Контакт

Македонија

Арсовски: Сè е подготвено за пописот

Објавено пред

Сè е подготвено за почнување на теренското попишување на 5 септември, населението со доверба ќе ги прими попишувачите, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

Информира дека во сите комисии на 50-те пописни реони завршија обуките на реонските инструктори и потоа и на реонските попишувачи.

„Во деновите до недела, кога во 8 часот утрото попишувачите ќе излезат на терен, ќе се вршат дополнителни обуки, но и обиколка на пописните кругови со кои се задолжени попишувачите. До недела секој попишувач заедно со својот реонски инструктор ќе направи и план на движење низ пописниот круг, а сè со цел ниту еден објект ниту едно домаќинство да не остане неопфатено“, рече Арсовски.

Изјави дека е сигурен оти населението со доверба ќе ги прими попишувачите и ќе ги даде потребните податоци, кои, според него, ќе овозможат подобра иднина за сите нас и за земјата во целина.

Македонија

СДСМ: Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира сѐ што е во интерес на граѓаните и на државата

Објавено пред

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници. Со овој Закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот.

Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта прави сѐ за да дефокусира од трагедијата во Тетово

Објавено пред

„Власта на СДСМ и ДУИ на секаков начин сакаат да ја забошотат трагедијата во тетовската модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти и да ја дефокусираат јавноста од оваа тема. Затоа излегуваат наводно бугарски нон -пејпери, затоа се пуштаат аудио материјали, затоа отвораат прашања за кои имале години наназад да ги решат, на крајот затоа Заев дава и анационални и антидржавни изјави со кои ги навредува историјата и идентитетот.

Буквално оваа власт е подготвена на се, само да не понесе одговорност.

А причини, поради кои Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ треба да понесат одговорност, има многу.

Модуларната болница била градена според тендерска постапка на министерството за здравство, со спецификација за материјали, кои видовме како изгореа за неколку минути. Ниту имало апарати за гаснење пожар, ниту имало систем за рана детекција, ниту пак имало надзор на изградбата на објектот.

Фактот што Филипче и другите одговорни не понесуваат морална одговорност и оставки остава огромен сомнеж дека тие по секоја цена се задржуваат на функција за да може да прикријат нешто или да влијаат врз истрагата. Тие може да бегаат, но нема да избегаат. Правдата и одговорноста ќе стаса.“

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

Гутереш и Пендаровски разговараа за Преспанскиот договор и бугарското вето

Објавено пред

Средба на претседателот Пендаровски со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На средбата беа разменети мислења за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на Обединетите нации, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните прашања.

Во тој контекст, генералниот секретар Гутереш оддаде признание за покажаната солидарност од страна на Република Северна Македонија со вклучувањето во глобалната хуманитарна акција за привремено прифаќање на граѓани од Авганистан.

На средбата беше истакната важноста на Преспанскиот договор, склучен под покровителство на Обединетите нации, како пример дека и најкомлексните отворени прашања може да се разрешат доколку за тоа постои политичка волја и силно лидерство.

Двајцата соговорници разменија мислења и информации за актуелната состојба во однос на европската перспектива на државата, вклучувајќи го отвореното прашање со Република Бугарија. Двајцата соговорници констатираа дека деблокадата на евроинтегративниот процес е од интерес за стабилноста и просперитетот на регионот и на Европа во целина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Гутереш и Пендаровски разговараа за Преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет1 час

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија13 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет14 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ17 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија19 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија21 час

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет21 час

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа22 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет1 ден

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија2 дена

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија2 дена

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион2 дена

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Досие