Македонија
Арсовска со порака до гласачите: И мене како на вас ми е преку глава од празни ветувања и лаги

Оваа недела вашиот глас одлучува за иднината на Скопје. Одлуката сега е ваша дали нашиот град ќе продолжи да стагнира или ќе се движиме сите заедно напред за чист, организиран и модерен европски град, вели во своето обраќање до јавноста независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.
„Видовме дека некому политичките кариери му се поважни од граѓаните. Видовме силна црна кампања иницирана од градоначалникот во заминување, каде што се вклучи и лично самиот премиер. Видовме срамна црна кампања со лаги, фалсификувани документи, па дури и лични закани кон мене и моето семејство“, нагласи Арсовска посочувајќи дека никој не може да ја сопре промената искажана преку волјата на народот.
На гласачите им порача дека гласот за неа значи не на понижувањата, на досегашните лаги, на неисполнетите ветувања.
„Време е граѓаните да почувствуваат дека живеат во среден град, град што ќе се грижи за скопјани. Јас не сум политичар, јас сум менаџер. Но, пред сѐ, јас сум граѓанин во овој град. И мене како и на вас ми е преку глава од политичари што се грижат повеќе за сопствената политичка кариера отколку за нас граѓаните. И мене како на вас ми е преку глава од празни ветувања и лаги. Верувам дека може подобро и дека заслужуваме подобро“, вели во обраќањето Арсовска, во кое се обврзува дека со напорна работа и посветеност ќе го направи Скопје град во кој сите сакаат да живет и град со кој граѓаните ќе може повторно да се гордеат.
„Скопје ќе има среден сообраќај, бесплатен јавен превоз, чисти улици и заштитени зелени зони. Скопје ќе има функционални јавни услуги, што ќе го одржуваат градот и ќе бидат во служба на граѓаните 24 часа секој ден во неделата. Заедно ќе ја вратиме душата на Скопје и ќе го направиме нашиот град модерен европски град, за поубав живот за сите граѓани“, истакнува кандидатката за градоначалник во крајот на нејзиното обраќање до граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тешка сообраќајка во Чаир: Крв на улицата, еден возач однесен во болница

Тешка сообраќајка се случи вечерва во Чаир, во близина на стадионот. Во несреќата учествувале автомобил марка „фолксваген“ и моторцикл. Според информациите на „Макфакс“ од терен, на асфалтот има траги од крв, а возачот на моторциклот со Брза помош е однесен во болница. На улицата е растечено и масло од моторциклот.
Неофицијално, до несреќата дошло кога автомобилот му го пресекол патот на моторциклот, а тој удрил во левата страна од „фолксвагенот“.
По сообраќајката, на помош притрчале минувачи, кои се обиделе да му помогнат на возачот на моторциклот. Се обиделе да му го спречат крварењето, а го потурале и со вода.
На терен е излезена и полицијата. „Макфакс“ се обрати за детали, кои се најавени за подоцна. Во тек е увид.
Македонија
СДСМ: По сите скандали на Милошоски тој треба да си даде оставка, нема образ да зборува за македонските интереси

Македонија
Спасовски: Заврши времето на двојните стандарди, битката против криминалот не трпи селективност

Во интервјуто за Радио Слободна Европа, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ги коментираше обвинувањата од опозицијата во врска со наводни повластени криминални структури, категоризирајќи ги како комплетни дезинформации кои никако не соодветствуваат со реалноста.
Наведувајќи дека располага со информации за средби на дел од овие криминални структури токму со највисоките претставници на опозицијата, најверојатно поттикнати дека на тој начин ќе може да се помогне во некој друг аспект, тој порача дека овие активности не смеат да бидат со цел да се даде некаква политичка поддршка на било кој криминалец во државата.
Покрај ова, Спасовски истакна дека најголемиот дел од криминалните групи коишто опозицијата ги посочува во своите дезинформации, веќе се наоѓаат на издржување казна затвор и дека станува збор за достапни и лесно проверливи информации, додека за сите други криминални групи кои се занимаваат со рекет, уцени и други криминални активности, борбата интензивно продолжува.
„Не можете во исто време да имате борба против криминалните структури и да заштитувате некого. За тоа сведочат граѓаните, за тоа сведочат и сопствениците на угостителските објекти и оние кои ги посетуваат. Нема никаква селективност, бидејќи битката против криминалот не може да подразбира селективност. Заврши времето на наши и ваши, на заштитени и привилегирани, наспроти сите останати. Заврши времето во кое вие како политичар ќе преговарате за да амнестирате некои свои, кои што имаат криминални активности, визави т.н. „уставобранители“ коишто се во затвор, а за нив нема да гласате во Собранието. Знаете, тие двојни стандарди веќе не поминуваат“, потенцираше министерот Спасовски. Одговарајќи на прашањето до каде е истрагата за неодамнешното убиство на членови на криминални структури во угостителски објект под Кале, министерот Спасовски посочи дека има сериозен напредок во истрагата, со обезбедени добар дел аргументи, факти и докази коишто одат во прилог на целосна разврска на овој случај. „Мотивите се пресметки помеѓу криминални групи или внатре во криминална група и тоа на крај истрагата ќе го покаже и ќе го докаже. И токму тука сме насочени со акцијата ‘Безбеден град’ – да се оневозможи такви криминални структури да ги загрозуваат мирот, стабилноста и јавниот ред и мир на граѓаните. Затоа ќе бидеме уште пожестоки и поинтензивни, а оваа акција во следниот период ќе ја прошириме и по другите градови, бидејќи не сакаме да оставиме простор такви криминални структури да бидат формирани во било кој град во државата“, беше категоричен Спасовски.