Контакт

Македонија

Арсовски: Ако не е местен тендерот тогаш зошто истата фирма која ја направила реконструкцијата потоа и го добила

Објавено пред

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, и денеска упати обвинувања за случајот со, како што тврди, скандалозниот наместен тендер во ЈП „Водовод“.

Тој повторно ги обвини градоначалникот Петре Шилегов и директорот на „Водовод“, Душко Весковски, дека со фирмата КБК „Инженеринг“ претходно бил договорен тендерот за реконтрукција на улицата Варшавска.

„Фирмата ја извршила работата, па дури потоа го добила тендерот. Се работи за испумпување на 300.000 евра народни пари, пари на скопјани“, тврди Арсовски.

Тој денеска пред новинарите рече дека реконструкција на иста улица по пропорции во 2017 година во времето на ВМРО-ДПМНЕ, би чинела поевтино, односно 5.498.174 денари би била во 2017, а сега е 14.066.921 денар или за 2 ипол пати повеќе.

„На пример, геодетските работи, односно обележување на ров во 2017 година ако чинело 19.34 денари за еден метар, сега во време на СДСМ чини 168.85 денари или за 8.7 пати поскап. Втор пример, земјани работи, односно рачен ископ на за откривање на главна водоводна мрежа, ако во 2017  година чинел 250.55 денари по м2, сега чини 797,36 денари по м2 или 3.2 пати повеќе. Машински ископ на земја во тесен обем на ров од 0-2м ако во 2017 година чинело 100.23 денари по м3, сега во 2021 година чини 276.73 денари по м3 или 2.8 пати повеќе. Рачен ископ на земја во тесен обем со длабочина на ров од 0-2м во 2017 година чинело 250.56 денари, а сега чини 478.41 денари за м3 или дури 2 пати поскапо е сега. Замислете потпирање на ров под слаб притисок ако чинело 1.61 ден за м2 во 2017 година, сега чини 140.71 денари за м2 или 87.7 пати повеќе, додека, пак, за потпирање во услови во јак притисок ако чинело 2.36 денари за м2 во 2017 година, сега чини 168.85 денари или 71.7 пати повеќе. Неверојатно“, истакна Арсовски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат одговорност, порачувајќи институциите што поскоро да постапат согласно документацијата.

Македонија

Арсовска со стопанствениците: Достапни општински служби и подобра инфраструктура

Објавено пред

Добро ми се познати проблемите и пречките со кои се соочувате при водењето на вашите фирми. Ако некој ве разбира, тоа сум јас и ќе се борам за вашите интереси како да сум дел од фирмата затоа што знам колку е тешко во денешни услови и во град, каков што е моментно Скопје, да се работи, да се води фирма и да се обезбеди егзистенција за вработените, истакна кандидатката за градоначалничка на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, на денешната средба со сопственици на индустриски објекти во општина Аеродром.

„За секој проблем има решение и начин како фирмата да продолжи да расте и да се развива. Едно такво решение е 24 часа достапна општинска канцеларија за сите ваши потреби, да завршувате работа без губење време и непотребни чекања. Како што им помагав на сите фирми волонтерски што ги водев, така ќе продолжам и понатаму затоа што ги знам и разбирам сите овие работи и како градоначалник на Скопје нема да дозволам да не можете да завршите работа за вашите фирми“, им порача Арсовска на стопанствениците.

„Потребни се добри сообраќајни решенија, не можеме да стигнеме до тука, се прават недогледни колони и метеж насекаде, автобускиот превоз што ги носи вработени е спор и нередовен. Сето тоа се одразува врз нашата работа и врз функционирањето на фирмите“, ги истакнаа стопанствениците своите проблеми.

Уште додадоа дека нефункционална инфраструктура, лошата патна поврзаност со другите делови на градот, комуникациските врски, се клучните точки поради кои последици трпат малите и средните фирми. Тие се пожалија дека нема осветление на улиците и покрај тоа што плаќаат иста комунална такса како и сите, а и не се чисти доволно.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре сончево време

Објавено пред

Утре наутро во одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена, а кон крајот на денот со зголемена облачност, информира УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

И в сабота ќе се задржи релативно топло време, во котлините и речните долини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Во попладневните часови ќе има повремен дожд, претежно во северните делови, а слаб локален дожд ќе има и в недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен северен ветер, а дневната температура од недела ќе биде пониска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Објавено пред

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за здравство.

Направени се 3.073 тестирања, а регистрирани сe 201 оздравен пациент.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 од Скопје (83, 80, 78 и 66), 3 од Куманово (93, 69 и 48), 2 од Прилеп (79 и 35) и по едно починато лице од Струмица (67) и Радовиш (79). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 3 починати лица со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и од Гевгелија на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија7 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ8 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија10 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија11 час

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа12 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија14 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ15 часа

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет15 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет16 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет16 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија1 ден

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет1 ден

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ1 ден

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија1 ден

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија1 ден

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 ден

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Досие