Контакт

Македонија

Арсовски: Македонија е лидер во корупција, неопходни се предвремени избори

Објавено пред

Владата на СДСМ, конечно, може да се пофали дека е лидер во нешто. За жал, Владата на СДСМ ја направи Република Македонија лидер на Балканот и во Европа во корупција, изјави Димче Арсовски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

„Република Македонија и официјално според извештајот на ‘Траспаренси интернешнл’ за 2018 година е лидер на Балканот и во Европа во корупција заедно со Косово и Албанија. Република Македонија е најкорумпираната држава на Балканот и го дели 93. место заедно со Косово. Република Македонија е најкорумпирана држава во Европа. Замислете, пред нас се сите балкански земји – Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Црна Гора – сите“, рече Арсовски.

Тој додаде дека пред нас се држави од типот на Свазиленд, Лесото, Буркина Фасо, Намибија, Руанда и многу други африкански држави.

„Со должна почит кон овие африкански држави, но Зоран Заев ја спушти Република Македонија пониско и од нивото на Африка. За жал, со ова гледаме дека Македонија не е само најкорумпирана во Европа, туку е и меѓу најкорумпираните држави во Африка. А впрочем како нема да биде најкорумпирана кога оваа Влада на СДСМ ја однесе дома и ја подели на своите најблиски целата држава и сите парите на граѓаните“, истакна Арсовски.

Во таа насока, нема тендер, а да не го добие некој од СДСМ или некој од фамилијата на Зоран Заев, рече Арсовски и додаде дека причина за предвремени избори е тоа што има криминални иновации, криминални и крвави тендери, концесии за марихуани, тендери на вицепремиери, вакцини со поминат рок, набавка на бифтеци и луксузни возила, прислушување обвинители и судии и многу други афери што граѓаните секојдневно ги гледаат.

„Зоран Заев треба да прифати предвремени парламентарни избори и Зоран Заев да си даде оставка од функцијата за да почне процесот на формирање техничка влада и, конечно, да се одржат предвремените парламентарни избори од кои бега СДСМ за тој да биде поразен заедно со СДСМ и испратен во историјата“,  заклучи Арсовски.

Македонија

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Објавено пред

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Тој нагласи дека четворица од пациентите се во исклучително тешка состојба, со голем степен на изгореници и се наоѓаат во животна опасност.

„Од четворицата хоспитализирани, двајца мажи на 60 годишна возраст се наоѓаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. На одделот за Интензивна нега на клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување се примени две жени на возраст од 40 и 45 години.

Од тројцата пациенти во „Св. Наум Охридски-Скопје“ една од повредените е жена на 40-тина години и е во одделот за интензивна нега, а на 20 годишна пациентка, која е бремена, и` се вршат дополнителни испитувања.

Во Старата Градска болница е примено и дете со мал процент изгореници“ изјави Филипче.

Прикажи повеќе...

Македонија

Димитров во Солун на конференција на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан

Објавено пред

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Солун, ќе учествува на конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан „Од Солун до Загреб”, на покана на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас.

На конференцијата, поканетите Министри за надворешни работи од регионот на Западен Балкан и од земји членки на ЕУ, кои граничат со Регионот, како и претставници на ЕУ институции, ќе имаат можност да разменат мислења околу предизвиците и перспективите за унапредување на европската интеграција на Западниот Балкан.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Прилеп-Македонски Брод

Објавено пред

Од 14:00 часот сообраќајот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај м.в. Црква е нормализиран, соопшти АМСМ.

Претходно, поради јавен собир на жителите на Суводол, патот беше блокиран.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа11 час

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет13 часа

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа14 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија15 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ17 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет18 часа

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт18 часа

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија19 часа

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ19 часа

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет20 часа

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет20 часа

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет21 час

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Топ2 дена

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ2 дена

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа2 дена

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ2 дена

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа2 дена

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет2 дена

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија3 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Досие