Контакт

Македонија

Арсовска со реакција за фотографијата на Ѓорѓиевски, Меџити и Бакиу: Нека ви се честито дивоградбите, важно убаво сте излезени на неа

Објавено пред

Ексградоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, со реакција на социјалните мрежи за заедничката фотографија на кандидатот за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг од изборната трка, со новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и од кандидатот на коалицијата „Вреди“, Башким Бакиу.

„🧱🚧🏗️🧱 + ѓубре. Нека ви се честито дивоградбите. Ликов многу сака да прави нарачки против мене, а не му е јасно дека да организира многу напади врз мене некој што нема намера да работи чесно не е баш паметно. За ѓубрето во Скопје нека се обрати кај претседателката на управниот одбор на ‘Комунална хигиена’, Јулијана Спировска од ВМРО, која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и таа УПРАВУВА со ѓубрето и со КХС веќе 4 години.
Сега ќе го исчистеле за 72 часа. Нормално, дечко, дека ќе го исчистите затоа што од инает го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш, да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ.
ВМРО/ВЛЕН се власт во град Скопје 4 години
ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во советот каде се мнозинство, но не сакаа
ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН не дозволија да има вработени чистачи и управувачи со механизација во Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН со своите членови на Управен одбор 4 години го управуваат Комунална хигиена Скопје
ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат ЈСП
ВМРО/ВЛЕН 4 години ги управуваат СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.
Важно убаво сте излезени на фотографијава“, напиша Арсовска.

Најново

Забава3 минути

(Фото/Видео) Овојпат без сопругот: повторно привлече внимание со длабокото деколте

Пенелопе Круз е вистинска инспирација кога станува збор за елегантна мода, а нејзиното најново појавување ги освои дури и најстрогите...

Европа9 минути

Русија сака да ги обнови преговорите со Украина; Лавров: Имаме што да кажеме

Русија е подготвена да ги продолжи преговорите за војната во Украина, изјави во вторникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Спорт25 минути

(Видео) Димитриевски одличен, Валенсија прв пат победи во новата сезона

Фудбалерите на Валенсија победија како гости кај Алавес со 1:0 во натпреварот од шестото коло на Шпанското првенство. За тимот...

Спорт38 минути

Хамес Родригез се повлече од националниот тим

Хамес Родригез одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера на 35-годишна возраст. Долгогодишниот капитен на Колумбија ја објави одлуката во...

Европа56 минути

Лукашенко сака да си ги врати парите: за возврат, САД бараат ослободување на затворениците

Белорускиот претседател Александар Лукашенко доби ветување од САД дека Вашингтон ќе побара од американските банки да одмрзнат десетици милиони евра...

Македонија1 час

Апасиев ја објави отфрлената пријава за закана: „Да собираме пари за погреб на Апасиев“, „смрт“, „бензин и кибрит“ за Обвинителството биле политички говор

Претседателот на Левица и пратеник Димитар Апасиев објави дел од списите од предмет во кој, како што наведува, пријавил повеќе...

Европа1 час

Уште 327 милиони евра за Украина: Холандија помага во обновата на инфраструктурата

Холандија најави дека ќе издвои дополнителни 327 милиони евра за обнова и закрепнување на Украина во периодот од 2027 до...

Забава1 час

(Фото) Ниту Кејт Мидлтон не може да ѝ парира: Амал Клуни го одзема здивот во впечатлив костум

Амал Клуни продолжува да плени со елегантни модни изданија, постојано одржувајќи го највисокиот стандард на стил. Адвокатката за човекови права...

Забава2 часа

(Фото/Видео) Овој пат, таа добро ги сокри интимните делови, но покажа нов имиџ

Зендаја зачува посебен фустан – покриен со ситни кристали и светки – како и нова фризура за церемонијата на доделување...