Контакт

Македонија

Артан Етеми, економскиот директор на тетовската болница, се повлече од функцијата

Објавено пред

Артан Етеми, економскиот директор на болницата во Тетово, на социјалните мрежи огласи дека поради морални причини и последиците од пожарот се повлекува од функцијата. Неговата оставка доаѓа набргу по оставката на директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими.

„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав, извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин“, напиша Етеми.

„Јас верувам на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настана трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца. Ја споделувам болката со роднините на жртвите“, порачува Етеми во својата порака на социјалните мрежи.

Македонија

Средба Џафери-Никола, позитивно оценет Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија и Албанија

Објавено пред

За време на Европската конференција на претседатели на парламенти, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и новоизбраната претседателка на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, остварија протоколарна средба.

Честитајќи и за изборот на функцијата, Џафери изрази надеж дека одличната парламентарна соработка ќе продолжи да се развива и унапредува и во наредниот период. Во продолжение на разговорот, соговорниците разменија информации за актуелните случувања во двете земји, при што, Џафери информираше за процесот на локалните избори, за кои рече дека се спроведуваат според највисоките меѓународни стандарди и изрази уверување дека во иста фер, мирна и демократска атмосфера ќе помине и претстојниот втор круг на 31 октомври.

Двајцата претседатели се осврнаа и го поздравија позитивниот извештај на Европската комисија за напредокот на двете држави за 2021 година, презентиран минатата недела од страна на комесарот за проширување , Оливер Вархеји, пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент.

На крајот на средбата, Џафери упати покана до новоизбраната претседателка Никола да ја посети Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Нелоски: Како Шилегов со чиновничка плата успеал да стигне до четири стана, две куќи, злато?

Објавено пред

Шилегов сака да зборува за неговата имотна состојба. Тогаш ајде да зборуваме јавно, рече на денешната прес-конференција Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов како градоначалник на градот Скопје пријавил дека поседува: Стан од 68 квадрати во Скопје, втор стан од 64 квадрати исто така во Скопје, потоа трет стан од 72 квадрати исто во Скопје, четврт стан од 87 метри квадратни исто така во Скопје. Една куќа во Тафталиџе од 306 квадратни метри во којашто деновиве гледаме дека се прави и лифт, втора куќа во Маврово од околу 300 квадрати, 8 милиони денари златен накит, 3 милиони денари уметнички слики, хартии од вредности“, посочи Нелоски.

Главното прашање, како што рече, е како Петре Шилегов со чиновничка плата успеал да стигне до четири стана, две куќи, злато и уметнички слики вредни неколку стотици илјади евра.

„Како Петре Шилегов како градоначалник успеа да гради зграда среде Скопје дивоградба и со, се разбира, неоткупено дворно место? Како Шилегов има вилает од 300 квадратни метри на два ката во Маврово додека е градоначалник на Скопје? Потоа како успеа да купи автомобили од марката ‘ауди’ и да не ги пријави во имотниот лист? Ова се прашањата кои даваат одговор на дилемата колку Петре Шилегов е чесен“, истакна Нелоски.

Го повика јавно да каже кои се компаниите кои во овој момент му ја градат зградата во Скопје и јавно да објави документ дека тој лично им платил.

„На само два дена пред изборите Шилегов склучил договор во четири очи со 3 кафеани за услуги од над 30 илјади евра. На Шилегов сите знаеме дека приоритет му се кафеаните, наместо Скопје. Објаснувањето на Шилегов дека тоа преставувало континуитет во неговото работење е нешто за коешто единствено не излажа. Ние се согласуваме со тоа. Шилегов од кафеана не е излезен, за тоа за жал го плаќаат граѓаните, додека како градоначалник на градот Скопје назадува“, истакна Нелоски.

Според него, Шилегов треба да одговори на каков начин стигнал со чиновничка плата до 4 стана, 2 куќи, и злато и слики вредни неколку стотици илјади евра.

Прикажи повеќе...

Македонија

Села на средба со Мицкоски- потврдена заемна поддршка во вториот круг

Објавено пред

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во просториите на Собранието на Република Северна Македонија, се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори.

На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг, информираат од Алијанса за Албанците.

Известуваат дека коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и дека работат заедно на создавање ново парламентарно мнозинство во, како што наведуваат, многу краток период.

„И покрај манипулациите, притисоците, купувањето гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво“, потенцираат во соопштението од оваа партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија3 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа4 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија5 часа

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ7 часа

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет7 часа

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет7 часа

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет7 часа

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија18 часа

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет21 час

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија22 часа

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија23 часа

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ24 часа

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија1 ден

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија1 ден

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија1 ден

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Свет1 ден

Во Израел откриена мутација на делта-сојот од коронавирус, момче сместено во карантин

Израел го потврди првиот случај со мутација на делта-сојот на коронавирус, кој претходно беше откриен во некои европски земји, објави...

Македонија1 ден

Со една доза вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст

Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18-годишна возраст. Кај...

Македонија1 ден

Пендаровски: Извештајот на ЕК претставува објективна слика за состојбите во државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба шефот на делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир, кој му го предаде извештајот...

Македонија1 ден

До ДИК поднесени 13 приговори за изборните резултати

До Државната изборна комисија се поднесени 13 приговори за постапката за гласање и за постапката за сумирање и утврдување на...

Досие