен ветерниот парк на „Алказар“

Комбинацијата на одржлив транспорт и зелена транзиција е нешто што Македонија ја прави лидер во регионот, истакна заменик претседателот на...

Македонија1 час

Мицкоски: Инвестицијата на „Алказар“ од околу половина милијарда долари отвора ново енергетско поглавје

Инвестицијата на „Алказар Енерџи Партнерс“ во ветерен парк на подрачјето на општините Радовиш, Штип и Карбинци, кога целосно ќе биде...