Контакт

Македонија

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Објавено пред

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и забавните игри кои предвидуваат дислоцирање на просториите во кои се приредуваат игрите на среќа на растојание од најмалку 500 метри воздушна линија од училиштата, факултетите, универзитетите, институтите, библиотеките, детските градинки, домовите за згрижување деца без родители и сл.

АСОМ смета дека измените на законот би значеле целосно затворање на сите обложувалници на територијата на целата држава.

„Ова мора да е кристално јасно и сакам сите добро да го знаат. Иако де јуре законот не предвидува затворање, де факто ќе се случи буквално бришење на цела една стопанска гранка и преку ноќ 7700 луѓе ќе останат без работа“, потенцираше претседателот на АСОМ, Васко Илиески, во обраќањето и додаде дека ова предлог решение ќе го поттикне нелегалното кладење, а индустријата од регулирана ќе премине во нерегулирана и ќе го отвори патот на „црниот пазар“.

Илиески нагласи дека согласно постоечкиот Закон, прашањето за забрана за учество на малолетни лица во игрите на среќа и забрана за влез во просториите во кои се приредуваат игри на среќа е целосно регулирано.

„Обложувалниците целосно го почитуваат овој закон и најстрого внимаваме да нема никакви прекршувања. Ние немаме никаков интерес во нашите објекти да влегуваат лица помали до 18 години и доследно го спроведуваме Законот. Како Асоцијација сме подготвени да прифатиме и построга контрола, построга регулација и казни за прекршување на овој закон“, истакна Илиески.

На денешната расправа, на покана на АСОМ присуствуваше Зоран Пухач, генерален секретар на Европската организација на игрите на среќа (EOGL) со седиште во Брисел која ги претставува европските играчи и обложувалници, лиценцирани и регулирани со правото на ЕУ, чија примарна цел е промовирање на безбедна и сигурна средина во игрита на среќа, заштита на малолетниците, обука на вработените за препознавање на зависност од игрите на среќа и др.

„За 11 години интензивно следење на проблемот со одговорното обложување во Европа и во светот, не најдов ниту едно релевантно истражување кое на било кој начин би ја поврзала оддалеченоста на објектите за игри на среќа со било каков вид на патолошко однесување. Законите на развиените земји немаат таков вид ограничувања, бидејќи веќе одамна утврдиле дека растојанието не е поврзано со учеството на малолетни лица во игрите на среќа. Сите современи решенија одат кон целосна забрана за пристап и учество за малолетници со санкционирање на прекршителите“, истакна Пухач.

Тој потенцира дека земјите кои воведоа забрана на игрите на среќа, придонесоа кон создавање црн пазар.

Во однос на предложеното растојание, Пухач истакна дека во Република Северна Македонија како мала земја, 500 метри растојание од установи каде се врши воспитно-образовна дејнност би значело затворање на сите приредувачи на игрите на среќа, што ќе го отвори патот на нелегалното кладење и црниот пазар, што ќе предизвика бројни негативности.

Пухач дополнително образложи дека ако се создаде „црн пазар“ државата ќе ги загуби милионите кои се влеваат во нејзиниот буџет по основ на сите давачки од индустријата на игрите на среќа. Тоа ќе значи дека, и организациите како Агенцијата за спорт и млади во случајот на РСМ, и други социјални организации кои се финансираат од државниот буџет ќе останат без значителен дел од приходот, а она што е најалармантно е дека голем број граѓани- вработени во областа ќе останат без работа.

„Со своето работење индустријата на игри на среќа придонесува со една четвртина милијарди евра во буџетот на државата. Mинатата година, државниот и локалните буџети од индустријата на игри на среќа оствариле 253 милиони евра. Од тоа, 135 милиони евра од директни приходи и 118 милиони евра, благодарение на индиректните приходи од ДДВ, локални такси, придонеси и даноци за плати, закуп на деловен простор. За плати за своите вработени, компаниите приредувачи на игри на среќа издвоиле околу 32 милиони евра, а државата на име на даноци инкасирала 11 милиони евра. Овие податоци споредени со 2017 година покажуваат дека придонесот на индустријата на игри на среќа во јавниот буџет во 2018 година е зголемен за неверојатни 41%“, велат од АСОМ.

Македонија

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Објавено пред

Пакети со хигиенски влошки ќе бидат поделени на жени и девојчиња од сирамошни семејства кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“. Наташа Дуковска од невладината организација “Новинари за човекови права“ која ја организираше акцијата, ја повика бизнис заедницата да помогне со тоа што секој месец ќе одвојува 1% од својот профит во хигиенски влошки за социјално-загрозените девојчиња, чии родители не можат да си дозволат да им купат средства за менструална хигиена.

„Загрижувачки е фактот дека овие жени и девојчиња наместо влошки, користат стари весници или стари крпи. Не можеме да си дозволиме во 21 век, да постои ваква појава. Преку денешната акција и преку проектот сакаме да ја подигнеме свеста не само кај граѓаните, туку и кај бизнисмените да донираат не во пари, туку во хигиенски влошки за социјално загрозените жени. Идејата е овој проект да биде одржлив и секој месец се до 2023 ,да им се донираат пакети на девојчињата кои се во образовниот процес, да го поминат менструалниот период достоинствено и без проблеми“, рече Дуковска.

Според истражувањата на оваа организација, дури 90% од девојчињата од руралните средини за време на менструлниот период не одат на училиште, затоа што немаат средства за одржување на хигиена.

„Едукацијата е идината на сите наши деца и не би требало девојчињата да оттсуствуваат од училиште поради хигинески потреби во 21-от век. Среќни сме што сме дел од овој проект кој ќе помогне децата да не срамат и достоинствено да одат во училиште“, рече амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј, која даде поддршка во проектот за едукација и донација на средства за менструална хигиена.

Акција како што вели кординаторката на проектот Наташа Дуковска следи по истражувањето кое покажало дека 15% од 400 илјади жени во репродуктивениот период, немаат пари да си купат влошки.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Објавено пред

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени и за прочистување на Избирачкиот список, изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Централниот регистар на населението денеска беше пуштен во употреба, а овозможува собирање податоци за физички лица и нивно користење од страна на надлежните институции за потребите на нивните управни постапки. Регистарот им овозможува на институциите што работат со личните податоци на граѓаните тука да ги најдат најновите и најпрецизни податоци за граѓаните, без потреба од рачно одржување и ажурирање.

„Регистарот на населението содржи податоци што се унифицирани, верифицирани, стандардизирани и валидизирани. На овој начин, со пуштање во употреба на Регистарот, граѓаните конечно нема да се соочуваат со проблемот на различни податоци во разни институции и дата-бази“, истакна министерот Манчевски.

Тој рече дека Регистарот на граѓаните ќе биде основа за креирање единствен електронски број на граѓанинот. Понатаму, овој број ќе биде клучен за системите кога граѓанинот ќе побара услуга од институциите. Секој граѓанин, рече Манчевски, има право да ги знае своите лични податоци содржани во Регистарот.

Манчевски рече дека МИОА воведува нова услуга со која секој може да провери кои податоци се запишани во него.

„Секој граѓанин има право да знае кој ги користи неговите лични податоци. МИОА воведува нова услуга со која секој може да побара информација за тоа која институција, кога и поради која причина ги користела податоците од Регистарот за граѓанинот. Понатаму, Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени и за прочистување на Избирачкиот список“, рече Манчевски.

Министерот Манчевски даде осврт и на целиот процес на дигитализација на јавната администрација.

„Регистарот на населението е основата без која дигитализацијата на јавната администрација беше невозможна. Податоците впишани тука се дел од националниот портал за е-услуги, кој исто така многу бргу ќе биде пуштен во употреба. Сè што досега беше синоним за досадни, долги, фрустрирачки редови на чекање, од следниот месец ќе почнува постепено да биде заменето со неколку кликови на порталот за е-услуги, и тоа од вашиот компјутер или мобилен. Реформата на јавната администрација со цел обезбедување побрзи и поквалитетни услуги на граѓаните може да се реализира само со помош на дигитализацијата. Од денеска можам со задоволство да кажам дека тој процес е конечно во фаза на континуирана реализација и имплементација“, заклучи министерот Манчевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Објавено пред

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска натаму трите институции за згрижување деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно-социјални проблеми и деца со интензивна потреба од поддршка и рехабилитација, обезбедуваат индивидуална грижа во мали групни домови, во топла средина што личи на семејната.

„Од денеска сивиот дом на нашиот социјален систем замина во историјата. Со интензивна стручна поддршка и 24-часовен надзор ќе им помогнеме на децата што на рана возраст дошле во судир со законот, да зајакнат и да се развијат во идни активни граѓани кои учествуваат во заедницата. Реинтеграцијата на децата е нашата цел – во иднина да имаме примери на успешни млади кои го оформуваат образованието и стекнуваат позитивни животни вештини“, истакна Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.

„Домот е место во кое секој треба да чувствува припадност и сигурност. Ова се однесува за сите деца, но особено за децата со комплексни емотивни потреби кои најчесто застрануваат од патот поради недостиг од поддршка во семејството и заедницата. Без оглед на тоа колку добро е опремена или колку се квалитетни вработените, една институција не може да ја замени љубовта и поддршката што постои во семејното опкружување. Денес, правиме уште еден важен чекор кон ставање крај на сместувањето деца во институции, но трансформацијата во работата на ‘Ранка Милановиќ’ само што почна и ќе бара континуирана посветеност и инвестиции за секое дете да има можност да се справи со негативните искуства и да го развие својот целосен потенцијал“, рече Елспет Ериксон, заменик-претставник на УНИЦЕФ.

„Нашата служба за деца со социјално-воспитни проблеми повеќе од една година згрижува над 25 деца во пет групни дома. Децата редовно одат на училиште, бегствата се драстично намалени, се вклучуваат во креативни работилници, организираат изложби и немаат судир со законот, што порано беше секојдневие. Тоа нè уверува дека и во овие нови групни домови за децата со нарушено поведение, ќе обезбедиме грижа, поддршка и стручна работа, што ќе им помогне на децата да се развијат во креативни и исполнети личности“, изјави Виолета Масевска-Палиќ, директорка на Јавната установа за згрижување деца со социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение „25 Мај“.

Во изминатите две години отворивме вкупно 20 мали групни дома за деца и уште три за возрасни, а бројот на лица долгорочно згрижени во институциите го намаливме повеќе од една третина.

„Во летото 2017 најавивме дека нема да има повеќе деца до тригодишна возраст згрижени во институции до крајот на 2020 година. Многумина беа скептични. Тогаш во шесте социјални институции во земјата беа сместени 180 деца до 18-годишна возраст. По малку повеќе од две години, денеска во институциите имаме уште 5 деца до 18-годишна возраст. Со увереност може да најавам дека до крајот на годината, ниту едно дете под 18-годишна возраст нема да биде сместено во институција во Северна Македонија. Бидејќи секое дете заслужува грижа и топол дом“, дополни Царовска.

Со трансформацијата на институциите се отворија и нови работни места. Со вложување во нови вработувања и во развој на човечките ресурси, обезбедуваме вистински квалитет на грижата, додава министерката.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки ќе бидат поделени на жени и девојчиња од сирамошни семејства кои граѓаните ги донираа денеска на...

Македонија2 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија2 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ3 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија3 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ4 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија4 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа4 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија5 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа6 часа

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион7 часа

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Свет7 часа

Турција нема да прогласи прекин на огнот на северот на Сирија

Турција нема да прогласи прекин на огнот во северна Сирија и нема да преговара со курдските борци, рече портпаролот на...

Европа8 часа

(Видео) Немири во Барселона, протестите не стивнуваат

Нови немири се случија синоќа во Барселона, кога се судрија демонстрантите и полицијата на третиот ден од протестите против пресудите...

Македонија18 часа

Заев и Туск очекуваат да се изнајде решение за почеток на преговорите

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на...

Македонија20 часа

(Видео) Макрон: Ни треба малку повеќе време за позитивни сигнали кон Скопје и Тирана

По завршувањето на француско-германскиот совет на министри одржан во Тулуз, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа...

Македонија22 часа

(Видео) Заев до европските лидери: Бидете наши херои, не гасете ја ѕвездата кон која се стремиме

Премиерот Зоран Заев попладнево е во Брисел, каде што заедно со еврокомесарот Јоханес Хан одржа прес-конференција во обид да издејствува...

Европа23 часа

Карл Билд: Ветото на Франција би значело колапс за кредибилитетот на ЕУ на Балканот

Шведскиот политичар Карл Билд на „Твитер“ порача дека ЕУ се соочува со можноста за пропаѓање на целиот нејзин кредибилитет на...

Македонија1 ден

АВМУ: Досега не е побарана промена на сопственоста на „1ТВ“

„1ТВ“ досега нема побарано да се изврши промена на сопственоста, соопшти Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги. Од таму појаснуваат...

Македонија1 ден

Велика Британија го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Велика Британија денеска го ратификува протоколот за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО. Британскиот министер за надворешни работи, Доминик...

Македонија1 ден

Заев: Ако нема одлука за датум, Владата може да падне

Понатамошно одлагање за добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на Владата, рекол премирот...

Досие